Рудник (Леринско)
Рудник Ανάργυροι | |
---|---|
Координати: 40°36.9′N 21°36.42′E / 40.6150° СГШ; 21.60700° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Суровичево |
Општ. единица | Ајтос |
Надм. вис. | 656 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 452 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Рудник (грчки: Ανάργυροι, Анаргири; до 1928 г. Ρούδνικ, Рудник[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 452 жители (2011). Пред Балканските војни Македонците во селото сочинувале мнозинство, додека денес тие се една третина од жителите.[3]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото е сместено во северниот дел на котлината Сариѓол, дваесетина километри југозападно од Суровичево и уште толку северозападно од Кајлари. Лежи на источниот брег на Рудничкото Езеро.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во османлиските дефтери на христијанското население во Леринскиот вилает од 1626/27 г. се вели дека Рудник се состоел од 68 христијански домаќинства.[4]
Во XIX век Рудник било големо македонско-турско село и седиште на Рудничката нахија во Леринската каза. Поради проширувањето Рудничкото Езеро и заблатувањето на површините околу селото, нахиското седиште е преместено во Суровичево и Рудник постепенно опаднал.[3] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Рудник (Roudnik) било село во Џумалиската каза со 100 домаќинства, од кои с 12 жители муслимани и 365 Македонци.[5][6]
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Рудник:
„ | На исток [од Чор] се наоѓа селото Родник со 20 муслимански и 30 македонски куќи. Данокот на првите изнесува 1.800 пијастри, а на вторите — 4.200 пијастри и инание-аскерие од 2.080 пијастри.[7][8] | “ |
Некаде помеѓу 1896 и 1900 г. селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[9] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Рудник имал 160 жители Македонци и 50 жители Турци.[5][10] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 160 Македонци под егзархијата и во него работело бугарско училиште.[5][11] Во овој период Боривое Милоевиќ го посетил селото и попишал 14 македонски и 7 турски куќи.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Рудник се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 32 куќи.[12]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 162 жители кои во 1920 г. се намалиле на 133.[3] Во 1924 г. властите ги иселиле малубројните турски семејства во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место довеле поголем број грчки семејства од Северен Епир во Албанија. Во 1928 г. бил македонско-дојденска населба со 341 жител, од кои 214 лица (60 семејства) биле грчки дојденци.[13] Истата година е преименувано во Анаргири, што значи „Бессребреници“.[14]
Во текот на 1960-тите дел од жителите се преселиле во градот Кајлари.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 475 | 466 | 510 | 352 | 406 | 461 | 498 | 452 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
[уреди | уреди извор]Бидејќи лежи во полето на Сариѓол, селото е доста богато. Се произведуваат големи количества тутун, детелина и жито.[3]
Личности
[уреди | уреди извор]- Киријаз Георгиев — борец во Балканските војни од четата на Пандил Шишков[15]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ρούδνικ -- Ανάργυροι
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 173.
- ↑ Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 333
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 96-97.
- ↑ Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 155.
- ↑ Илюстрация Илинден, 1936, бр.79, стр. 1
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 251.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 26.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 157.
|