Мачук (Струмица)
„Мачук“
| |
| |
Местоположба | 41°26′15″N 22°38′35″E / 41.43750° СГШ; 22.64306° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Струмица |
Општина | Струмица |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Мачук — археолошко наоѓалиште во Струмица, Општина Струмица.
На археолошкиот комплекс Орта џамија му припаѓа и локацијата позната кај населението под името Мачуко, што се наоѓа во стариот дел на Струмица, на аголот од улиците „Тодор Чучков“ и „Стив Наумов“. Со машинското копање на темели за изградба на куќа се откриени и оштетени или делумно уништени делови од постар архитектонски објект. Интервентните заштитни ископувања во 1988-91 година од Заводот и музеј покажале дека се работи за објект со повеќе простории во кои се најдени: поден мозаик, подлога од поден мозаик, под од тули украсени со пластично изведени крстови, ѕидови со мачканица на која се зачувани фрагменти од живопис, јами, керамички садови, фрагменти од градежна керамика, како и делови од архитектонска и декоративна пластика.
Остатоците од архитектура се протегаат и надвор од габаритот на локацијата, во сите правци, што укажува на монументалноста на објектот. Според опусот и техниката на ѕидањето, постојат две градежни фази. На постарата фаза ѝ припаѓаат просториите ѕидани со камен и кал и со подови од тули, а на помладата фаза останатите простории ѕидани со кршен камен и варов малтер, со подни мозаици и остатоци од живопис. Со оглед на местоположбата, големината, архитектонската концепција и остатоците од ентериерот, може слободно да се претпостави дека се работи за голем објект од типот палати од времето на 4 -6 век. Со него се прошируваат податоците и сознанијата за доцноантичката населба што била подигната во стариот дел на денешна Струмица[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко;
- Марково Кале
- Градско паркче
- Катастарска парцела 3730
- Орта џамија
- Самарница
- Црква “Св. Петнаесет тивериополски маченици“
- Тивериопол
- Струмичко Кале
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Мачук (Струмица) на Ризницата ?
|
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Струмица
- Археолошки наоѓалишта во Општина Струмица
- Археолошки наоѓалишта во Струмичко
- Културно наследство на Македонија во Општина Струмица
- Археолошки наоѓалишта во Струмица