Робово (Пехчевско)
Робово | |
Панорамски поглед на Робово | |
Координати 41°46′0″N 22°49′0″E / 41.76667° СГШ; 22.81667° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Пехчево |
Област | Малешевија |
Население | 266 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2326 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 01011 |
Надм. вис. | 900 м |
Слава | Голема Богородица |
Робово на општинската карта Атарот на Робово во рамките на општината | |
Робово на Ризницата |
Робово — село во Општина Пехчево, во областа Малешевија, во околината на градот Пехчево.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Малешевија, во западниот дел на територијата на Општина Пехчево, од десната страна на реката Брегалница.[2] Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 860 до 900 метри.[2]
Атарот зафаќа простор од 20 км2. На него пасиштата заземаат површина од 819 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 698 хектари, а на шумите 449 хектари.[2]
Месности
[уреди | уреди извор]Село Робово, како дел од Малешево, во Малешевската Котлина се наоѓа во северниот дел на десната страна на реката Брегалница, а се граничи од југ со реката Брегалница, со која Робовското Поле се одвојува од подрачјето на Владимирово и Мачево, од исток со подрачјето на Смојмирово и Умлена и тоа по левата страна на Стојков Дол, по Брестово до Синдрачка Долчина, преку Умленска Река, Широките Ливади, Вранево, потоа свртува на запад до Радовица и по Радовица до над месноста Никлевец. По спојувањето на двата пата од Робово до над месноста Војова Ливада и од Умлена над месноста Крсто Врви по патот до Дурчовец. Тука го пресекува Дурчовец и излегува на Тодевица, а потоа по патот за Нов Истевник (Махлите) и Тработивиште од Бејаз Тепе. Тоа е и најдолгата граница на робовскиот синор.
Од север границата почнува од Бејаз Тепе каде што се спојуваат четири синори – Робовски, Умленски, Истевнички и Разловечки. Северната гранива од Бејаз Тепе продолжува по десниот крак на Градус, меѓу Разлошките Валози и Пржаре. Тука таа го сече Градус, поминува на неговата лева страна, минува покрај Кривото Осое над Капева чешма и се искачува до Чокалица каде што се спојува со западната граница на робовскиот синор. Од Бејаз Тепе до Чокалица границата е заедничка со разливечкиот синор. Западната граница минува по вододелницата меѓу Градус и Тиновец (десна притока на Брегалница) до Грбавец. Од Грбавец таа врви источно од Момин Рид до под Чочевските и Черговските колиби (имоти), каде што е заедничка граница со синорот на селото Митрашинци. Оттука свртува на исток до Голема Полена, врви по сртот на Голема Полена и Големото Присое каде што каде што е заедничка граница со синорот на селото Будинарци. При крајот на Големото присое свртува на исток, го сече коритото на Гулем (Голем) Дол под Николчица, го сече коритото на Баџија под Толчарев камен и се искачува на Мачоские Рид. Врви по него, слегува источно од село Мачево и преку Бардачица излегува на коритото на Робовска Река. Тука врви по нејзиниот десен брег и преку Голчово Кладенец слегува до Бреганица. На меѓупросторот на Големото присое до Брегалница, каде што се спојува со јужната граница, таа е заедничка граница со синорот на Мачево.
Во овие граници синорот на Робово се простира на надморска височина од 790 метри при вливот на Робовска Река во Брегалница и до 1348 метри на Бејаз Тепе. Висинската разлика изнесува 558 метри.
Робовскиот синор граничи со 9 синори на околните села, односно со повеќе од половина од селата во Малешево, и тоа: Владимирово, Смојмирово, Чифлик, Умлена, Нов Истевник, Разловци, Митрашинци, Будинарци и Мачево.
Историја
[уреди | уреди извор]Во 1900 година Гоце Делчев испраќа во Македонија неколку војводи на чети. Меѓу нив е и Тодор Иванов, како војвода на чета во Малешевско. На 20 јули истата година неговата чета е откриена од Турците кај селото Робово и почнува борба. Турците не успеваат да преземат куќата, каде што се наоѓа Тодор Иванов и ја палат. Иако му завршува муницијата, тој не се предава и загинува во огнот на куќата.
Во XIX век, Робово било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 80 домаќинства, со 293 жители Македонци.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Робово имало 770 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Робово имало 960 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.[6]
Селото е средно по големина, населено со македонско население, но со намалување на населението. Така, во 1961 година броело 773, а во 1994 година 476 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Робово живееле 426 жители, од кои 422 Македонци и 4 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 266 жители, од кои 258 Македонци, 3 Срби и 5 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 770 | 960 | 790 | 837 | 713 | 656 | 580 | 504 | 476 | 426 | 266 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Амбуланта
- Дом на културата
- Основно училиште „Ванчо Китанов“ до V одделение[13], подрачно училиште на ОУ „Ванчо Китанов“ - Пехчево
- Месна заедница
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Пехчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пехчево.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Робово, во која влегувале селата Мачево, Робово и Умлена.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Пехчевска градска општина, во која покрај селото Робово се наоѓале градот Пехчево и селата Будинарци, Митрашинци, Негрево, Умлена, Црник и Чифлик.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачко место бр. 0022 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[14]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 249 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 238 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[17]
- Грамаѓе — населба од доцноантичко време;
- Мачевски Чуки — могили од римското време; и
- Ормање — населба од доцноантичко време.
- Цркви[18]
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква
- Споменици на НОБ
- Биста на Јован К. Пранговски
- Биста на Александар Е. Овчарски
- Биста на Борис А. Зифовски
- Спомен-плоча
-
Спомен-бисти од НОБ
-
Биста на Јован К. Пранговски
-
Биста на Александар Е. Овчарски
-
Биста на Борис А. Зифовски
-
Спомен-плоча на НОБ
Редовни настани
[уреди | уреди извор]- Голема Богородица (28 август) — селска слава, која се одбележува со турнир во мал фудбал и вечерна игранка.
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во Робово
- Атанас Малинов (Малина) — деец на ВМРО
- Паисиј Рилски (1861 или 1866-1932) — македонски свештеник и револуционер
- Христо Димитров Кутруле (?-1905) — македонски револуционер
- Починати во Робово
- Тодор Иванов (?-1900) — македонски револуционер
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Панорамски поглед на селото
-
Куќи во селото
-
Пејзаж над Робово
-
Селска чешма
-
Стара куќа во селото
-
Улица во селото
-
Поглед на селото
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 260. Посетено на 25 февруари 2018.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 февруари 2018.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „ООУ Ванчо Китанов Пехчево“. Општина Пехчево. Посетено на 25 февруари 2018.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 25 февруари 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-06-16. Посетено на 25 февруари 2018.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Робово (Пехчевско) на Ризницата ?
|