Отманли Маала
Отманли Маала Μαυρορράχη | |
---|---|
Координати: 40°51′N 23°6′E / 40.850° СГШ; 23.100° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски округ |
Општина | Лагадина |
Општ. единица | Лахна |
Надм. вис. | 652 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 20 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Отманли Маала (грчки: Μαυρορράχη, Маврорахи; до 1927 г. Οτμανλή Μαχαλάδες Отманли Махаладес[2]) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 20 жители (2021).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадина на Богданска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 652 метри.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век Отманли Маала е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 500 жители Турци[3].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[4]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Маврорахи.[5].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Μαυρορράχη
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 171.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
|