Прејди на содржината

Ново Село (Леринско)

Координати: 40°39′N 21°39′E / 40.650° СГШ; 21.650° ИГД / 40.650; 21.650
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ново Село
Νέα Κώμη
Ново Село is located in Грција
Ново Село
Ново Село
Местоположба во областа
Врапчин во рамките на Суровичево (општина)<div style="position: absolute; z-index: 2; top: Грешка во изразот: Недостасува операнд за *%; left: -1452.4%; height: 0; width: 0; margin: 0; padding: 0;">
Врапчин
Местоположба на Ново Село во општината Суровичево и областа Западна Македонија
Координати: 40°39′N 21°39′E / 40.650° СГШ; 21.650° ИГД / 40.650; 21.650
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаСуровичево
Општ. единицаЕлевиш
Надм. вис.&10000000000000580000000580 м
Население (1920)
 • ВкупноРастурено во Првата светска војна
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Ново Село, Новоселско, Ветко Ново Село или Горно Новоселско (грчки: Νέα Κώμη, Неја Коми; до 1926 г. Νόβο Σέλο, Ново Село или Νοβοσέλι, Новосели[1]) - раселено село во Егејска Македонија, Република Грција, во општината Суровичево, во областа Западна Македонија. Најверојатно селото било растурено за време на Првата светска војна[2].

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Ново Село е сместено на самиот самиот пат од Суровичево до Кајлари. Селото се наоѓа на надморска висина од 580 м.

Историја

[уреди | уреди извор]

За време на Османлиското Царство оваа населба била чифлигарска сопственост на некој бег. Милоевиќ ја спомнува како Ветко Ново Село.

Селото најверојатно било растурено во текот Првата светска војна[2].

Демографија

[уреди | уреди извор]

Според К’нчов на оваа чифлигарска населба работеле 120 Роми, а Милоевиќ пишува дека селото имало 5 турски куќи. Во пописот од 1920 година не се споменува, а во оној од 1928 година регистрирани се 13 жители, само мажи што укажува дека ова било имот на кој работеле мажи од околните села. Движењето на населениото по години е следното[2]:

  • 1913 - 32 жители
  • 1920 - не се спомнува
  • 1928 - 13 жители (само мажи)
  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Νοβοσέλο --Νέα Κώμη
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. Скопје. стр. 166.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]