Сушево (Штипско)
Сушево | |
Спортскиот аеродром Сушево кај Штип | |
Координати 41°45′25″N 22°07′41″E / 41.75694° СГШ; 22.12806° ИГД | |
Општина | Штип |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Повик. бр. | (+389) 032 |
Шифра на КО | 30057 |
Надм. вис. | 350 м |
Сушево на општинската карта Атарот на Сушево во рамките на општината | |
Сушево на Ризницата |
Сушево — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Населбата се наоѓа на северозападниот дел на територијата на Општината Штип, недалеку од градот, на оддалеченост од околу четири километри. Селото е рамничарско, на надморска височина од 380 метри.
Атарот зафаќа простор од 4,4 км2. На него пасиштата заземаат површина од 248 ха, а на обработлив- ото земјиште отпаѓаат 144 ха.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век, селото било дел од Штипската каза на Скопскиот Санџак, како дел од Косовскиот Вилает на Османлиската Империја.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото има полјоделско-сточарска функција.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сушево живееле 70 жители, сите Македонци.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Власи.[4]
Сушево е мало село, коешто во 1961 година броело 107, а во 1994 година 20 жители, и е во фаза на раселување.[5]
Според пописот од 2002 година, населението на Сушево броело 11 жители, сите Власи.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 70 | — | 107 | 106 | 107 | 83 | 35 | 19 | 20 | 11 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1337 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект. Во ова избирачко место е опфатено и селото Доброшани.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 291.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 232.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. стр. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|