Могорче
Могорче | |
Панорамски поглед на селото | |
Координати 41°31′50″N 20°37′23″E / 41.53056° СГШ; 20.62306° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Дебар |
Област | Мала Река |
Население | 1.334 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1250 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 08026 |
Надм. вис. | 1.020 м |
Мреж. место | Могорче |
Могорче на општинската карта Атарот на Могорче во рамките на општината | |
Могорче на Ризницата |
Могорче — село во Општина Дебар, во областа Мала Река, во околината на градот Дебар. Селото е населено со Македонци-муслимани, Мијаци, од кои дел се изјасниле како Турци, поради политичко-религиски причини. Крај селото се наоѓа прочуениот мост Елен Скок.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Ова релативно големо село се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Дебар, на северните падини на планината Стогово, а од левата страна на реката Радика, а чиј атар се допира со подрачјето на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.020 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 17 километри.[2]
Селото Могорче се наоѓа во Мијачијата, односно во Малореканскиот крај, на самиот премин од селата во Горна и Долна Река. Сместено е на терасеста површина, на иста височина и страна како соседното село Осој.[3]
До селото води регионалниот пат 29280, кој се двои од регионалниот пат 2246 после Бошков мост.
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Друго Село, Соколески Нивје, Куноски Аргач, Дурмишица, Оџов Лаз, Дуров Лаз, Под Камен и Кремење.[3]
Селото има збиен тип, а улиците излегуваат на сретсело. Куќите се подигнати на падините и на тераси.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на Могорче е населено уште од доцноантичко време, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[4]
Денешната месноста Друго Село некогаш била населена. Во минатото, Могорче било големо христијанско село.[3]
Познатиот мост Елен Скок своето име го добил по животното елен, за кој постои легенда во Могорче дека за време на празникот Ѓурѓовден, кога имало прослава на 270 момци и девојки се појавил елен од шумата, кој момците го избркале и тој побегнал со еден скок преку Мала Река на местото каде денес е мостот. При скокот ја скршил ногата и така ранет заминал за Галичник, каде го излечиле и го пуштиле во шумата. Поради тоа, еленот го благословил Галичник да се намножува, додека Могорче го проколнал да се намалува.[3]
Во трудот „Галичник и Мијаците“ од Риста Огњановиќ-Лоноски, тој запишал дека исламизацијата на село Могорче се случила во 1877 година, кога во селото дошле Албанци, зулумќари и арамии, од селата Црнилиште и Десово од Прилепско.[5]
Вкупно 9 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[6]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото зафаќа простор од 12,8 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 740 хектари, на пасиштата отпаѓаат 270 хектари, а на обработливото земјиште 176 хектари.[2]
Во основа, може да се каже дека селото има мешовита аграрна функција.[2]
Население
[уреди | уреди извор]Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 50 домаќинства со 18 жители муслимани (Македонци) и 120 христијани (Македонци).[7]
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Могорче живееле 786 жители, сите Македонци (770 муслимани и 16 православни).[8] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Могорче имало 8 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[9]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Могорче се води како македонско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 106 куќи.[10]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[11]
Могорче е имиграциска населба, којашто прераснала од средна, во голема селска населба. Така, селото во 1961 година броело 788 жители, од кои 764 биле Турци, 10 Албанци и 13 жители Македонци, а во 1994 година 1.630 житело, од кои 935 биле Македонци, 169 Турци и 525 жители се декларирале како други (муслимани).[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според пописот од 2002 година селото броело 1.794 жители, од кои:[12] 1.408 Македонци, 376 Турци, 1 Ром, 1 Албанец, 1 Бошњак и 7 останати.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.334 жители, од кои 104 Македонци, 14 Албанци, 884 Турци, 2 Бошњаци, 10 останати и 320 лица без податоци.[13]
Целосното муслиманското население на селото се Македонци-муслимани, но поради политичко-религиски причини се пишале како Турци. Во тој однос, треба да се напомене дека селото е населено исклучиво со Македонци, бидејќи жителите попишани како Турци се всушност Македонци-муслимани како и сите останати жители на селото. Доказ за тоа е наглата промена во изјаснувањето на жителите како Македонци и Турци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 786 | 688 | 652 | 703 | 788 | 1.089 | 1.297 | 1.642 | 1.630 | 1.794 | 1.334 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[14]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[15]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]
Родови
[уреди | уреди извор]Како главни родови по кои се именувани и маалата во селото се:[3]
- Муслимански родови: Сарџовци или Рамчовци (20 к.), Мучовци (30 к.), Никлевци (10 к.) и Добевци (15 к.); и
- Христијански родови: Трипуновци (3 к.).
Иселеништво
[уреди | уреди извор]По завршувањето на Втората светска војна (1941-1945), селото доживувало големи промени во поглед на миграцијата. Од 1959 до 1971 година имало голема преселба на жителите на селото во Турција. Економската миграција се случувала во периодот од 1965 кон Австрија, а од 1968 па сѐ до 1980 кон Германија, кога стагнирала до 1992 година. За време распадот на СФРЈ, жителите на Могорче биле на крстопат кој пат да го фатат, така од 1992 до денес најзастапена е стопанската, но и семејната миграција кон Италија.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Основно училиште „Мирче Ацев“, подрачно деветгодишно основно училиште во состав на ОУ „Ристе Ристески“ - Долно Косоврасти
- Средно училиште „Здравко Чочковски“, подрачно средно училиште во состав на СУ „28 Ноември“ - Дебар
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Кон крајот на XIX век, Могорче било село во Реканската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Дебар, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Дебар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Косоврасти, во која влегувале селата Горно Косоврасти, Горно Мелничани, Долно Косоврасти, Долно Мелничани, Могорче, Осој и Скудриње. Во периодот 1950-1952 година селото било дел од некогашната Општина Долно Косоврасти, во која влегувале селата Горно Косоврасти, Долно Косоврасти, Горно Мелничани, Долно Мелничани, Могорче и Осој.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постојат избирачките места бр. 0477 и 0477/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место се опфатени и селата Гари и Осој.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.725 гласачи.[19] На локалните избори во 2021 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.852 гласачи.[20]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[4]
- Богородица — средновековна црква;
- Вранска Краста — доцноантичка фортификација;
- Кошари — некропола од римско време; и
- Николица — средновековна населба и некропола.
- Цркви[3]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — мала црквичка
- Постојат и рушевини од црквите „Св. Спас“ и „Св. Богородица“.
- Џамии[21]
- Џамија — главна селска џамија
- Мостови
- Езера[22]
- Реки[23]
-
Главната селска џамија
-
Мала Река
-
Белешница
-
Ледничкото езеро Маруша
-
Мостот Елен Скок
Редовни настани
[уреди | уреди извор]- Селска слава[3]
- Спасовден, поранешна селска слава на православното население
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на селото од соседното село Осој
-
Селските гробишта
-
Чешма во селото
-
Чешмата пред селото на местото Бошков мост
-
Стара куќа во селото
-
Селските гробишта
-
Улица во селото
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 199.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Смиљаниќ; Тома (1925). Mijaci, Gorna Reka i Mavrovsko Polje. Белград: Српска кралска академија. OCLC 28398861.
- ↑ 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 121. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Ристовска-Јосифовска, Билјана (2013). „Риста Огњановиќ-Лоноски за македонската историја и култура (дискурс од првата половина на XX век)“. Во Луческа, Ели; Димески, Звонко (уред.). 105 години од раѓањето на Јозеф Обрембски. Институт за старословенска култура - Прилеп, Институт за словенска филологија УАМ - Познањ. стр. 213. ISBN 978-608-4523-06-2.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 170-171.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 263.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 48.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2023-01-07. Посетено на 7 јануари 2023.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Василески, Драган (1989). „Леднички езера на планината Стогово“. Географски разгледи: 149.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 10. ISBN 978-9989-2117-6-8.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Могорче“ на Ризницата ? |
|