Прејди на содржината

Симон Дракул

Од Википедија — слободната енциклопедија
Симон Дракул
Роден/а24 септември 1930
Македонија Лазарополе, Македонија
Починат/а11 јануари 1999(1999-01-11) (возр. 68)
Македонија Скопје, Македонија
Занимањеписател, историчар, преведувач

Симон Дракулмакедонски раскажувач, романописец, драмски автор, сценарист, историчар и преведувач.

Животопис

[уреди | уреди извор]
Биста на Симон Дракул во Лазарополе

Роден е во Лазарополе на 24 септември 1930 година. Поради италијанската окупација, се школувал со прекини[1] при што учел во учел во Охрид и во Скопје. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филозофски науки. Работел во весниците „Млад борец“ и „Нова Македонија“, бил уредник во издавачката куќа „Кочо Рацин“ и директор на драмата во Македонскиот народен театар во Скопје. Исто така, бил член на редакцијата на списанието „Современост“, научен советник во Институтот за национална историја на Македонија и претседател на ДПМ чиј член бил од 1953 година. Починал во Скопје на 11 јануари 1999 година.[2]

Творештво

[уреди | уреди извор]

Дракул најчесто обработува теми и мотиви од селскиот живот, а неговите дела се одликуваат со прекрасни пејзажи кои речиси секогаш се спротивставени на мачниот живот на луѓето.[3]

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Планините и далечините (раскази, 1953)
  • Витли во поројот (раскази, 1956)
  • И ѕвездите паѓаат сами (роман, 1957)
  • Белата Долина (роман, 1962)
  • Буни (триптих: повест, роман, драма, 1980)
  • Распаќа (раскази, 1985)
  • Архимандрит Анатолиј Зографски (монографија, 1988)
  • Или смрт, (тетралогија): Глужд, Јас Георги Николов Делчев, Полноќна чета, Кобно место (1989),
  • Жедна месечина (роман, 1997),
  • Апостол војводата (монодрама, 1998)
  • „Кирил Пејчиновиќ“
  • „Рациново признание“[4]
  1. Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 113.
  2. Симон Дракул – биографија
  3. Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 113.
  4. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 81.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]