Мајкл Вудс (велосипедист)
Вудс на Трката околу Алберта 2015 | |||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Мајкл Вудс | ||||||||||||||
Прекар | Расти (Rusty) | ||||||||||||||
Роден | 12 октомври 1986 Отава, Канада | ||||||||||||||
Висина | 1,75 м | ||||||||||||||
Маса | 64 кг[1] | ||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||
Мом. клуб | ЕФ Едукејшн-ИзиПост | ||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за искачување | ||||||||||||||
Аматерски клубови | |||||||||||||||
2012 | Стивенс Рејсинг | ||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||
2013 01.2014-06.2014 07.2014-12.2014 2015 2016- | Гарно-Кебекор Аморе & Вита-Селе СМП 5-Ауар Енерџи Оптум–Кели Бенефит Стратеџис Канондејл-Драпак | ||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
| |||||||||||||||
Последна промена 17 мај 2020 |
Мајкл Вудс (англиски: Michael Woods; р. 12 октомври 1986 во Отава) — канадски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ЕФ Едукејшн-ИзиПост.[2]
Кариера
[уреди | уреди извор]Атлетика
[уреди | уреди извор]Прв спорт на Вудс бил хокејот на мраз и неговата детска амбиција била да игра како лево крило за Торонто мејпл лифс.[1] Пред да стане велосипедист, Вудс бил ветувачки тркач на средна далечина, поставувајќи национални јуниорски рекорд на една милја и 3000 метри во 2005 година, а во 2005 година го освоил и златниот медал на 1500 метри на Панамериканското јуниорско атлетско првенство.[3] Меѓутоа, се здобил со фрактура на неговото лево стапало, настаната од честите тренинзи и трчање, што го принудило да се повлече од трчањето во 2007 година.[3][4] Вудс бил подложен двапати на операција со цел да го реши проблемот, но без успех. Првично започнал со велосипедизам како тренинг пред пријателите да го натераат да настапи на трки.[3]
Вудс го посетувал Мичигенскиот универзитет со стипендија како атлетски тркач, дипломирајќи во 2008 година.[3]
Велосипедизам
[уреди | уреди извор]Вудс започнал со велосипедизам професионално со Тим Кебекор Гарно во 2013 година.[5]
На 20 август 2015 година било објавено дека Вудс ќе се приклучи на Канондејл-Гармин за сезоната 2016.[6]
Во 2016 бил официјален дел од канадската делегација на Летните олимписки игри.[7] Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017.[8] Завршил на 38. место на Џиро 2017, негова прва голема трка, освојувајќи две петти места и помагајќи му на колегата Пјер Ролан за победана етапа.[9] Подоцна бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2017, со што ја завршил својата втора голема трка, на седмото место.[10]
Во 2018 година, Вудс го забележал како што самиот го опишал „најдобриот резултат во мојата кариера“, завршувајќи втор на трката Лиеж-Бастоњ-Лиеж.[11] Во септември 2018 година, Вудс ја освоил етапата 17 на Вуелта а Еспања, која завршувала на стрмно искачување.[12] На 30 септември, Вудс завршил трет на Светското друмско првенство во Инсбрук, Австрија; прв Канаѓанец со подиум по Стив Бауер во 1984 година.[13]
Во јули 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2019.[14] Во октомври 2019 година ја освоил најстарата класична трка, 100. издание на Милано-Торино.[15]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2013
- 9. Краен пласман Тур де Бос
- 2014
- 6. Краен пласман Тур де Бос
- 2015
- 1. Класика Луле
- 2. Краен пласман Трка околу Јута
- 1. Етапа 5
- 4. Краен пласман Трка Џила
- 1. Етапа 5
- 10. Краен пласман Трка околу Алберта
- 2016
- 2. Милано-Торино
- 5. Краен пласман Тур Даун Андер
- 2017
- 2. ГП Мигел Индураин
- 7. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 9. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
- 2018
- 1. Етапа 17 Вуелта а Еспања
- 2. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
- 3. Светско друмско првенство
- 4. Џиро дел’Емилија
- 4. Тре Вали Варезине
- 9. Краен пласман Трка околу Јута
- 2019
- 1. Милано-Торино
- 2. Џиро дел’Емилија
- 2. Јапонски куп
- 3. Краен пласман Хералд Сан Тур
- 1. Етапа 2
- 5. Џиро ди Ломбардија
- 5. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
- 6. Краен пласман Волта а Каталуња
- 7. Краен пласман Тур Даун Андер
- 8. ГП Монтреал
- 9. Класика де Сан Себастијан
- 10. Краен пласман Тур де Романди
Распоред на резултатите на етапните трки
[уреди | уреди извор]Распоред на резултатите на големите трки | ||||
---|---|---|---|---|
Голема трка | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
Џиро | — | 38 | 19 | — |
Тур | — | — | — | 32 |
Вуелта | — | 7 | 34 | — |
Распоред на резултатите на етапните трки | ||||
Етапна трка | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
Париз-Ница | — | 54 | — | — |
Тирено-Адријатико | — | — | — | — |
Волта а Каталуња | 18 | 37 | 79 | 6 |
Трка околу Баскија | 53 | 12 | 29 | — |
Тур де Романди | — | — | — | 10 |
Критериум ди Дофине | — | — | — | СО |
Тур де Свис | — | 26 | — | — |
Распоред на резултатите на класиците
[уреди | уреди извор]Монумент | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | — | — | — | — |
Трка околу Фландрија | — | — | — | — |
Париз-Рубе | — | — | — | — |
Лиеж-Бастоњ-Лиеж | — | 9 | 2 | 5 |
Џиро ди Ломбардија | 31 | — | 13 | 5 |
Класик | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
Амстел Голд Рејс | — | — | 20 | 68 |
Флеш Валон | 12 | 11 | 33 | 55 |
Класика де Сан Себастијан | 61 | — | — | 9 |
Гран при Квебек | 27 | — | — | 17 |
Гран при Монтреал | 30 | — | — | 8 |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Вудс, Мајкл (13 октомври 2015). „Michael Woods: Letting the ink dry“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 13 октомври 2015.
- ↑ Бејкон, Елис (1 јануари 2020). „2020 Team Preview: EF Education First“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 2 јануари 2020.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Холдер, Горд (28 август 2013). „Profile: Ottawa's Mike Woods' journey from runner to racing in the Tour of Alberta“. Ottawa Citizen (англиски). Архивирано од изворникот на 2014-03-11. Посетено на 13 април 2015.
- ↑ Малак, Пат (3 март 2015). „Michael Woods: Turning running heartbreak into cycling success“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 13 април 2015.
- ↑ „Canadian cyclist Michael Woods among top 10 at Vuelta“. Посетено на 4 септември 2017.
- ↑ „Cannondale-Garmin announces Mike Woods, former runner-turned-pro-cyclist, to join team in 2016“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2015-12-22. Посетено на 20 август 2015.
- ↑ Тозер, Џејми (29 јуни 2016). „Returning Olympians highlight Canada's cycling team“. www.olympic.ca. Canadian Olympic Committee. Посетено на 29 јуни 2016.
- ↑ „2017: 100th Giro d'Italia: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 2 мај 2017.
- ↑ „A sub-4-minute miler at age 18, Rusty Woods is now lighting up pro cycling at age 30“. Business Insider (англиски). Посетено на 31 мај 2017.
- ↑ http://www.procyclingstats.com/rider/michael-woods
- ↑ Рајан, Бери (22 април 2018). „Jungels wins Liege-Bastogne-Liege“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 22 април 2018.
- ↑ „Vuelta a Espana 2018: Simon Yates maintains overall classification lead“. BBC Sport. Посетено на 12 септември 2018.
- ↑ „Mike Woods achieves rare Canadian cycling feat at road race worlds“. CBC Sports. Посетено на 30 септември 2018.
- ↑ „2019: 106th Tour de France: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 1 јули 2019.
- ↑ „Woods wins Milano-Torino“. cyclingnews.com. Посетено на 9 октомври 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Мајкл Вудс“ на Ризницата ? |
- Не пронајдов URL. Укажете URL овде или ставете го на Викподатоците.
- „Достигнувања на Мајкл Вудс“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Мајкл Вудс“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Мајкл Вудс“. ProCycling.