Брештани
Брештани | |
Воздушен поглед на селото Брештани | |
Координати 41°27′15″N 20°35′9″E / 41.45417° СГШ; 20.58583° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Центар Жупа |
Област | Жупа |
Население | 104 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1258 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 08006 |
Надм. вис. | 880 м |
Брештани на општинската карта Атарот на Брештани во рамките на општината | |
Брештани на Ризницата |
Брештани — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.
Потекло и значење на името
[уреди | уреди извор]Името на селото првпат е забележано во турски документи како Брештани во XV век (1467 г.). Името доаѓа од основата брест.[2]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Припаѓа на областа Дебарска Жупа, сместено на западната падина на планината Стогово.[3] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 880 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 14 километри.[3]
Низ селото поминува регионалниот пат 2249.
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на Брештани е населено уште од доцноантичкиот период, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[4]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 2,7 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 93,1 хектар, на шумите отпаѓаат 77,3 хектари, а на обработливото земјиште 40,1 хектар.[3]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 25 домаќинства со 48 жители муслимани (Турци).[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Брештани живееле 300 жители, сите Турци.[6]
Селото е мало и во 1961 година броело 110 жители, од кои 109 биле забележани како Турци, а во 1994 година бројот останал речиси ист, односно 105 жители, населено со турско население.[3]
Според пописот од 2002 година, селото Брештани броело 120 жители, сите Турци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 104 жители, од кои 101 Турчин и 3 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 300 | — | 242 | 267 | 110 | 70 | 92 | 110 | 105 | 120 | 104 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
[уреди | уреди извор]Брештани е турско село.[13]
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:
- Доселеници: Сулолар (2 к.), Аламанлар (3 к.), Шаинлар (2 к.), Рахманлар (3 к.), Емролар (3 к.), Саиди-Беќирлер (4 к.), Сератли (4 к.), Тафоџалар (2 к.), Бајрамлар (4 к.), Камберлер (3 к.), Феролар (4 к.), Исаклар (4 к.), Чолак-Османлар (3 к.) и Мало-Спаи (5 к.), сите се доселени од селото Коџаџик кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век. Во Коџаџик имале роднини.
Иселеништво
[уреди | уреди извор]До 1954 година, Турците од селото се иселиле во најголем број во Турција (12 семејства). И тоа во Адапазар (9 семејства) и во Истанбул (3 семејства).[13]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Основно училиште „Неџати Зекерија“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Неџати Зекерија“ - Коџаџик
- Поранешна амбуланта
-
Поглед на училиштето
-
Амбулантата
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Кон крајот на XIX век, Брештани било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Коџаџик, во која влегувале селата Брештани, Долгаш, Евла, Елевци, Кочишта, Коџаџик, Новак, Осолница и Праленик. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Коџаџик, која била составена од селата Брештани, Коџаџик, Кочишта, Новак, Осолница и Праленик.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 0566 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 102 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 115 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[4]
- Влаи — средновековна населба и некропола;
- Машатлак — средновековна некропола;
- Долно Поличе — населба од доцноантичко време; и
- Поличе — средновековна црква и некропола.
- Џамии[17]
- Џамија — главна селска џамија
- Реки[18]
- Брештанска Река — мала река низ селото
-
Селската џамија
-
Брештанска Река
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Стара куќа
-
Воздушен поглед
-
Поглед на мал дел од селото
-
Стара куќа
-
Турско знаме во селото
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 74. ISBN 978-608-220-026-2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 39.
- ↑ 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 118. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 261.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 13,0 13,1 Русиќ, Бранислав (1957). Жупа Дебарска. Скопје: Филозофски факултет.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2023-01-21. Посетено на 21 јануари 2023.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 15. ISBN 978-9989-2117-6-8.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|