Радичево
Радичево | |
Поглед кон Радичево | |
Координати 41°32′18″N 22°34′5″E / 41.53833° СГШ; 22.56806° ИГД | |
Општина | Општина Василево |
Население | 386 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 27054 |
Надм. вис. | 281 м |
Слава | Илинден |
Радичево на општинската карта Атарот на Радичево во рамките на општината | |
Радичево — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Радичево се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во Струмичка Котлина и припаѓа на Општина Василево. Покрај селото пооминува патот Струмица-Радовиш. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 15 километри.
Надморската височина во селото е 281 метри додека селото зафаќа површина од 8,7 км2. Од нив 426 хектари се обработливо земјиште, 322 хектари се шуми и 49 се пасишта[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Антички период
[уреди | уреди извор]Ова населено место е познато по археолошкото наоѓалиште Грамади. Претставува населба од доцноантичкото време. На 3 км југозападно од селото, на простор од 150 х 100 м се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди[3].
Отоманско Царство
[уреди | уреди извор]Во текот на XIX век, селото било мешано. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 126 Македонци и 125 Турци[4][5]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 160 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[4][6].
Југославија
[уреди | уреди извор]По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС[7]. По крајот на Втората светска војна, Радичево било вклученo во НР Македонија, во составот на СФРЈ.
Македонија
[уреди | уреди извор]По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.
Демографија
[уреди | уреди извор]Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци и 150 Турци.[8]
Во 1961 година селото имало 407 жители. Во 1994 година во селото живееле 582 луѓе, од кои 562 биле Македонци, 15 Турци и 5 Срби[2].
На пописот од 2002 година, селото имало 590 жители. Следува табела на националната структура на населението[9]
Националност | Вкупно |
Македонци | 575 |
Турци | 12 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Власи | 1 |
Срби | 2 |
Бошњаци | 0 |
останати | 0 |
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Радичево има 386 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 332 |
Албанци | 0 |
Турци | 6 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
Други | 48 |
Родови
[уреди | уреди извор]Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.
Македонски
- Староседелци: Доневци и Тонетовци (8 к.), Минеовци (1 к.), и Станковци со Јовановци и Јаневци (7 к.)
- Доселеници: Сушевски (8 к.) доселени се во XVIII век од селото Сушево кај Штип.
Турски
- Доселеници: Реџеповци (4 к.), Мула-Асановци (4 к.) и Мемедовци (2 к.) стари доселеници; Хусеиновци (2 к.) доселени се од раселеното село Папино; Арифовци (1 к.) доселени се од раселеното село Џами Мале; Селимовци (1 к.) доселени се од раселеното село Аракли.[10]
Институции и знаменитости
[уреди | уреди извор]- Дом на култура
- Црква „Св. Ѓорѓи“
- ОУ „Гоце Делчев“
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1798 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 511 гласачи.[12]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.241.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 234.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138-139.
- ↑ Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивиски фонд на МАНУ к-9,AE 116/II I.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Општина Василево Архивирано на 25 јуни 2008 г.
„Радичево“ на Ризницата ? |
|