Прејди на содржината

Развој на македонската азбука

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонска ракописна азбука.
Македонска фонетика и фонологија
Македонската буква и глас „ѕ“.
Гласови
Писмо
Поврзано

Македонскиот јазик користи кирилична азбука која има долга вековна историја. Развојот на денешната македонска азбука датира уште од појавата на глаголицата, па со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем. До X век македонскиот јазик користел различни други писма, како што е грчкото писмо или некои сè уште недешифрирани писма, но со појавата на глаголицата се стандардизирала писменоста. Така, од X па сè до XIX век, македонскиот јазик (и македонската редакција на старословенскиот) ги користел следните азбуки:

Усовршувањето и приспособувањето на македонскиот пишан систем и постепено поедноставување на црковномакедонското писмо започнало во XIX век со појавата на поедноставната илинденска азбука, која пак довела до оформување на македонската преродбеничка азбука за да на крај се создаде стандардната македонска азбука. Во XX век имало и обид за запишување на македонскиот јазик и со латинична азбука, т.н. македонска абецедарска азбука која не зела широки размери и останала на локално ниво во Егејска Македонија.

Најбогатиот период, во поглед на развојот на стандардната македонска азбука, е периодот на преродбата, поточно од средината на XIX век до почетокот на XX век. Во овој период голем број на македонски интелектуалци вршеле реформи за поедноставување на македонската илинденска азбука и со тоа стандардизирање на македонскиот правопис. Меѓу позначајните личности кои се занимавале со задавање правила и стандардизација на македонскиот графички систем и на македонскиот правопис се: Крсте Петков Мисирков, Ѓорѓија Пулевски, Кузман Шапкарев, Марко Цепенков, Константин Петковиќ, Партенија Зографски, Димитар Македонски, Деспот С. Баџовиќ, Коста Групче, Наум Евро, Темко Попов, Васил Карајовов, Лозарите и други[1]. Развојниот процес на македонската азбука ќе ја разгледаме етапно според авторите.

Ѓорѓија Пулевски

[уреди | уреди извор]
„Тријазичник“

Како еден од најистакнаттите македонисти, Ѓорѓија Пулевски има напишано неколку дела, дел објавени дел во ракопис. Како еден од најраните македонисти, Пулевски користел различни азбуки во различни негови дела. Тоа било како резултат на усовршувањето кое го правел на македонскиот правопис во своите дела. Сепак, во своите дела самиот Пулевски кажува дека во кирилицата има одреден број на букви но не се користат сите за пишување. Така тој наведува колку букви има во јазикот на кој пишува но потенцира со колку букви всушност се пишува. Како образложение наведува дека некои букви се користат во одредени ситуации. Пулевски со воведувањето на букви од рускиот сакал да ги направи своите текстови читливи не само за Македонцитем туку и за околните народи. Поради тоа, покрај македонските букви присутни се и руски и српски. Македонскиот јазик Пулевски го бележел со стандардни знакови низ сите текстови, додека додатните букви во сите азбучни варијации се како резултат на неговата замисла да ги направи текстовите читливи за сите Словени. Така, азбуката која ја користел за македонскиот јазик е:

Големи букви
А Б В Г Д ГЬ Е Ж З И І К Л ЛЬ М Н НЬ О П Р С Т КЬ У Ф Х Ц Ч Џ Ш Ь*
Мали букви
а б в г д гь е ж з и і к л ль м н нь о п р с т кь у ф х ц ч џ ш ь*
* Само за диграфите кь, гь, ль и нь.

Подолу се наведени во вид на азбуки буквите кои се користеле во сите негови дела поединечно. Покрај стандардните македонски букви кои Пулевски ги користел, тој употребувал српски, старословенски и руски букви за да ги направи своите текстови читливи за сите Словени. Македонскиот јазик го бележи со неговите зададени графеми. Азбучните варијанти се следните подолу.

Речник на четири јазика“

[уреди | уреди извор]

„Речникот на четири јазика“ бил објавен во 1873 и напишан со азбуката:

Големи букви
А Б В Г Д Е Ж З И Ј К Л М Н О П Р С Т У Ф Х Ц Ч Џ Ш Ђ Ћ Ь** Й* Ъ* Ы* Ю* Я* Ѣ* Ѳ*
Мали букви
а б в г д е ж з и ј к л м н о п р с т у ф х ц ч џ ш ђ ћ ь** й* ъ* ы* ю** я* ѣ* ѳ*
*Не за македонски јазик. Воведени како букви од рускиот, наменети за разбирање на текстовите за околните народи.
**Користена само за диграфите нь и ль односно њ и љ.

„Речник од три јазика“

[уреди | уреди извор]

„Речникот од три јазика“ бил објавен во 1875 и напишан со азбуката:

Големи букви
А Б В Г Д Е Је Ж З И Ј К Л М Н О П Р С Т У Ф Х Ц Ч Ш Ји Ја Ѳ Ђ Ћ Џ Ју
Мали букви
а б в г д е је ж з и ј к л м н о п р с т у ф х ц ч ш ји ја ѳ ђ ћ џ ју

„Самовила Македонска“

[уреди | уреди извор]

„Самовила Македонска“ била објавена во 1878 во Софија и напишана на азбуката:

Големи букви
А Б В Г Д Е Ж З И Й Ю К Л М Н О П Р С Т У Ф Х Ц Ч Ш Ь Ъ Я Ѣ Ы
Мали букви
а б в г д е ж з и й ю к л м н о п р с т у ф х ц ч ш ь ъ я Ѣ ы

„Македонска песнарка“

[уреди | уреди извор]
Големи букви
А Б В Г Д Е Є Ж З И І К Л М Н О П Р С Т У Ф Х Ц Ч Ш Ь Ъ Ѣ Ы Ю Э Я Џ
Мали букви
а б в г д е є ж з и і к л м н о п р с т у ф х ц ч ш ь ъ ѣ ы ю э я џ

„Слогница речовска“

[уреди | уреди извор]
Големи букви
А Б В Г Д Е Є Ж З И І К Л М Н О П Р С Т У Ф Х Ц Ч Ш Щ Џ Ѳ Ь Ъ Ѣ Ы Ю Ѫ Я
Мали букви
а б в г д е є ж з и і к л м н о п р с т у ф х ц ч ш щ џ ѳ ь ъ ѣ ы ю ѫ я

„Јазичница“

[уреди | уреди извор]
Големи букви
А Б В Г Д Е Є Ж З И І К Л М Н О П Р С Т У Ф Х Ц Ч Ш Щ Ь Ъ Ѣ Ы Ю Ѫ Я Ѳ
Мали букви
а б в г д е є ж з и і к л м н о п р с т у ф х ц ч ш щ ь ъ ѣ ы ю ѫ я ѳ
Забелешка:Иако не ги вклучил, за посебни ги смета и ль, нь, кь, гь и іь односно љ, њ, ќ и ѓ.

„Славјанско-маќедонската општа историја“

[уреди | уреди извор]
Големи букви
А Б В Г Д Е Є Ж З И І К Л М Н О П Р С Т У Ф Х Ц Ч Ш Щ Џ Ћ Ђ Ѳ Ь Ъ Ѣ Я Ы Ю Ѫ
Мали букви
а б в г д е є ж з и і к л м н о п р с т у ф х ц ч ш щ џ ћ ђ ѳ ь ъ ѣ я ы ю ѫ

„Тајниот македонски комитет“

[уреди | уреди извор]

Тајниот македонски комитет бил формиран во Софија во 1886 година составен од македонски истомисленици од поголемите градови од Македонија, но и Македонци од Србија, Романија и Русија. Меѓу најистакнатите членови на комитетот се истакнале Темко Попов, Наум Евро, Коста Групче и Васил Карајовов. Ова македонско здружение има објавено повеќе документи значајни за македонскиот јазик и за македонската историја, од кои интересни за македонистиката се статијата „Кој е крив“ напишана од Темко Попов во 1887 и „Македонскиот буквар“ напишан од Коста Групче и Наум Евро во 1888 година. Во овие две значајни дела, Македонскиот комитет се стремел кон стандардизирање на македонскиот јазик, неговиот правопис и писмо, но и се стремел кон достигнување на одредени политички цели значајни за Македонија и македонскиот народ.

„Кој е крив“

[уреди | уреди извор]

Статијата „Кој е крив“ е напишана од страна на Темко Попов во 1887 година. Оваа статија всушност е големо писмо на 20 страници испратено до српските власти со цел да се исполни втората точка од привремената програма на Комитетот, односно да се разгледа положбата на Македонија по инсталирањето на Бугарската егзархија.

Во оваа статија и во трудовите објавени од овој комитет се употребувани само 26 симболи за запишување на македонскиот јазик. Од денешната македонска азбука изостануваат, како посебни знакови, буквите ќ, ѓ, љ, њ и ѕ. Сепак овие букви биле присутни при пишувањето но не се бележеле како посебни букви туку како диграфи, односно кј, гј, лј и нј. Азбуката која ја користел Комитетот била:

Големи букви
А Б В Г Д Е Ж З И Ј К Л М Н О П Р С Т У Ф Х Ц Ч Џ Ш
Мали букви
а б в г д е ж з и ј к л м н о п р с т у ф х ц ч џ ш
Забелешка:Диграфите кои не биле дел од азбуката се: кј, гј, лј и нј.

„Македонскиот буквар“

[уреди | уреди извор]

„Македонскиот буквар“ е напишан една година подоцна од статијата „Кој е крив“, односно во 1888 од страна на Коста Групче и Наум Евро. Овој буква бил напишан со цел да се испрати до српската влада за да се добие согласност за негово печатење и да се воведе во училиштата низ Македонија. Бидејќи бил испратен до српската влада и тие да помогнат при неговото печатење, Групче и Евро користеле две српски букви со цел да ги придобијат српските симпатии и да го објават букварот. Сепак, српските власти го зеле букварот, но не го испечатиле и наместо него бил испечатен букварот „Буквар за народне школе“. Овој буквар се засновал на букварот на Групче и Евро и на букварот на Баџовиќ, но биле сметнати и српски елементи во него. Буквата ь се користела само за запишување на диграфите ль и нь (љ и њ) принцип кој го користеле и Партенија Зографски, Марко Цепенков и во некои дела на Ѓорѓија Пулевски.

Наум Евро и Коста Групче во својот буквар употребиле 29 букви, од кои две се српски за да се придобие српската симпатија и една црковномакедонска за јотизација на два гласа. Азбуката од букварот е:

Големи букви
А Б В Г Д Е Ж З И І К Л М Н О П Р С Т У Ф Х Ц Ч Ш Ћ Ђ Џ ь
Мали букви
а б в г д е ж з и і к л м н о п р с т у ф х ц ч ш ћ ђ џ ь
Забелешка: Буквата Ь се користела за запишување на диграфите ль и нь, односно љ и њ.

Лозарите

[уреди | уреди извор]

Членовите на Млада македонска книжовна дружина биле познати под името Лозари. Меѓу нив се и имињата на: Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Христо Матов, Петар Попарсов, Иван Хаџи Николов, Коста Шахов, Ѓорѓи Баласчев, Димитар Мирчев, Христо Попкоцев, Александар Караѓулев, Ѓорѓи Белев, Андреј Љапчев, Тома Карајовов, Наум Туфекчиев, Војдан Чернодрински и други.

Во јануари 1892 година Младата македонска книжовна дружина го објавува првиот број на својот орган Лоза и по неговото име целото двожење го добива називот лозари. Најголемите имиња на македонската револуционерна борба од крајот на 19 и почетокот на XX век биле членови или соработници на оваа Дружина.

Списанието Лоза било публикувано на македонски јазик и со тоа Лозарите сакале да го стандардизираат македонскиот јазик и правопис. Тие во своето дело објавиле околу седум точки во кои се објаснува реформата на македонскиот јазик која понатака и продолжила да се користи од останати автори. Така, меѓу другото, азбуката која ја користеле Лозарите била:

Големи букви
А Б В Г Д Е Ж З И І К Л М Н О П Р С Т У Ф Х Ц Ч Ш
Мали букви
а б в г д е ж з и і к л м н о п р с т у ф х ц ч ш

Крсте Петков Мисирков

[уреди | уреди извор]
„За македонцките работи“

Мисирков ја реформирал азбуката врз фонетски принцип, како што е и денешната македонска азбука. Новина во оваа азбука е тоа што се воведуваат нови графеми за македонските гласови. Оваа азбука ги содржи истите гласови како и денешната македонска азбука, со мали разлики во графемите. Мисирков ја прилагодил азбуката според македонскиот фонетски систем. Оваа реформа на азбуката се направила во 1902/ 1903 година и типичен пример на употреба на оваа азбука е книгата „За македонцките работи“ и делата објавени околу овој период[2].

Големи букви
А Б В Г Д Г’ Е Ж З Дз И І К Л Л’ М Н Н’ О П Р С Т К’ У Ф Х Ц Ч Дж Ш
Мали букви
а б в г д г’ е ж з дз и і к л л’ м н н’ о п р с т к’ у ф х ц ч дж ш
Забелешка: Во списанието „Вардар“, Мисирков наместо к’ и г’ користел поусовршени букви односно денешните ќ и ѓ.

Димитар Мирчев

[уреди | уреди извор]

Во својата книга Д. Мирчев ја користи следната македонска азбука за запишување на македонски зборови[3]:

Големи букви
А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И І К Л Л’ М Н Н’ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш
Мали букви
а б в г д ѓ е ж з ѕ и і к л л’ м н н’ о п р с т ќ у ф х ц ч џ ш

Ѓорѓи Киселинов

[уреди | уреди извор]

Во својата книга Кратка македонска граматика (1944), Ѓорѓи Киселинов ја користи следната македонска азбука:

Големи букви
А Б В Г Д Е Ж З И Й К Л М Н О П Р С Т У Ф Х Ц Ч Ш
Мали букви
а б в г д е ж з и й к л м н о п р с т у ф х ц ч ш
Белешка: Гласовите ѓ, ѕ, љ, њ, ќ и џ Киселинов не ги сметал за одделни букви. Така, буквите ќ, ѓ и џ ги сметал за согласни групи од кј (кй), гј (гй) и дж, додека љ, њ и ѕ не ги споменува вооптшо, иако низ текстот се забележуваат согласните групи лј (лй) и нј (нй). Буквата ѕ никаде не ја користи

Стандардна македонска азбука

[уреди | уреди извор]

Конечно, македонската азбука се стандардизирала со првото заседание на АСНОМ и се прогласила за официјална азбука во СР Македонија. Азбуката е:

Големи букви
А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш
Мали букви
а б в г д ѓ е ж з ѕ и ј к л љ м н њ о п р с т ќ у ф х ц ч џ ш
  1. стр.94 „Борба за македонски литературен јазик“, Трајко Стаматоски, Мисла, Скопје
  2. Георги Сталев- Литература на македонскиот јазик
  3. Цитирано во Стаматовски Трајко, Обидот на „Лоза“ да гради македонски јазичен стандард, стр. 81.

Поврзано

[уреди | уреди извор]