Гечерлија
Гечерлија | |
Улица во селото | |
Координати 41°29′3″N 22°42′46″E / 41.48417° СГШ; 22.71278° ИГД | |
Општина | Босилово |
Население | 282 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 27018 |
Надм. вис. | 240 м |
Гечерлија на општинската карта Атарот на Гечерлија во рамките на општината | |
Гечерлија или Нова Гечерлија — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Гечерлија се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во средишниот дел на Струмичка Котлина и во западниот дел на Општина Босилово. Поради својата должина, неговата територија се издига до сртот на планината Огражден, каде што допира со територијата на Општина Берово. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 11 километри.
Надморската височина во селото е 240 метри, додека селото зафаќа површина од 10,1 км2. Од нив, 427,3 хектари се обработливо земјиште, 465 хектари се шумска површина додека 82,8 се пасишта[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Отоманско Царство
[уреди | уреди извор]Во текот на XIX век селото било населено со турско население. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 450 жители Турци[3]. По крајот на Балканските војни, турското население во селото побегнало а на нивно место се населиле бегалци од Егејска Македонија, претежно од Кукуш[4].
Југославија
[уреди | уреди извор]По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ. Во текот на 1930-тите и 1940-ите години, во регионот имало голем процент на заболени од маларија. Поради тоа во 1935—1937 година, дел од српските колонисти од селото Гечерлија (Личани и Херцеговци), иако поседувале големо земјиште, биле принудени да ги напуштат своите домови и повторно да се вратат во своите матични домови, бегајќи од маларијата[5].
Македонија
[уреди | уреди извор]По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во 1961 година селото Гечерлија имало 269 жители. Во 1994 година во селото живееле 394 луѓе, сите Македонци[2].
Според Пописот на населението од 2002 година, селото имало 373 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 282 жители, од кои 272 Македонци, 1 Албанец и 9 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 450 | — | 167 | 184 | 269 | 333 | 375 | 376 | 394 | 373 | 282 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1819 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 299 гласачи.[12]
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 295 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Црква Теофил Струмички
- Тумба, археолошко наоѓалиште од доцноантичкото време и старохристијанска базилика.
- Основно училиште Гоце Делчев
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр. 59.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 161.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 244.
- ↑ Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969, стр. 305.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во
|title=
во положба 21 (help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Гечерлија“ на Ризницата ? |
|