Клепе
Клепе Λευκοχώρι | |
---|---|
Координати: 40°55′N 23°4′E / 40.917° СГШ; 23.067° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски округ |
Општина | Лагадина |
Општ. единица | Лахна |
Надм. вис. | 500 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 249 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Клепе (грчки: Λευκοχώρι, Левкохори; до 1926 г. Κλέπε, Клепе[2]) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 249 жители (2021).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадин на Богданска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 500 метри. Источно од него се наоѓа истоимената ниска планина Клепе (878 м).
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век Клепе е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1000 жители Турци[3][4].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[5]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 938 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 670 жители.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Левкохо̀ри.[6]
Население
[уреди | уреди извор]Во 1928 година селото броело 294 жители.[7], додека во 1940 година селото броело 475 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 543 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 392 жители, во 1971 година имало 382 жители, во 1981 година имало 334 жители, додека во 1991 година имало 321 жител[8]. Денеска, населението на селото е 406 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 475 | 543 | 392 | 382 | 334 | 321 | 406 | 236 | 249 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 7 мај 2024.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 171.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 104.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-22.
|