Радово (Струмичко)
За други истоимени места, погледајте Радово.
Радово | |
Координати 41°27′59″N 22°45′56″E / 41.46639° СГШ; 22.76556° ИГД | |
Општина | Босилово |
Население | 804 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 27053 |
Надм. вис. | 208 м |
Радово на општинската карта Атарот на Радово во рамките на општината | |
Радово на Ризницата |
Радово — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Радово се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во централниот дел на Општина Босилово, лево од патот кој води од Струмица кон Ново Село, во средишниот дел на Струмичка Котлина. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 14 километри, додека селото граничи со Старо Балдовци, Иловица, Турново и Босилово.
Надморската височина во селото е 208 метри додека селото зафаќа површина од 4,2 км2. Од нив, 339 хектари се обработливо земјиште[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Ран период
[уреди | уреди извор]Местото каде денеска се наоѓа Радово постоело и пред освојувањето на овие простори од страна на Османлиите. Населбата егзистирала уште во средниот век, чие име е изведено од личното име Рада или Раде (Радослав) и од наставката „ово“.
Отоманско Царство
[уреди | уреди извор]Во времето кога Османлиите го освоиле регионот, започнала колонизација на селото од страна на муслимански семејства. Тие основале ново маало во селото. Тогаш населбата била поделена на две маала: Големо кое на турски било познато како Бузург Радова (Големо Радово) во кое живееле муслимани и Мало кое на турски било познато како Ќучук Радова (Мало Радово) во кое живееле христијани[3].
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Радово било село со 35 семејства, од кои 93 Македонци и 40 муслимани[4][5]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 440 жители Турци[6].
Царство Бугарија
[уреди | уреди извор]По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. Еноријатата „Св. Илија“ е продолжение на еноријата Св. Илија во село Алексово, денешна Грција, од каде се доселиле најголемиот број на унијатски верници во Радово, иако имало и од други села од кукушката околина како Мотилово, Рошлово, Морарци, Грамадна итн. Радовската енорија била основана веднаш со пристигнувањето на бегалците од Егејска Македонија. Заедно со нив во селото како бегалци пристигнале и свештениците Ѓорѓи Стојанов и Стојан Пецев. Стојанов со поголемиот дел од верниците заминал во селото Секирник каде ја основал црквата „Св. Никола“, додека во Радово должноста парох ја извршувал до 1916 година Стојан Пецев, кога истата била преземена од свештеникот Неделко Стојчев. Стојчев на таа позиција се задржал до 1918 година кога целиот Струмички крај паднал под српска власт, а самиот свештеник бил протеран.
Југославија
[уреди | уреди извор]По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, Радово било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.
Македонија
[уреди | уреди извор]По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Радово се наоѓа во средишниот дел на Струмичка Котлина. Бидејќи климата е подогна, населението главно се занимава со земјоделство. Во селото се наоѓа седиштето на млекарата „Здравје“, која со работа започнала во почетокот на 2002 година. Денес производството на млекарата е проширено и со нов производствен капацитет во Куманово[7].
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци и 100 Турци.[8]
Во 1961 година селото Радово имало 593 жители, од кои 567 Македонци и 25 Турци. Во 1994 година во селото живееле 884 луѓе, од кои 865 биле Македонци и 19 Турци[2].
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 851 жител, од кои 834 Македонци, 16 Турци, 2 Срби и 1 останат.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 804 жители, од кои 761 Македонец, 1 Албанец, 19 Турци и 23 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 440 | — | 516 | 606 | 593 | 679 | 762 | 882 | 884 | 851 | 804 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Религија
[уреди | уреди извор]Радово е едно од двете единствени села во Македонија со мнозинство население, кое верски припаѓа на католичката црква. На табелата е прикажана верската определба во селото од 2002 година:[9]
Вера | Жители | Проценти ( %) |
---|---|---|
Католици | 823 | 96,70 % |
Муслимани | 16 | 1,88 % |
Правславни | 9 | 1,05 % |
останати | 3 | 0,35 % |
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1822 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 714 гласачи.[16]
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 700 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Илија“, католичка црква.
- Џамија, муслимански храм во рушевини.
Личности
[уреди | уреди извор]- Киро Стојанов (р. 9 април 1959 ) - римокатолички бискуп на Скопската бискупија и Апостолски Администратор и Егзарх за Католиците од византиски обред во Македонија.
- Иван Ангелов - прв министер за земјоделство во независна Македонија и член на владата на Никола Кљусев
- Ристо Стојанов (р. 11 декември 1961) - пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ[18]
- м-р Стојан Манолев (р. 21 септември 1960)- поранешен претседател на Друштвото на физичари на Република Македонија, мандат 2009-2011г, http://dfrm.pmf.ukim.edu.mk/htm/kontakt.htm Архивирано на 6 март 2016 г., соавтор на учебник по физика за 2-ра година од струката лични услуги, техничар за очна оптика, http://www.e-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/85_Optika_II_MAK_PRINT.pdf[мртва врска]. магистрира на Природно-математичкиот факултет во областа на Методика на наствата по физика. http://www.pmf.ukim.edu.mk/files/magistri2016.pdf Архивирано на 20 ноември 2020 г.,
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.241.
- ↑ Колективната меморија зачувана во типичните обичаи и традиции на Општина Босилово
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900.
- ↑ „mlekarazdravje.com.mk“. Архивирано од изворникот на 2018-03-23. Посетено на 2017-04-18.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ 9,0 9,1 Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во
|title=
во положба 21 (help) - ↑ „Пратенички состав“. Собрание на Македонија. Посетено на 2010-12-04.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Радово (Струмичко)“ на Ризницата ? |
|