Прејди на содржината

Драменџик

Координати: 40°44.13′N 23°9.32′E / 40.73550° СГШ; 23.15533° ИГД / 40.73550; 23.15533
Од Википедија — слободната енциклопедија
Драменџик
Δρακόντιο
Драменџик is located in Грција
Драменџик
Драменџик
Местоположба во областа
Драменџик во рамките на Лагадина (општина)
Драменџик
Местоположба на Драменџик во Лагадина и областа Централна Македонија
Координати: 40°44.13′N 23°9.32′E / 40.73550° СГШ; 23.15533° ИГД / 40.73550; 23.15533
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадина
Надм. вис.&10000000000000150000000150 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно217
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Драменџик (грчки: Δρακόντιο, Дракондио; до 1927 г. Δραμεντζίκ, Драменѕик[2]) — село во Лагадинско, Егејска Македонија, денес во општината Лагадина на Солунскиот округ, Грција. Населението брои 217 жители (2021). Сè до Балканските војни било населено со Турци.[3]

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во источниот дел на Лагадинското Поле, во западното подножје на Богданска Планина и лежи на Стара Река (Στάρα ριέκα). Оддалечено е на 10 км југоисточно од Лагадина и на 4 км северно од Лагадинското Езеро.

Историја

[уреди | уреди извор]

Драменџик било село во Лагадинската каза населено со Турци. Селото настрадало во Балканските војни, па затоа во 1913 г. се води како напуштена населба. Вo 1920 г. имало 21 жител, сите од машки пол, што укажува на тоа дека се работи за работници на велепоседнички имот.[3] Селото било преземено од државата и во него се доселени грчки колонисти.

Во 1928 г. селото веќе имало 133 лица (36 семејства), сите грчки дојденци.[4] Во 1940 г. населението се покачило на 301 лице, но подоцна почнало постешено да опаѓа.[3]

Населението се занимава со производство на тутун, пченица и други земјоделски култури.[3]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 301 277 301 266 224 283 231 217
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Посетено на 12 април 2021. Занемарен непознатиот параметар |издател= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 281. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  5. „Αρχιερατική Περιφέρεια Κολχικού“. Ιερά Μητρόπολη Λαγκαδά, Λητής και Ρεντίνης. Посетено на 18 август 2016.