Економска историја
- Оваа статија се однесува на академското поле на истражување. За историски настани погледнете Економска историја на светот, а за промени во економските идеи погледнете Историја на економските теории.
Економската историја претставува изучување на економијата или економските феномени во минатото. Анализите во економската историја се спроведуваат со употреба на комбинација од историски, статистички методи и теорија на применета економија во историски ситуации и институции. Во темата се вклучени бизнис историја, финансиска историја и делови од областа на општествената историја како историска демографија и историја на трудот. Квантитативната економетриска економска историја е, исто така, поврзан со клиометријата.[1]
Развивање во одделно поле на истражување
[уреди | уреди извор]Сфаќањето на економската теорија како дисретна академска дисциплина, долги години, претставувало спорно прашање. Академците од „London School of Economics“ и „University of Cambridge“ имале бројни расправии околу разделбата на економијата и економската историја во текот на повоениот период. Економистите од „University of Cambridge“ верувале дека економијата вклучува и компоненти од економската историја и дека двете полиња на истражување биле нераздвојно поврзани. Од друга страна, економистите од лондонската економска школа (ЛЕШ) верувале дека економската историја има свои цели, истражувачка агенда и академско место, одделно од популарната економија.
Во почетниот период од развојот на темата, економистите од ЛЕШ успеале да ја раздвојат економската историја од економијата. Многу универзитети од ОК развиле независни програми за економската историја вкоренети во моделот на ЛЕШ. Накратко потоа, друштвото за економска историја имало своја инаугурација во 1926 во ЛЕШ и универзитетот во Кембриџ, со тек на времето, воспоставил и свои одделни програми за економска историја. Сепак, последните дваесет години посведочиле за приближувањето на овие две одделни програми во ОК и за обединувањето на дисциплините, без разлика дали при економски или истористи оддел. Само ЛЕШ и универзитетот во Глазгов ги зачувале одделните департмани на економската историја и економијата и биле единствени кои нуделе додипломски и постдипломски студии по економска историја. Најголемиот дел од запишаните економски историчари (од британските средни училишта) се сконцентрирани во ЛЕШ, Глазгов и Оксфорд.
Во САД, економската историја била долго означувана како дел од применета економија. Како последица на тоа, во САД нема дипломирани економски историчари кои ги завршиле студиите на некој од универзитетите во соединетите држави. Наместо тоа, економската историја се смета за компонента на стандардната економска програма за докторат во некои универзитети меѓу кои „University of California, Berkeley“, „Harvard University“, „Northwestern University“ и „Yale University“.
Во текот на последните неколку декади, кај економските историчари, на чело со Даглас Норт, постои тенденција за оддалечување од квантитативните истражувања кон институционалното, општественото и влијанието на историксата култуара врз еволуцијата на економијата.[2][a 1] Сепак, овој тренд бил критикуван најмногу од Франческо Болдизони како форма на економски империјализам „кој го шири неокласичниот истражувачки модел сè до царството на општествените односи“.[3] Спротивно на тоа, економистите специјализирани во други научни предмети започнале да пишуваат на теми во врска со економската историја.[a 2]
Однос помеѓу економијата и економската историја
[уреди | уреди извор]Имај многу силна почит кон изучувањето на економската историја бидејќи тоа е суровиот материјал од кој произлегува секоја твоја претпоставка или тестирање. |
—Пол Семјуелсон (2009)[4] |
Економистот Ирвинг Фишер од „Yale University“ во својата книта „Должничка-дефлациона теорија на големата депресија“ од 1933, пишувал и за врската помеѓу економијата и економската историја - „Како единица за истражување можеме да земеме вистински историски настан на голема дерамнотежа, како на пример паниката од 1873; или, пак, како единица за проучување можеме да ја земеме било коа составна тенденција, како на пример дефлација и откривањето на општите закони. Првото е најнапред економска историја; второто е примарно економска наука. И двата вида на истражување се исправни и важни и си помагаат меѓусебно. Паниката од 1873 може да биде разбрана само доколку се обелоденат разните вмешани стремежи-дефлација и друго, а, пак, дефлацијата може да биде разбрана само доколку се обелоденат разните историски манифестации - паниката од 1873 и други.“
Постои и теоретска школа каде се развива мислата на економските историчари која ја разделува економската историја (изучувањето на тоа како економските настани еволвирале во минатото) од историската економија (тестирањето на севкупноста на економската теорија употребувајќи историска доследност). Американскиот економски историчар Чарлс П. Киндлебергер го објаснил овој процес во неговата книга „Историска економија: Уметност или наука?“ од 1990.[5] Со цел да се нагласи оваа диференцијација, едно од професионалните друштва на економски историчари во Европа е наречено „Европско друштво на историска економија“
Новата економска историја, позната и како клиометрија, се однесува на систематската употреба на економскта теорија и/или економетриските техники во изучувањето на економската историја. Терминот клиометрија, за првпат, бил употребен од Џонатан Р. Т. Хјуџис и Стенли Рејтер во 1960 и се однесува на Клио, музата на историјата и херојската поезија во старогрчката митологија. Клиометричарите тврдат дека нивниот пристап е неопходен бидејќи примената на економијата е од големо значење во пишувањето на солидна економска историја, додека, пак, историчарите во основа се противат на овој начин на гледање кон науката предупредувајќи за генерирање анахронизми. Раниме клиометричари бил еден вид на историчари на контрафакти. Сепак, контрафакторизмот повеќе не е нивна карактеристична особина. Некои тврдат дека деновите од 1960-тите и 1970-тите на клиометричарите се поминати и дека сега се занемарени од страна на економичарите и историчарите.[6]
Економски историчари кои добиле Нобелова награда
[уреди | уреди извор]- Милтон Фридман ја добил Нобеловата награда за економија во 1976 за „достигнувањата во полето на анализа на потрошувачката, монетарната историја и теорија и за неговата демонстрација на комплексноста на стабилизационата политика“.
- Роберт Фогел и Даглас Норт ја добиле Нобеловата награда во 1993 за „обновување на истражувањата во економската историја со примена на економската теорија и квантитативните модели со цел да ја објаснат економијата и институционалната промена“.
- Мертон Милер, кој ја започнал својата академска кариера како професор по економска историја на лондонската школа за економија, ја добил Нобеловата награда во 1990 заедно со Хари Марковиц и Вилијам Шарп.
Значајни економски историчари
[уреди | уреди извор]
|
|
|
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Ценовна револуција
- Големата криза
- Историја на економските теории
- Европско здружение за банкарство и финансиска историја
- Антропометрична историја
- Економска историја на Европа
- Список на рецесии
- [[Список на региони во минатото според БДП по глава на жител
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Журнали
[уреди | уреди извор]- Cliometrica: Проблеми & колумни врски[мртва врска], в. 1, 2007–
- Economic History Review: Проблеми & колумни, прва страна врски, в. 1927–
- Explorations in Economic History: Проблеми & колумни [http://www.sciencedirect.com/science/journal/00144983 врски, в. 7, 1969–
- Journal of Economic History: Проблеми & колумни-апстракт, врски, в. 1, 1971–
Професионални здруженија
[уреди | уреди извор]- „Economic History Society (UK)“, издавател на „Преглед на економската историја“
- „Economic History Association (US)“, издавател на Journal of Economic History
- „The European Association for Banking and Financial History“ e. В., издавател на Financial History Review
- „International Economic History Association (IEHA)“
Историски статистики
[уреди | уреди извор]- „Groningen Growth and Development Centre Total Economy Database“— Серии за БДП, популација, вработенос, работни семејства, БДП по глава на жител и продуктивност (од личност за еден саат) од 1950 до 2006
- Збир на податоци за глобални финансии
- Historicalstatistics.org— Врски до историски економски статистики за различни држави и региони.
- „Maddison“ (2006), Светската економија Economy, „OECD“, Париз.
Скорешни и идни конференции за економска историја
[уреди | уреди извор]- „Economic History Society Annual Conference 2012“ Архивирано на 13 мај 2010 г.
- „Economic History Association Meetings 2012“ Архивирано на 30 јули 2012 г.
- XV „World Economic History Congress 2013“
- XVI „World Economic History Congress 2012“
- „Eighth Conference of the European Historical Economics Association“ Архивирано на 26 јуни 2009 г.
Економско историски услуги
[уреди | уреди извор]- EH.Net Економско историски услуги, вклучувајќи и историска енциклопедија, прашај го професорот, преглед на книги, податоци, директориуми, библиографии, списоци на емајли и инфлационен дигитрон.
- EH.Net Енциклопедија Архивирано на 13 февруари 2007 г.:
- Австралија Архивирано на 12 мај 2008 г.
- Хаваи Архивирано на 16 мај 2008 г.
- Хонгконг Архивирано на 13 февруари 2007 г.
- Индонезија Архивирано на 21 април 2008 г.
- Израел Архивирано на 29 мај 2009 г.
- Јапонија Архивирано на 16 мај 2008 г.
- Кореја Архивирано на 12 декември 2011 г.
- Малезија Архивирано на 1 декември 2010 г.
- Нов Зеланд Архивирано на 30 јули 2011 г.
- Норвешка Архивирано на 28 октомври 2013 г.
- Португалија Архивирано на 25 август 2012 г.
- Шведска Архивирано на 30 септември 2007 г.
- Тајван Архивирано на 24 април 2008 г.
- Уругвај
- EHE - Економска историја на Европа Архивирано на 4 август 2010 г.— за студенти по економска историја, вклучувајќи врски до големи бази на податоци, технолошки описи, примери од употреба на податоци и форум за економски историчари.
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ На пример:
• Џорџ Кларк (2006), A Farewell to Alms: A Brief Economic History of the World, Опис, содржина Архивирано на 30 декември 2011 г., поглавје 1 врска и прегледн на „Google“.
• И. Артс о Х. ван дер Ви, 2002. „Економска историја“, International Encyclopedia of the Social & Behavioral Sciences стр. 4102-410. Апстракт. - ↑ На пример:
• Кармен М. Рејнхарт и Кенет С. Рогоф (2009), Ова време е различно: Осум века на финансиска лудост. „Princeton“. Опис, поглавје 1 стр. 3-20) и преглед на поглавје - врска.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Роберт Ваплис (2008). „Клиометрија“ во The New Palgrave Dictionary of Economics од С. Дурлоф и Л. Блум, второ издание Апстракт.
- ↑ Даглас Норт (1965). „Државата на економската историја“, American Economic Review, 55(1/2), стр. 86-91.
- _____ (1994). „Economic Performance through Time,“ American Economic Review, 84(3), стр. p. 359-368. Издадено и како Ноблово предавање.
- ↑ Франческо Болдизони (2011), „Сиромаштијата на Клио: Воскреснувањето на економската историја“. „Princeton: Princeton University Press“, стр. 18 [1]
- ↑ Кларк Конор (18 јуни 2009). „Интервју со Пол Семјуелсон, втор дел“. „The Atlantic“. Посетено на 26 ноември 2011.
- ↑ Чарлс Киндлебергер (1990), Историска економија: Уметност или наука?, „University of California Press, Berkeley“
- ↑ Роберт Ваплис, „Дали економската историја е заборавено поле на истражување?“, Historically Speaking (април 2010) в. 11 #2 стр. 17–20, со огровори на стр. 20–27
|