Прејди на содржината

Салтакли (Лагадинско)

Координати: 41°0.53′N 23°20.7′E / 41.00883° СГШ; 23.3450° ИГД / 41.00883; 23.3450
Од Википедија — слободната енциклопедија
Салтакли
Καλόκαστρο
Салтакли is located in Грција
Салтакли
Салтакли
Местоположба во областа
Салтакли во рамките на Долна Џумаја (општина)
Салтакли
Местоположба на Салтакли во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°0.53′N 23°20.7′E / 41.00883° СГШ; 23.3450° ИГД / 41.00883; 23.3450
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаДолна Џумаја
Општ. единицаОрљак
Надм. вис.&1000000000000008000000080 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно242
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Салтакли, Салтикли или Салдакли (грчки: Καλόκαστρο, Калокастро; до 1927 г. Σαλτικλή, Салтикли[2]) — село во Лагадинско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Турци.[3]

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 30 км западно од градот Сер, во североисточното подножје на Богданска Планина.

Историја

[уреди | уреди извор]

Средновековие

[уреди | уреди извор]

Веднаш јужно од Салтакли лежи средновековната тврдина Хисар.[4]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Салдакли било село во Лагадинската каза со 200 жители Турци.[5]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 281 жител, кои во 1920 г. се намалиле на 180 лица.[3] Во 1924 г. жителите се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени грчки колонисти. Така, на пописот од 1928 г. селото се води како чисто дојденско со 315 жители.[3]

Меѓу селата Салтакли и Орљак за време на Првата светска војна постоела британска полска воена болница, на чие место подоцна се направени Британските воени гробишта.

Во 1960-тите дошло до значаен пад во бројот на жители поради иселување на населението во поголемите градови.

Месности во Салтакли преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Дери Дере[6] Ντερί Ντερέ Ватирема Βαθύρεμα[7] река на СЗ од Салтакли[6]
Салтакли[6] Σαλτικλή Еримо Рема Έρημο Ρέμα[7] река на Ј од Салтакли[6]
Копач Дере[6] Κοπατσινό Скапанис Рема Σκαπάνης Ρέμα[7] река на Ј од Салтакли[6]
Караџали[6] Καρατζαλή Мавро Агати Μαύρο Άγκάθι[7] река на Богданска Планина на ЈЗ од Салтакли, лева притока на Копач Дере[6]
Мезарија[6] Μεζάρια Мнимата Μνήματα[7] возвишение на Богданска Планина на ЈЗ од Салтакли (418 m)[6]
Башќој[6] Μπασκιόϊ Толос Θόλος[7] возвишение на Богданска Планина (420,9 м)[6] и река[8]
Махмутљу[6] Μαχμουτλιού Нистрагменон Рема[7] Νυστραγμένον Ρέμα река на Богданска Планина на ЈЗ од Салтакли, лева притока на Копач Дере[6]
Коџакуз[6] Κοτζακούζ[7] Рема Мегалу Пулиу Ρέμα Μεγάλου Πουλιού[9] река на Богданска Планина на ЈЗ од Салтакли, лева притока на Копач Дере[6]
Салтакли[6] Σαλτικλνή Рема Епта Пигадион Ρέμα 'Επτά Πηγαδιών[9] река на Ј од Салтакли[6]
Салтакли[6] Σαλτικλή Ерипија Епта Пигадион Ερείπια Επτά Πηγαδιών[9] урнатините на старото село Салтакли на ЈЗ од новото[6]

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 442 507 575 358 332 322 368 242
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 241. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. „Κάστρο Καλόκαστρου“. Ελληνικά Κάστρα. Посетено на 27 февруари 2024.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 170. ISBN 954430424X.
  6. 6,00 6,01 6,02 6,03 6,04 6,05 6,06 6,07 6,08 6,09 6,10 6,11 6,12 6,13 6,14 6,15 6,16 6,17 6,18 6,19 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 7,6 7,7 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1041. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  8. Nigríta GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. 610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University. London: War Office. 1944.
  9. 9,0 9,1 9,2 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1042. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)