Бежанци
Автор | Петре М. Андреевски |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | (фрагмент)роман |
Издавач | Табернакул |
Издадена | 2007 (постхумно) |
Медиум | печатено издание |
Страници | 138 |
ISBN | 978-9989-171-64-2 |
Бежанци — роман на македонскиот писател Петре М. Андреевски издаден постхумно. Во изданието на Табернакул под наслов „Бежанци“ се застапени фрагментот од почнатиот роман „Бежанци“ и осумте раскази насловени како „Боемите“. Предговорот е на Венко Андоновски.
Содржина
[уреди | уреди извор]Во „Бежанци“ фрагментот почнува со „Ова е сеќавање на сите што умреа од насилна смрт. Всушност, ова е сеќавање на сите оние што веќе не можат на ништо да се сетат.“ Насловен како „За жените“ фрагментот од романот „Бежанци“ (не се знае дали тоа бил работен наслов или наслов на целиот роман или пак само наслов за овој фрагмент)всушност претставува еден нов поамбициозен „Пиреј“. Темата е егзил од родното огниште и ги опфаќа случувањата од граѓанската војна во Грција- Егејска Македонија во 1946-1949. „На четириесетина странички текст „Бежанци“ се отвора како зовриен котел на македонскиот пекол: најкористена семантема е -огнот“, пишува Венко Андоновски во својот предговор кон неиздадените текстови на П.М. Андреевски.„Ножот е главен актер во тој котел на балканската војна; реки и реки народ бегаат.“ Авторот овде ја позиционира својата идеологема на апсурдот на бегството, недостигот на храброст да се земе судбината во сопствени раце. Во овој мал фрагмент не се знае дали овие ствови ќе бидат само еден глас во полифонија (дијалогичноста) на романот или тој став ќе му биде припишан на некој раскажувач -лик или пак ќе биде глас хармонија, акорд, општо место ма „вертикален“ пресек на идеите. Скепсата, разочараноста, сломот на вербата во народот е доминанта во овој фрагмент. Она што не е променето во однос на претходната проза на Петре е „женскиот“ семички код на ликовите. Главен лик, барем по воведните страни е - македонската жена. Нејзиниот лик е даден преку името Словешта Масларова. Дадено е нејзиното бегство со три деца, апсурдот кој Петре го нагласува, две раце, три деца, и невозможното бегство доколку не направи избор да се откаже од едно од нив. Паралелно со овој лик во толпата се ноѓаат и други раскажувачи кои говорат за голготата на македонските бегалци. Стилот на текстот е истиот оној од „Пиреј“со чести употреби на „А“ или „И“. „ Овој префинет дискурс, кој за жал, како да го започнал ширењето во празниот простор на уметничката целина-и сопрел, во мигот кога и неговиот автор сопрел да дише“- пишува В. Андоновски во предговорот. Во седумте кратки раскази, портрети на тема „Скопската боемија“ на анегдотски, духовит начин ослободен од цинизам, полн со човечка љубов на Петрета, опишан е боемскиот живот на Скопје. Насловени се како: Скопска боемија, Петрева кривина, Шлаканица, Недоразбирање, Што ти беше мислата, Тоа што ќе го, Заборави господ и Значаен гостин. Стилот е буквално разговорен, речиси кафеански. Како расказите да ги кажува Петре на кафеанска маса. Сатирата и хуморот на Петре во овие седум раскази се критика на еден тоталитарен режим, со што боемијата претставува единствена и врвна дисидентура.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Петре М. Андреевски, Бежанци, Скопје:Табернакул,2007 год.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|