Томе Момировски
Томе Момировски (роден на 4 април 1927 година во Кичево) — македонски раскажувач, романописец, есеист, критичар и преведувач.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Момировски завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил главен уредник на списанијата „Иднина“ (Скопје), „Културен живот“ (Белград), на весникот „Млад борец“ (Скопје) и на Радио Скопје, како и уредник на списанијата „Современост“, „Културен живот“ и „Погледи“ во Скопје. Член на ДПМ од 1957 година и секретар на ДПМ.
Бил министер за култура на Македонија, претседател на Културно-просветната заедница на Македонија, претседател на Комисијата за култура и уметност на Сојузната конференција на Југославија и др. Член на Македонскиот ПЕН центар и негов почесен потпретседател.
Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Рациново признание“, „РТВ на СВП“, „Климент Охридски“ и „Мито Хаџивасилев - Јасмин“.
Творештво
[уреди | уреди извор]Момировски пишувал книжевност за деца и за возрасни. Најчеста тема во неговите дела е НОБ, но пишува и за современиот живот на обичниот човек. Во основата, тој е реалист, но во романот „Грешна недела“ покажува интерес и за модернистички пристап.[2]
Библиографија
[уреди | уреди извор]Момировски е автор на следниве дела:
- Стреи и песоци (патописна проза, 1956),
- Чекори (раскази, 1957),
- Грешна недела (роман, 1961),
- Неспокои (раскази и новели, 1969),
- Години несоници (роман, 1972),
- Културата, културните вредности и младината (есеј, 1975),
- Бреслики (повест, 1976),
- Односи и синтези (есеи и критики, 1978),
- Културата и просторот (есеи, 1979),
- Акцијаши (роман, 1982),
- Вишнеење (драма, 1983),
- Искована песна (антологија на македонска поезија, 1984),
- Идеи и творештво (есеи и критики, 1984),
- Виделина (раскази и новели, 1984),
- Охридска Талија (монодрама, 1985),
- Коловратница (раскази, 1986),
- Културна соработка и заедништво (монографија, 1987),
- Бела (повест за деца, 1987),
- Избрани дела (во пет тома, 1987),
- Крстопати (есеи и критики, 1990),
- Светлоносецот од Преспа (биографско-есеистичка книга за поетот Мите Богоевски, 1992),
- Чун (роман, 1992),
- Ластари (раскази за деца, 1993),
- Живописана земја (есеистичко патописна проза, 1995),
- Снежинки (сказни за деца, 1996),
- По полноќ (роман, 1998)
- Младбелина (поезија, 2000).
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Томе Момировски, „Некои прашања на културата во меѓунационалните односи и нивната социолошка основа“ Архивирано на 22 јануари 2022 г., „Современост“, бр. 6, Скопје, Јуни 1975.
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |