Прејди на содржината

Секирник

Координати: 41°26′17″N 22°47′38″E / 41.43806° СГШ; 22.79389° ИГД / 41.43806; 22.79389
Од Википедија — слободната енциклопедија
Секирник

Влезот на селото

Секирник во рамките на Македонија
Секирник
Местоположба на Секирник во Македонија
Секирник на карта

Карта

Координати 41°26′17″N 22°47′38″E / 41.43806° СГШ; 22.79389° ИГД / 41.43806; 22.79389
Општина Босилово
Население 871 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 27061
Надм. вис. 220 м
Слава Мала Богородица
Секирник на општинската карта

Атарот на Секирник во рамките на општината

Секирник — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Православна црква „Успение на Пресвета Богородица“
Католичка црква „Св. Никола Чудотворец“
ОУ „Кирил и Методиј“
Селска чешма
Дом на пензионери
Споменик на Русалиите

Секирник се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во источниот дел на Струмичка Котлина и во југоисточниот дел на Општина Босилово. Низ селото поминува патот Струмица-Ново Село, додека десно од селото поминува реката Струмица.

Надморската височина во селото е 220 метри, додека селото зафаќа површина од 8,8 км2. Од нив, 688 хектари се обработливо земјиште[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Ран период

[уреди | уреди извор]

Според преданието, во средниот век, во селото се изработувале секири, па оттука и името Секирник. Село Секирник има старо потекло, се споменува уште во средниот век. Од една повелба од 1328 година, со која се потврдува Хрељовото подарување на земји од Струмичко на Хилендарскиот манастир, се гледа дека до ова време како ситен феудалец (пронијар) во селото Секирник бил Ласкар Котаниц[3].

Отоманско Царство

[уреди | уреди извор]

Во турско време, според народното предание, ова село било населено со муслиманско население. Се претпоставува дека турските колонисти доведени од пределите на Мала Азија, го истиснале христијанското население, и на нивно место се населиле Турци[4].

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 80 семејства од кои 183 Македонци, 56 муслимани и 13 Роми.[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 730 жители Турци[7]. Како чисто турско село населбата е обележана на Етнографската карта од 1912 година, со името Секирник.

Царство Бугарија

[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. Голем дел од муслиманското население ги напуштило своите домови. По крајот на војната, кога се дознало за одлуката дека селото и Струмичкиот крај ќе и припаднат на Бугарија, грчките војски пред да се повлечат од овие простори извршиле голем број на насилства. Селото делумно било опожарено. Во овој период во селото се населиле и македонски бегалци од Кукуш, кои биле протерани од Грција[8]. Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Секирник живееле 15 Турци[9].

Југославија

[уреди | уреди извор]

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион. Во 1932 година била изградена православната црква „Успение на Пресвета Богородица“. По крајот на Втората светска војна, селото било вклучено во рамките на СФРЈ.

Македонија

[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово. Во 2007 година била изградена католичката црква „Никола Чудотворец“. Пред тоа цели седум години постоело спор на месното население за обновување на овој храм со образложение дека во селото нема католици[10]. Во текот на 2016 година бил реконструиран Домот на културата во селото[11].

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948715—    
1953797+11.5%
1961966+21.2%
19711.147+18.7%
19811.222+6.5%
ГодинаНас.±%
19911.240+1.5%
19941.198−3.4%
20021.194−0.3%
2021871−27.1%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[12]

Во 1961 година селото Секирник имало 966 жители. Во 1994 година во селото живееле 1.190 луѓе, сите Македонци[2].

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.194 жители, сите Македонци.[13]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 871 жител, од кои 801 Македонец, 1 Албанец, 1 останат и 68 лица без податоци.[14]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 730 715 797 966 1.147 1.222 1.240 1.198 1.194 871
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[15]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[16]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[18]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постојат избирачките места бр. 1824 и 1824/1 според Државната изборна комисија, сместени во дом на културата.[19]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.070 гласачи.[20]

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.063 гласачи.[21]

Личности

[уреди | уреди извор]

Личности родени во Секирник:

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
  • Средби на Русалискиот фолклор[22]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]
  • КУД „Русалии“
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.259.
  3. Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.
  4. КОЛЕТКТИВНАТА МЕМОРИЈА ЗАЧУВАНА ВО ТИПИЧНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО
  5. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900.
  8. СТРУМИЦА И СТРУМИЧКО ВО ВРЕМЕТО НА БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ И БУКУРЕШКИОТ МИРОВЕН ДОГОВОР
  9. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 244.
  10. Осветена новоизградената католичка црква во Секирник[мртва врска]
  11. Реконструкција на Домот на културата во Секирник[мртва врска]
  12. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  13. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  14. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  15. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  16. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  17. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  18. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  19. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
  20. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-13. Посетено на 21 декември 2019.
  21. „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во |title= во положба 21 (help)
  22. „Бегалците од Кукуш заиграа во Секирник“. Архивирано од изворникот на 2014-08-31. Посетено на 2017-04-21.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]