Нежилово (Кратовско)
Нежилово | |
Воздушен поглед на Нежилово | |
Координати 42°6′54″N 22°13′59″E / 42.11500° СГШ; 22.23306° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Кратово |
Област | Осогово |
Население | 21 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1360 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 14019 |
Надм. вис. | 930-1.300 м м |
Нежилово на општинската карта Атарот на Нежилово во рамките на општината | |
Нежилово на Ризницата |
Нежилово — село во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.
Потекло и значење на името
[уреди | уреди извор]Името на селото првпат е забележано во турски документи од XVI век. Името се поврзува со личното име Нежил (или Нежо), како и другите варијанти Негослав или Негомир.[2]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во североисточниот дел на територијата на Општина Кратово, чиј атар високо се издига на Осоговските Планини и се допира со подрачјето на Општина Крива Паланка и Општина Ранковце.[3] Селото е планинско и раштркано, чии маала се издигаат на надморска височина од 930 до 1.300 метри. Од градот Кратово, селото е оддалечено 6 километри.[3]
Низ селото поминува регионалниот пат 29271 (целосно асфалтиран), кој се двои од регионалниот пат 2232 во непосредна близина на браната на Кнежевското Езеро.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото има средна големина и зафаќа простор од 14,2 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 635 хектари, на пасиштата отпаѓаат 443 хектари, а на обработливите површини 295 хектари.[3]
Во основа, може да се каже дека селото има мешовита земјоделска функција.[3]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Нежилово живееле 260 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Нежилово имало 280 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[6]
Нежилово е мало село, со опаѓање на бројот на населението. Така, Нежилово во 1961 година имало 275 жители, а во 1994 година само 82 жители, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Нежилово живееле 23 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, селото имало население од 21 жител, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 260 | 280 | 294 | 326 | 275 | 221 | 163 | 60 | 50 | 23 | 21 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Кон крајот на XIX век, Нежилово било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.
Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Кратовска градска општина, во која покрај градот Кратово, се наоѓале и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Каврак, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Кратовска градска општина, во која влегувале градот Кратово и селата Близанци, Железница и Нежилово.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 0907 според Државната изборна комисија.[12]
На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[14]
- Ан 2-Бари — средновековна населба;
- Три Кладенец — средновековна топилница за оловна руда;
- Фурна — населба и топилница од римскоот време; и
- Чукар — градиште од доцноантичкото време.
- Цркви[15]
- Црква „Св. Злата Мегленска“ — манастирска црква
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во или по потекло од Нежилово
- Ванче Лековски (1911-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Сандре Крстевски (1924-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Борис Симоновски (1923-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Санде Тоневски (1924-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на селото
-
Поглед на селото
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 108.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 206.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 223.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.130-131.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 1 ноември 2022.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 1 ноември 2022.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2022-11-01. Посетено на 1 ноември 2022.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 186. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|