Прејди на содржината

Шанец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бедем и шанец на Скопското кале
Велепоседничката куќа Бадезли Клинтон во Ворикшир, Англија

Шанец — вештачки канал околу некоја градба со значење и речиси секогаш служи за спречување на пристапот кон таа градба. Тие нашле широка примена кај замоците, но и кај разни други градби.

Шанецот претставува широк и длабок ров, чијашто основна улога била да се оневозможи пристап до градбата, којашто шанецот ја опкружувал. Некои шанци биле празни, а некои исполнети со вода. најчесто премостувањето на шанците се вршело со изградба на дрвени мостови, кои лесно можеле да се расклопат во случај на опасност.

Некои податоци тврдат дека шанци имало уште пред новата ера, но нивната масовна изградба започнала во средниот век во Европа. Сепак, овој вид на утврдување се среќава и околу некои познати градби во Азија и помалку во Северна Америка. Денес, шанците се употребуваат за бројни други намени.

Историска намена

[уреди | уреди извор]
Поглед од север кон тврдината Бухен

Шанците се длабоки ровови наполнети со вода, конструирани со цел да спречат напад на замок, бедем или друго утврдување. Тие го отежнуваат пристапот на опсадната машинерија како опсадни кули или опсадни овни кои мораат да се донесат до ѕидот за да вршат работа. Друга многу важна улога на шанецот е спречуцањето на поткопување, то есть копање на тунели под крепоста со цел на нејзин колапс.

Едни од најстарите белешки посочуваат на изградбата на шанци околу староегипетските тврдини. Како пример може да се посочи тврдината Бухен во Нубија. Други податоци за постоењето на шанци произлегуваат од рушевините во Вавилон, како и од верувањата во Асирија и останатите култури во регионот.[1][2]

Среден век

[уреди | уреди извор]

Најголемата употреба на шанците била во средниот век. Во овој период тие ги опкружувале речиси сите замоци и тврдини, како дел од одбранбениот систем, веднаш пред ѕидините. Околу некои замоци, шанците биле исполнети со вода. Шанците ги оневозможувале нападите кон замоците со употребата на опсадни кули и ударни овни, чијашто ефикасност можела да се зголеми само со нивно приближување до ѕидините. Од друга страна, шанците исполнети со вода го оневозможувале минирањето[а] како начин за уништување на одбраната.

Современо време

[уреди | уреди извор]

Во поново време, шанците повеќе не играат значајна улога во војувањето, меѓутоа во некои случаи шанецот може да служи за одбрана од некои опасности како и други креативни употреби. Доволно широк и длабок шанец може да служи како препрека за оклопни возила.

Чување на животни

[уреди | уреди извор]

Во многу современи зоолошки градини разни животни се чуваат во шанци наместо зад огради. Конструкцијата со вертикален надворешен ѕид кој се издига директно од шанецот наоѓа примена и во градинарскиот елемент наречен ха-ха во рамките на англиската пределна архитектура.

Национална безбедност

[уреди | уреди извор]

Во 2004 година биле изнесени планови според кои се предлагала изградба на шанец околу јужната граница на појасот Газаса, со цел да се спречи копањето на тунели од египетска територија до граничниот град Рафах.[3].

Спречување на нелегално преминување на граница

[уреди | уреди извор]

Во 2008 година, челниците на градот Јума, Аризона, САД планирале да ископаат шанец во должина од две милји, за да може полесно да го контролираат нелегалното преминување на мексиканско-американската граница.[4]

Распространетост

[уреди | уреди извор]
Шанец исполнет со вода околу замокот Шандение во истоимената област во Франција

Во бурните услови во Англија во XIV и XV век кога за изградба на силни одбранбени ѕидини требало дозвола (привилегија) од кралот, шанец околу велепоседничка куќа ги одбивал сите освен најупорните напаѓачи (илустрација, горе-десно). Поврзано: Игтамски шанец. Наоѓаме тврдини со шанци и во Ферара, Рока Санвитале во Фонтанелета и Рока Скаљиери во Сирмионе на брегот на езерото Гарда.

За таа намена биле средниот век биле навртувани извори кои го полнеле ровот. Исто така шанците барале одржување — тие биле прегледувани за шут кој би претставувал потенцијален начин на премостување.

Во средниот век се користеле мостови за преминување. Отпрвин тоа биле едноставни дрвени мостови кои лесно се размонтирале во опасност. Подоцна пак, се користеле висечки мостови и подвижни мостови.

Шанците понекогаш имале долги дрвени шилци во нив за да спречат препливување. Никој никогаш не чувал опасни водни животни во нив.

Шанецот околу Забранетиот град во Пекинг

Шанците се користеле и во источна Азија како кај Забранетиот град и Хси-ан Во Кина царскиот дворец Кокјо во Јапонија; во Велоре во Индија и југоисточна Азија, како Ангкор Ват во Камбоџа и Чианг Маи во Тајланд.

Јапонските замоци имаат сложен систем на шанци. Понекогаш, дури три кругови го окружуваат замокот како помошни елементи за шанецот. Многу замоци во Јапонија се наоѓале во централните делови од градовите, па шанците биле важен извор на вода за жителите. Дури и денес, водната ообласт околу јапонскиот царски дворец е полна со ресторани на вода, а по неа пловат чамци.[5] Најголем дел од сочуваните јапонски замоци имаат шанец исполнет со вода, иако во средниот век најчесто шанците биле суви (јапонски: 空堀, „карахори“, во буквален превод „ров“).

Забранетиот град во Пекинг е опкружен со шанец широк 52 m и длабок 6 m.окружён рвом 52 метра шириной и 6 метров глубиной (см. иллюстрацию ниже).

Иако шанците често нè потсетуваат на европски замоци, тие се користеле и во Северна Америка од страна на американските индијанци и мисисипската култура како надворешна одбрана кај некои утврдени села.

Премостување

[уреди | уреди извор]
Камениот мост над шанецот околу замокот Траскон во Франција, чијшто влез е засилен со кули

Преку шанецот можело да се помине по мост, кој водел кон портата на градбата. Биле градени различни видови на мостови, но најчести биле три видови:

  • дрвен мост, кој лесно можел да се расклопи, во случај на опасност;
  • камен мост, кој овозможувал единствен пристап кон замокот, поради што обично влезот бил засилен со кули;
  • подвижен мост, кој со помош на ланец се подигал за време на ноќта или во случај на опасност.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • а Под минирање се подразбира копањето на подземни канали, со цел да се употреби експлозив за уништување на противничкиот одбранбен бедем.
  1. „Archaeology in Syria Tell Sabi Abyad“. Архивирано од изворникот на 2007-03-21. Посетено на 2010-07-25., статија на мрежното место на Холандскиот музеј за национални антиквитети
  2. Oreddsen, Dag (ноември 2000). „Moats in Ancient Palestine“. Almqvist & Wiksell International.
  3. Two-mile Gaza moat to foil tunnels to Egypt, The Guardian, 18 јуни 2004
  4. US city plans moat to keep out migrants US city plans moat to keep out migrants, The Guardian, 14 март 2008
  5. „Imperial Palace moats illegally occupied by businesses“. Japan Today. 25 август 2006. Архивирано од изворникот на 2006-10-28. Посетено на 2010-07-25.