Прејди на содржината

Броштица

Координати: 41°29′30″N 20°35′4″E / 41.49167° СГШ; 20.58444° ИГД / 41.49167; 20.58444
Од Википедија — слободната енциклопедија
Броштица

Воздушен поглед на селото Броштица

Броштица во рамките на Македонија
Броштица
Местоположба на Броштица во Македонија
Броштица на карта

Карта

Координати 41°29′30″N 20°35′4″E / 41.49167° СГШ; 20.58444° ИГД / 41.49167; 20.58444
Регион  Југозападен
Општина  Центар Жупа
Област Жупа
Население 393 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1258
Повик. бр. 046
Шифра на КО 08007
Надм. вис. 1.300 м
Броштица на општинската карта

Атарот на Броштица во рамките на општината
Броштица на Ризницата

Броштица — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Селото главно е населено со Македонци-муслимани,[2] но поради политичко-религиски причини дел од нив се изјасниле како Турци.

Потекло и значење на името

[уреди | уреди извор]

Името на селото првпат е забележано во XVI век (1583 г.) како Проштица. Некогаш се сретнувало и како Брштица. Името доаѓа од растението брошт, кое можеби е и првобитното име на Броштичка Река, кое после станало име на селото.[3]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Селото се наоѓа во областа Дебарска Жупа, сместено мошне високо на западната падина на планината Стогово.[4] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.300 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 11 километри.[4]

До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 2249.

Историја

[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Броштица е населено уште од средниот век, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[5]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 3,7 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 144 хектари, на шумите отпаѓаат 106,7 хектари, а на пасиштата 90 хектари.[4]

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во него работат продавници и угостителски објекти.[4]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948467—    
1953459−1.7%
1961533+16.1%
1971559+4.9%
1981627+12.2%
ГодинаНас.±%
1991766+22.2%
1994718−6.3%
2002748+4.2%
2021393−47.5%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 60 домаќинства со 65 жители муслимани (Македонци) и 106 христијани (Македонци).[6]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Броштица имало 800 жители, сите Македонци, од кои 200 православни и 600 муслимани.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Броштица имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[9]

Селото е средно по големина, но со пораст на бројот на населението. Во 1961 година, селото броело 533 жители, од кои 500 се изјасниле како Турци, а 30 жители Албанци, додека во 1994 година бројот се зголемил на 718 жители, од кои 499 биле Македонци, 128 Турци и 90 други.[4]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 748 жители, од кои се изјасниле:[10] 622 Македонци, 124 Турци и 2 останати.

Целосното муслиманското население на селото се Македонци-муслимани, но поради политичко-религиски причини се пишале како Турци. Во тој однос, треба да се напомене дека селото е населено исклучиво со Македонци, бидејќи жителите попишани како Турци се всушност Македонци-муслимани како и сите останати жители на селото. Доказ за тоа е наглата промена во изјаснувањето на жителите како Македонци и Турци.

Според мајчин јазик, населението се изјаснило:[10]

мајчин јазик Вкупно
македонски 663
турски 84
останати 1

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 393 жители, од кои 146 Македонци, 6 Албанци, 165 Турци, 28 останати и 48 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 800 240 497 459 533 559 627 766 718 748 393
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Броштица е македонско село, поделено на муслимани и православни.[16]

Според истражувањата од 1954 година родови во селото:

  • Македонски родови:
    • Православни родови:
      • Староседелци: Трипуновци (1 к.), од нив има иселеници во Софија (две семејства) и во Скопје (три семејства).
    • Муслимански родови:
      • Староседелци: ’Рковци (89 к.), живеат во месноста ’Рковци. И се делат на Ризвановци (6 к.), Демовци (1 к.), Лазимовци (3 к.), Амдаовци (3 к.), Етемовци (3 к.), Суловци (1 к.), Изеировци (1 к.), Љушковци (1 к.), Абдијовци (2 к.), Салијовци (1 к.), Рустемовци или Алијовци (4 к.), Насувовци и Зендовци (5 к.), Абазовци (8 к.), Дилевци (7 к.), Билаловци (6 к.), Ајдиновци (3 к.), Османовци (2 к.), Адемовци (7 к.), Емровци (7 к.), Јонузовци (4 к.), Мемедовци (1 к.), Елмазовци (2 к.), Даутовци (1 к.), Маловци (1 к.), Лимановци (2 к.), Шурдовци (3 к.) и Бавтовци (3 к.).
      • Доселеници: Селимовци (2 к.), доселени се околу 1882 година од Макелари во Горен Дебар, денес Албанија; Муратовци (1 к.), доселени се околу 1904 година од селото Праленик.

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Од Броштица има огромен број на иселено население, пред сè Македонци православни.[16]

Целосно се иселени голем број на македонски православни родови, и тоа: Атанасовци, Костовци или Ристевци, Веловци, Гагановци, Дојчиновци, Стојановци, Аврамовци, Петковци, Калевци или Куновци, Танчевци, Тримовци, Манчевци, Силковци, Поповци, Гавриловци и Јовковци или Василовци. Потомци на постарите иселеници од Броштица има на многу места, но највеќе се иселени во Скопје (населбата Ѓорче Петров), каде има преку 50 семејства. Други иселеници од Броштица има во Бугарија (7 семејства), највеќе во Софија. Нешто иселеници има и во Дебар и Битола.

Од Торбешите иселеници има во Штип, Скопје, Иванковци кај Велес. А од таму во Турција. Потоа од денешните родови во Турција.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Поглед на училиштето

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век, Броштица било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Папрадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0558 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 806 гласачи.[18] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 844 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[5]
Цркви[20]
  • Црква „Св. Димитриј“ — единствена преостаната црква од трите историски во селото. Потекнува од 1868 година.
Џамии[20]
Реки[21]

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во или по потекло од Броштица

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Торбеши“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1497. Text "series " ignored (help)
  3. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 77. ISBN 978-608-220-026-2.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 41.
  5. 5,0 5,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 118. ISBN 9989-649-28-6.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 261.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 184-185.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. 10,0 10,1 Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. 16,0 16,1 Русиќ, Бранислав (1957). Жупа Дебарска. Скопје: Филозофски факултет.
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  19. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2023-01-21. Посетено на 21 јануари 2023.
  20. 20,0 20,1 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  21. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 15. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]