Прејди на содржината

Аргулица

Координати: 41°49′09″N 22°16′45″E / 41.81917° СГШ; 22.27917° ИГД / 41.81917; 22.27917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Аргулица

Поглед на селото

Аргулица во рамките на Македонија
Аргулица
Местоположба на Аргулица во Македонија
Аргулица на карта

Карта

Координати 41°49′09″N 22°16′45″E / 41.81917° СГШ; 22.27917° ИГД / 41.81917; 22.27917
Регион  Источен
Општина  Карбинци
Население 178 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2207
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30001
Надм. вис. 325 м
Аргулица на општинската карта

Атарот на Аргулица во рамките на општината
Аргулица на Ризницата

Аргулица — село во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Карбинци, а нејзиниот атар се издига на северните огранки на планината Плачковица.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 325 метри. Од градот Штип е оддалечено 15 километри.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Аргулица било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 8,2 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 611 хектари, на пасиштата отпаѓаат 138,7 хектари, додека на шумите отпаѓаат само 9,9 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото има земјоделска задруга, фабрички погон и продавници.[2]

И денес, во селото работи млин и фабриката „Фруктана“.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948588—    
1953682+16.0%
1961744+9.1%
1971793+6.6%
1981598−24.6%
ГодинаНас.±%
1991441−26.3%
1994426−3.4%
2002315−26.1%
2021178−43.5%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 225 жители, сите Турци.[3] Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 120 жители, сите Турци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Турци, 100 Македонци и 25 до 50 Власи.[5]

Селото е средно по големина, со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година броело 774 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 426 жители, од кои 407 биле Македонци, 15 Турци и 7 жители Власи.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Аргулица живееле 315 жители, од кои 303 Македонци, 2 Власи и 2 останати.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 178 жители, од кои 97 Македонци, 8 Турци и 73 лица без податоци.[7]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Аргулица:

Година Македонци Турци Роми Власи Срби Ост. б.п. Вкупно
1948 588
1953 564 76 7 35 0 0 682
1961 695 7 0 42 744
1971 775 7 0 3 8 793
1981 570 12 3 10 2 1 598
1991 412 18 3 7 0 1 441
1994 404 15 0 7 0 0 426
2002 303 8 0 2 0 2 315
2021 97 8 0 0 0 0 73 178

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
  • Поранешно основно училиште
  • Амбуланта

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Карбинци, во која покрај селото Аргулица, се наоѓале и селата Бурилчево, Караорман, Карбинци, Козјак, Кучичино, Припечани, Руљак, Таринци и Црвулево. Селото било седиште на некогашната Општина Аргулица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Аргулица, Бурилчево, Карбинци, Козјак, Кучичино, Припечани, Руљак и Црвулево.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2325 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на амбулантата.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 215 гласачи.[9]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 225 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Поглед на главната селска црква „Св. Илија“
Археолошки наоѓалишта[11]
Цркви
Параклиси
Манастири
Свети води

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 13. Посетено на 23 февруари 2021.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 231.
  4. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 февруари 2021.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 23 февруари 2021.
  9. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 23 февруари 2021.
  11. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 428. ISBN 9989-649-28-6.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]