Висока Маала
Висока Маала | |
Координати 41°33′19″N 22°41′3″E / 41.55528° СГШ; 22.68417° ИГД | |
Општина | Општина Василево |
Население | 697 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 27014 |
Надм. вис. | 555 м |
Висока Маала на општинската карта Атарот на Висока Маала во рамките на општината | |
Висока Маала на Ризницата |
Висока Маала — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Висока Маала се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во северниот високопланински дел на Струмичка Котлина, во источниот дел на Општина Василево, додека атарот на селото граничи со Општина Босилово. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 17 километри.
Надморската височина во селото е 555 метри додека селото зафаќа површина од 19,6 км2. Од нив 1819,9 хектари се шуми, 116,5 хектари се обработливо земјиште и 21,3 се пасишта[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Отоманско Царство
[уреди | уреди извор]Во текот на XIX век, селото било чисто турско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 20 семејства и 55 жители Турци[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 185 жители Турци[4].
Југославија
[уреди | уреди извор]По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. По крајот на Втората светска војна, Висока Маала била вклучена во НР Македонија, во составот на СФРЈ.
Македонија
[уреди | уреди извор]Според тековната територијална организација, селото припаѓа на Општина Василево.
Демографија
[уреди | уреди извор]Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Турци.[5]
Во 1961 година селото имало 342 жители. Во 1994 година во селото живееле 410 Турци[2].
На пописот од 2002 година, селото имало 497 жители. Следува табела на националната структура на населението[6]
Националност | Вкупно |
Македонци | 0 |
Турци | 495 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 2 |
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Долно Лисиче има 697 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 0 |
Албанци | 0 |
Турци | 697 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
Други | 0 |
Институции и знаменитости
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1808 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Нивичино.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 430 гласачи.[8]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр. 45.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 161.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Општина Василево Архивирано на 25 јуни 2008 г.
„Висока Маала“ на Ризницата ? |
|