Прејди на содржината

Чанаклија

Координати: 41°33′19″N 22°41′3″E / 41.55528° СГШ; 22.68417° ИГД / 41.55528; 22.68417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Чанаклија

Поглед на селото Чанаклија

Чанаклија во рамките на Македонија
Чанаклија
Местоположба на Чанаклија во Македонија
Чанаклија на карта

Карта

Координати 41°33′19″N 22°41′3″E / 41.55528° СГШ; 22.68417° ИГД / 41.55528; 22.68417
Општина Општина Василево
Население 421 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 27072
Надм. вис. 555 м
Слава Свети Наум Охридски
Чанаклија на општинската карта

Атарот на Чанаклија во рамките на општината
Чанаклија на Ризницата

Чанаклија — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Чанаклија се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во североисточниот дел на Струмичка Котлина и припаѓа на Општина Василево. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 15 километри.

Надморската височина во селото е 555 метри додека селото зафаќа површина од 18,5 км2. Од нив, 628 хектари се обработливо земјиште а 1093 хектари се шуми[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Антички период

[уреди | уреди извор]

Ова населено место е познато по археолошкото наоѓалиште Градиште. Претставува градиште од доцноантичко време. На 3 км североисточно од селото, на висок рид со димензии од 200 х 50 м се зачувани остатоци од бедем граден од камен и варов малтер. Во внатрешноста на тврдината се забележуваат темели од неколку помали објекти[3]. Освен тоа, во селото се наоѓа и археолошкото наоѓалиште Мездра. Претставува депо на монети од средниот век. Се состои од 72 златни чанковидни монети и една бронзена чанковидна монета, сите од XII век до XIII век. Присутни се монети од Исак II Ангел (1 златна), Јован III Ангел Дука Ватац (57 златни и една бронзена) и Михаил VIII Палеолог (17 златни). Монетите се чуваат во Заводот и музеј во Струмица.

Отоманско Царство

[уреди | уреди извор]

Во текот на XIX век, селото било мешано. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 23 семејства со 38 жители Македонци и 25 Турци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 400 жители Турци[6].

Југославија

[уреди | уреди извор]

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. По крајот на Втората светска војна, Чанаклија било вклученo во НР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија

[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Турци и 25 до 50 Македонци.[7]

Во 1961 година селото имало 496 жители. Во 1994 година во селото живееле 569 луѓе, од кои 278 Турци и 215 Македонци[2]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Чанаклија има 421 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 360
Албанци 0
Турци 22
Роми 4
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 35

На пописот од 2002 година, селото имало 598 жители. Следува табела на националната структура на населението[8]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 512
1953 106 433 15 1 555
1961 215 278 2 1 496
1971 378 35 413
1981 507 38 1 546
1991 515 42 557
1994 529 40 569
2002 554 41 3 598

До 1961 година, Турците сочинувале повеќе од половина од вкупниот број на население, но од наредната пописна 1971 година бројот на Турците значително се намалува, додека бројот на Македонците бележи благо зголемување. Намалувањето на Турците во селото се должи пред сè, на нивното постепено иселување во Турција, во средината на XX век.

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1810 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 479 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[3]
  • Градиште — градиште од доцноантичко време;
  • Мездра - депо на монети од средниот век;
Цркви[11]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.307.
  3. 3,0 3,1 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]