Пареши
Пареши | |
Куќи во селото Пареши | |
Координати 41°29′44″N 20°33′42″E / 41.49556° СГШ; 20.56167° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Центар Жупа |
Област | Жупа |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1258 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 08031 |
Надм. вис. | 790 м |
Пареши на општинската карта Атарот на Пареши во рамките на општината | |
Пареши на Ризницата |
Пареши — раселено село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Центар Жупа, сместено во областа Дебарска Жупа.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 790 метри.[2]
Низ самото село поминува регионалниот пат 2249.
Се протега на падините на планината Стогово, а во подножјето се протега до Дебарско Езеро.
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на Пареши е населено уште од средниот век, за што сведочат наоѓалиштата во неговата околина.[3]
Во периодот кон крај на XVII век и почетокот на XVIII век доаѓа до иселување на семејствата, кои живееле во тој период во селото. Временската разлика на иселените и новонаселените семејства не дозволува нивно сретнување. Поради тие причини не останале видливи податоци за иселените родови. Во овој период селото било празно и напуштено.
На почетокот на XVIII век во селото се доселуваат шест семејства, од кои три семејства доаѓаат од Голо Брдо - Албанија, едно семејство од Баланци (Дебарска Жупа) и две семејства од Коџаџик (Дебарска Жупа).
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 2,1 км2.[2]
Во минатото, стопанството на Пареши се засновало на земјоделство и сточарство, додека многу луѓе оделе на печалба (гурбет) да работат надвор од земјата и да пратат дома пари.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Број на население и семејства во одредени периоди:
Година | Бр. на семејства | Бр. на жители |
---|---|---|
1830 | 8 | 46 |
1850 | 10 | 70 |
1880 | 18 | 110 |
1910 | 22 | 145 |
1920 | 19 | 120 |
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 10 домаќинства со 26 жители христијани (Македонци).[5]
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Пареши имало 120 жители, сите Македонци христијани.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пареши имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
Селото е наполно раселено по 1961 година, кога што броело 35 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, селото Пареши немало жители.[8] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 120 | 240 | 65 | 41 | 35 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
[уреди | уреди извор]Пареши било македонско село.[13]
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото биле:
- Доселеници: Чивијовци со Јовановци и Јовчевци (3 к.), доселени се околу 1829 година поради насилство од блиското село Коџаџик. Јовановци се призетиле кај Чивијовци; Богдановци или Кузмановци (1 к.), доселени се околу 1830 година од месноста Илевци. Имаат призетен од Андреевци од соседното Праленик; Ѓоргијовци или Костовци (1 к.), малку пред 1850 година се доселиле од истото место како и претходниот род; Иловци (1 к.), доселени се во 1876 година од месноста Илевци. Основачот на овој род ја основал месноста Илевци; Нелковци (1 к.), доселени се во 1883 година од истото место (Илевци). Подалечно потекло имаат од селото Броштица. Таму припаѓале на старите Манчевци (Силковци).
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Целосно се иселил родот Спасевци, се иселиле во Софија, Скопје и Дебар. Парежани се иселиле во Белград, изгледа во селото се викале Јанковци и биле староседелци. Во мијачкото село Болетин има род Парешковци кои таму се доселиле од Пареши.[13]
До 1954 година уште околу 15 семејства се иселиле во Скопје, Дебар, Видин, Софија и Битола.[13]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Кон крајот на XIX век, Пареши било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Папрадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0559 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Горенци. Во ова избирачко место се опфатени и селата Горно и Долно Мелничани, како и самото Горенци и Пареши.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 296 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 318 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[3]
- Бушаец — средновековна некропола; и
- Парешко Поле — средновековна населба.
- Цркви[17]
- Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква, обновена во 1993 година
- Извори
- Во атарот на селото се наоѓа изворот „Врачарица“, за кој се верува дека водата од изворот е лековита, а лековитоста се поврзува со постоење на верски објект во минатото на местото каде што се наоѓа изворот.
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Народната носија во Пареши е истата што се носела во Дебар и околината, чие население се нарекувало „Полјани“ т.е. во Дебарско Поле.
Женската носија се состои од зобанче, кошула, елек, преглак, појас, бовча, дарпна, крпа, чорапи, чевли со високи кофки.
Машката носија се состоела од плетена кошула, бечви, долама, појас, ќурк, гунче, објала, чевли.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 229.
- ↑ 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 122. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 261.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 184-185.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 13,0 13,1 13,2 Русиќ, Бранислав (1957). Дебарска Жупа. Филозофски факултет на универзитетот - Скопје, Историско-филолошки оддел.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2023-01-21. Посетено на 24 јануари 2023.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|