Прејди на содржината

Ѓопчели

Координати: 41°15′23″N 22°39′56″E / 41.25639° СГШ; 22.66556° ИГД / 41.25639; 22.66556
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓопчели

Панорамски поглед на селото Ѓопчели

Ѓопчели во рамките на Македонија
Ѓопчели
Местоположба на Ѓопчели во Македонија
Ѓопчели на карта

Карта

Координати 41°15′23″N 22°39′56″E / 41.25639° СГШ; 22.66556° ИГД / 41.25639; 22.66556
Регион  Југоисточен
Општина  Дојран
Област Беласица
Население 116 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1485
Повик. бр. 034
Шифра на КО 06009
Надм. вис. 320 м
Ѓопчели на општинската карта

Атарот на Ѓопчели во рамките на општината
Ѓопчели на Ризницата

Ѓопчели — село во Општина Дојран, во областа Беласица, во непосредна близина на Дојранското Езеро.

Потекло и значење на името

[уреди | уреди извор]

Името на селото потекнува од турскиот збор ѓокче (kökçü), што означува „продавач на лечебни корени и билки или билјар“.[2]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Поглед на селото (во позадина е селото Црничани

Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Дојран, од десната страна на патот Нов Дојран-Валандово.[3] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 320 метри.[3]

Селото се наоѓа во ридски предел на планината Боска.

До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1105.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 8,4 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 399,1 хектар, на пасиштата отпаѓаат 280,3 хектари, додека на обработливите површини 131,6 хектари.[3]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948136—    
1953171+25.7%
196187−49.1%
197134−60.9%
1981178+423.5%
ГодинаНас.±%
1991254+42.7%
1994257+1.2%
2002155−39.7%
2021116−25.2%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ѓопчели живееле 500 жители, сите Турци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.[5]

Ѓопчели во 1961 година броело 87 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 257 жители, турско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Ѓопчели имало 155 жители, од кои 151 Турчин, 1 Бошњак и 3 останати.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 116 жители, од кои 1 Албанец, 104 Турци, 1 Бошњак и 10 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 500 136 171 87 34 178 254 257 155 116
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Подрачното основно училиште во селото

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век, Ѓопчели било чисто турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Дојран, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Стар Дојран.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дојран, во која покрај селото Ѓопчели се наоѓале селата Николиќ, Нов Дојран, Сретеново, Стар Дојран, Фурка, Црничани и Чаушли. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Нов Дојран, во која влегувале селата Ѓопчели, Николиќ, Стар Дојран, Сретеново, Фурка, Чаушли и Црничани.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0380 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 86 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 85 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Џамии[15]
Езера

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 88. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 118.
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 162.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 21 април 2024.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  14. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 21 април 2024.
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 86. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]