Дурутли
Дурутли | |
Воздушен поглед на селото Дурутли | |
Координати 41°17′37″N 22°40′41″E / 41.29361° СГШ; 22.67806° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Дојран |
Област | Беласица |
Население | 4 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2461 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 06007 |
Надм. вис. | 310 м |
Дурутли на општинската карта Атарот на Дурутли во рамките на општината | |
Дурутли на Ризницата |
Дурутли — село во Општина Дојран, во областа Беласица, во југоисточниот дел на Македонија.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Дојран, а северозападно од Дојранското Езеро, чиј атар се допира со територијата на Општина Валандово (на еден тесен дел).[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 310 метри. Од градот Гевгелија, селото е оддалечено 37 километри, додека од патот Нов Дојран-Гевгелија (или Валандово) е оддалечено 5,6 километри.[2]
Селото се наоѓа во ридски предел на планината Боска. На мало растојание на североисток е селото Џумабос, а на југ лежи селото Севендекли.
До селото води земјен пат, кој се двои од локалниот пат кој води до валандовските села Башибос и Бајрамбос, кој пак се двои од регионалниот пат 1105 кај селото Раброво и продолжува како локален пат преку селото Чалакли.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото е мошне мал, тесен и долг, и зафаќа простор од 2,2 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 140 хектари, на пасиштата отпаѓаат 48,9 хектари, додека на обработливите површини 20,3 хектари.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 15 домаќинства со 30 жители муслимани.[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дурутли живееле 185 жители, сите Турци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Турци.[5]
Во првите децении на XX век населението на Дурутли доживеало извесно намалување и продолжило во таа насока до денес.
Дурутли во 1961 година броело 105 жители, а во 1994 година само 41 жител, турско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Дурутли имало 16 жители, сите Турци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, од кои 1 Турчин и 3 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 185 | — | 141 | 157 | 105 | 69 | 82 | 45 | 41 | 16 | 4 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]На крајот од XIX век, Дурутли било чисто турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Дојран, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Стар Дојран.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Башибос, во која покрај селото Дурутли се наоѓале селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Кочули, Куртамзали, Органџали, Севендекли и Џумабос. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Севендекли, во која влегувале селата Дурутли, Севендекли и Џумабос.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0381 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Куртамзали. Во избирачкото место се опфатени населените места: Дурутли, Куртамзали, Органџали и Севендекли.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 120 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 115 гласачи.[14]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Стара куќа
-
Стара руинирана чешма
-
Селската чешма
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 118.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 192-193.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 163.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 21 април 2024.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 8 јануари 2020.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2020-01-02. Посетено на 8 јануари 2020.
- ↑ „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 21 април 2024.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|