Прејди на содржината

Црничани (Дојранско)

Координати: 41°14′8″N 22°39′14″E / 41.23556° СГШ; 22.65389° ИГД / 41.23556; 22.65389
Од Википедија — слободната енциклопедија
Црничани

Воздушен поглед на селото Црничани

Црничани во рамките на Македонија
Црничани
Местоположба на Црничани во Македонија
Црничани на карта

Карта

Координати 41°14′8″N 22°39′14″E / 41.23556° СГШ; 22.65389° ИГД / 41.23556; 22.65389
Регион  Југоисточен
Општина  Дојран
Област Бојмија
Население 189 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1485
Повик. бр. 034
Шифра на КО 06031
Надм. вис. 210 м
Црничани на општинската карта

Атарот на Црничани во рамките на општината
Црничани на Ризницата

Црничани — село во Општина Дојран, во областа Бојмија, во близина на Дојранското Езеро.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Поглед на селото Црничани

Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Дојран, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Богданци. Исто така, селото е сместено недалеку од самиот пат Гевгелија-Стар Дојран.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 210 метри.[2] Селото е сместено во областа Бојмија, северозападно од Нов Дојран.

До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1105.

Историја

[уреди | уреди извор]
Црничани во 1931 година

Атарот на селото е населен уште од младото камено време, за што сведочи наоѓалиштето Атици во неговиот северозападен крај.[3]

Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 10,2 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 475 хектари, на обработливите површини отпаѓаат 424 хектари, додека на пасиштата 67 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во минатото во него имало земјоделска задруга, а денес во него работи продавница.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948157—    
1953169+7.6%
1961188+11.2%
1971214+13.8%
1981229+7.0%
ГодинаНас.±%
1991223−2.6%
1994214−4.0%
2002221+3.3%
2021189−14.5%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 23 домаќинства со 17 жители христијани и 55 жители муслимани.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Црничани живееле 190 жители, од кои 100 Турци и 90 Роми.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци, 25 до 50 Турци и 25 до 50 Грци.[7]

Селото е мало, коешто во 1961 година имало 188 жители, од кои 143 биле Срби, 37 Македонци и седум жители Турци. Во 1994 година, бројот малку се зголемил, поточно на 214 жители, од кои 122 биле Срби, 86 Македонци и пет жители Роми.[2] Присуството на српското население во селото е резултат на колонизацијата на Вардарска Македонија во првите децении на XX век.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 221 жител, од кои 93 Македонци, 126 Срби и 2 останати.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 189 жители, од кои 116 Македонци, 69 Срби, 2 останати и 2 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 190 157 169 188 214 229 223 214 221 189
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Основното училиште во селото

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Дојран, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Стар Дојран.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дојран, во која покрај селото Црничани се наоѓале селата Ѓопчели, Николиќ, Нов Дојран, Сретеново, Стар Дојран, Фурка и Чаушли. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Нов Дојран, во која влегувале селата Ѓопчели, Николиќ, Стар Дојран, Сретеново, Фурка, Чаушли и Црничани.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0379 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 172 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 168 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[3]
Цркви
Џамии
  • Во минатото во селото постоела џамија
Воени гробишта и споменици
Езера

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Во селото постоел фудбалскиот клуб „Младост“.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 314.
  3. 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 107. ISBN 9989-649-28-6.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 192-193.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 163.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 мај 2024.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  16. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 9 мај 2024.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]