Прејди на содржината

Хаме

Координати: 41°33′6″N 20°31′36″E / 41.55167° СГШ; 20.52667° ИГД / 41.55167; 20.52667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Хаме

Поглед на Хаме

Хаме во рамките на Македонија
Хаме
Местоположба на Хаме во Македонија
Хаме на карта

Карта

Координати 41°33′6″N 20°31′36″E / 41.55167° СГШ; 20.52667° ИГД / 41.55167; 20.52667
Регион  Југозападен
Општина  Дебар
Област Горен Дебар
Население 19 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1250
Повик. бр. 046
Шифра на КО 08001
Хаме на општинската карта

Атарот на Хаме во рамките на општината
Хаме на Ризницата

Хаме — село во Општина Дебар, во областа Горен Дебар, во околината на градот Дебар.

Потекло и значење на името

[уреди | уреди извор]
Сретселото

Името на селото првпат е забележано во XVI век (1583 г.) во турски документи како Хаме маало во Раховник, а подоцна и само како Хаме или Хомеш. Името Хомеш веројатно доаѓа од личното име Хом(е), изведено од името на христијанскиот светец Пахомие. Постои верување дека името Хаме пак доаѓа од муслиманското лично име Хамед.[2]

Бранислав Русиќ во својата книга „Дебарско Поле“ забележал дека мештаните селото го нарекувале Хаме, додека соседните Македонци го нарекувале Аме. Во преписот на Слепчанскиот поменик од страна на Бигорскиот манастир во 1863 година е наведено како Хаме, додека во 1881 година на француски јазик е запишано како Хамет (Hamett). Кон крајот на XIX век, селото е запишувано како Аме, додека во сите понови записи како „Хаме“. Селаните сепак не го знаат потеклото и значењето на името.[3]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Дебар, на оддалеченост од градот Дебар од околу 4 километри.[4] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 830 метри.[4] Селото се наоѓа на југозападните падините на планината Дешат.

Кривци има заеднички селски атар со соседното село Кривци. Се смета дека за време на отоманскиот период, овој атар припаѓал на самиот град Дебар, односно на неговото Бајрамбег-Маало. Селото се наоѓа помеѓу земјиштето на Баниште на север, Горно Косоврасти на исток, Татар Елевци на југоисток, Кривци на југ и Селокуќи и Спас на запад.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Старче Бојишта, Ров, Краста, Ѓино(в) Гроб, Орлов Камен, Свети Илија, Ливади Чаушит, Рудина, Вирои, Ливада Пашас, Секирски Камен или Гури Спита, Равен, Свети Никола, Параспор (Параспур), Песок, Постоло(а) Нива, Голем Пот или Ода Маде, Шпела, Тесен Пот или Ода Ол, Пот Клобучишки, Бозиште, Ореше, Осој, Ливада Љатова, Делениче, Стара Леска, Странца, Корија, Чифлигу и Грамадиште.[3]

До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 1202.

Земјиштето на исток од Хаме е косо, планинско и варовничко, додека на запад е ниско и рамно поле, со растресита црница и црвеница.[3]

Низ селото тече потокот Прој и Река, кој не прави никаква штета дури ни кога ќе надојде, бидејќи селаните имаат засадено багреми околу неговото корито. Извира кај месноста Стара Леска. Во минатото, водата за пиење била од Голема Чешма (Чешма Маде), која се наоѓа на десниот брег на селскиот поток и од Стапанице (во горниот дел).[3]

Селото се наоѓа на осојна страна. Се состои од два краја, Мале Епр (Горно Маало) и Мале Поштер (Долно Маало), кои се раздвоени од селскиот поток. Куќите во горниот дел на селото се позбиени отколку во долниот дел. Куќите се свртени кон југ и запад и во најголем дел се од камења.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]
Амбар во селото

Подрачјето на Хаме е населено уште од средниот век, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[5]

Селото некогаш било скоро целосно населено од македонско население, за што говори некогашната црква „Св. Никола“, која се наоѓала под селото, околу која има видни остатоци од гробишта со дрвја. На брдото на кое се наоѓа новото основно училиште во селото, се наоѓала црква со гробишта, додека во горниот крај на селото е раскопано место Гробишта, на кое исто така имало црква со гробишта.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото е заеднички со соседното село Кривци и зафаќа простор од 6,9 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 293 хектари, на шумите отпаѓаат 240 хектари, а на пасиштата 72 хектари.[4]

Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.[4]

Мештаните се занимавале со земјоделство, но и со сточарство, додека понекогаш во минатото работеле и како надничари надвор од своето село. Во селото во минатото имало три воденици, искористувајќи ја топлата вода од соседното село Баниште.[3]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948182—    
1953194+6.6%
1961228+17.5%
1971258+13.2%
1981268+3.9%
ГодинаНас.±%
199124−91.0%
1994307+1179.2%
2002135−56.0%
202119−85.9%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 53 домаќинства со 87 жители муслимани (Македонци) и 13 жители христијани (Македонци).[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Хаме живееле 160 жители, сите Албанци.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Албанци.[8]

Во Хаме живее албанско население, коешто во 1961 година броело 228, а во 1994 година 307 жители.[4]

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Хаме, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[б 1]

Според пописот од 2002 година, во селото Хаме живееле 135 жители, сите Албанци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 19 жители, од кои 4 Албанци и 15 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 160 182 194 228 258 268 24 307[б 2] 135 19
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Хаме е албанско село.[3]

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото биле:

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Покрај муслиманското население во селото порано живеело и православно население. Но тие целосно се иселиле од селото. Од Македонците се иселиле два рода, тоа биле Бекчевци и Амчевци. Некои отишле во Дебар, а други во Бугарија, во Софија.[3]

Од Албанците муслимани населението до 1954 година мигрирало во Дебар (Велијовци, 3 к., Карпузовци, 3 к., Љатовци, 1 к., Али-Аговци, 2 2 к., Стреза, 1 к., Чакалник, 3 к., Љазеровци, 1 к.), Гостивар (Карпузовци, 1 к.) и Тирана (Чаушовци, 1 к.).[3]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
  • Поранешно основно училиште, кое било изградено во 1946 година и во него учеле и децата од Кривци

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век, Хаме било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Дебар, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Дебар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Дебарска градска општина, во која влегувал градот Дебар и селата Баниште, Бомово, Елевци, Коњари, Кривци, Рајчица, Селокуќи, Спас и Хаме. Во периодот 1950-1952 година селото било дел од некогашната Општина Баниште, во која влегувале селата Баниште, Кривци и Хаме.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]
Селската џамија

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0550 според Државната изборна комисија, сместено во простории на поранешната касарна во Дебар. Во ова избирачко место се опфатени и селата Баниште и Кривци.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 301 гласач.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 306 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[5]
  • Равен — средновековна некропола; и
  • Црква — средновековна некропола.
Џамии[18]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 196. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 Русиќ, Бранислав (1954). Дебарско Поле. Скопје: Филозофски факултет - Скопје. стр. 162–164.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 309.
  5. 5,0 5,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 123. ISBN 9989-649-28-6.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 170-171.
  7. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 259.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 6 јануари 2023.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 јануари 2023.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2023-01-01. Посетено на 18 јануари 2023.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Забелешки
  1. Во Пописот од 1991 година, во населените места: Страчинци, Љуботен, Арачиново, Грушино, Мојанци, Орланци, Боговиње, Жеровјане, Пирок, Милетино, Радиовце, Теново, Челопек, Горно Јаболчиште, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Врапчиште, Топлица, Вруток, Долно Јеловце, Здуње, Речане, Балин Дол, Беловиште, Гостивар, Дебреше, Мало Турчане, Чајле, Баниште, Дебар, Кривци, Селокуќи, Хаме, Делогожди, Корошишта, Ливада, Мислодежда, Ново Село (Делогожди), Горна Бањица, Долна Бањица, Симница, Долна Лешница, Желино, Озормиште, Требош, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Зајас, Колари, Лешница, Палиград, Смесница, Копанце, Шемшево, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Камењане, Кичево, Долно Свиларе, Кондово, Радуша, Рудник Радуша, Бедиње, Горно Коњаре, Д`лга, Куманово, Лопате, Романовце, Сопот, Табановце, Черкези, Белановце, Матејче, Никуштак, Опае, Ропалце, Жужње, Нистрово, Сенце, Тануше, Добри Дол, Калиште, Неготино-Полошко, Сенокос, Бериково, Гарани, Јагол, Ново Село (Осломеј), Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Шутово, Охрид, Ќојлија, Арнакија, Буковиќ, Грчец, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Семениште, Барово, Јаболци, Биџево, Долна Белица, Заграчани, Калишта, Радолишта, Струга, Батинци, Вртекица, Морани, Студеничани, Глоѓи, Доброште, Непроштено, Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово, Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба, Скопје дел Карпош, Скопје дел - Центар и Скопје дел - Чаир, дел од жителите не прифатија да земат учество (го бојкотираа) во Пописот.
  2. Податоците за вкупното население во Пописот од 1994 година за населените места: Баниште, Горно Косоврасти, Дебар, Кривци, Отишани, Оџовци, Селокуќи, Спас, Хаме и Џепиште претставуваат збир на фактички попишаното и проценетото население.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]