Куртамзали
Куртамзали | |
Воздушен поглед на селото Куртамзали | |
Координати 41°17′44″N 22°41′39″E / 41.29556° СГШ; 22.69417° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Дојран |
Област | Беласица |
Население | 42 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2461 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 06012 |
Надм. вис. | 340 м |
Куртамзали на општинската карта Атарот на Куртамзали во рамките на општината | |
Куртамзали на Ризницата |
Куртамзали — село во Општина Дојран, во областа Беласица, во југоисточниот дел на Македонија.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Дојран, чиј атар се допира со територијата на Општина Валандово (на еден тесен дел).[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 340 метри. Од патот Нов Дојран-Гевгелија (или Валандово) е оддалечено 5,5 километри.[2]
Селото се наоѓа во ридски предел на планината Боска.
До селото води асфалтен пат, кој се двои од локалниот пат кој води до валандовските села Башибос и Бајрамбос, кој пак се двои од регионалниот пат 1105 кај селото Раброво и продолжува како локален пат преку селото Чалакли.
Историја
[уреди | уреди извор]Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 5,3 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 297 хектари, на пасиштата отпаѓаат 157 хектари, додека на обработливите површини 45 хектари.[2]
Селото нема некое битно земјоделско значење.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 40 домаќинства со 92 жители муслимани.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Куртамзали живееле 180 жители, сите Турци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Турци.[6]
Селото е мало и во 1961 година имало 174 жители, а во 1994 година 187 жители, турско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Куртамзали имало 121 жител, од кои 119 Турци и 2 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 42 жители, од кои 32 Турци и 10 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 180 | — | 215 | 259 | 174 | 126 | 202 | 223 | 187 | 121 | 42 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Подрачното основно училиште „Кочо Рацин“, поранешно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Кочо Рацин“ - Нов Дојран
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]На крајот од XIX век, Куртамзали било чисто турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Дојран, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Стар Дојран.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Башибос, во која покрај селото Куртамзали се наоѓале селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Дурутли, Кочули, Органџали, Севендекли и Џумабос. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Башибос, во која влегувале селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Кочули, Куртамзали и Органџали.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 0381 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место се опфатени и селата Дурутли, Органџали и Севендекли.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 120 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 115 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Џамии[16]
- Џамија — главна селска џамија
- Реки
- Билеличка Река — река низ селото
-
Селската џамија
-
Билеличка Река
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Селските гробишта
-
Воздушен поглед
-
Селските гробишта
-
Воздушен поглед
-
Традиционална куќа во селото
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 169.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 194-195.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 163.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 април 2024.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2020-01-02. Посетено на 8 јануари 2020.
- ↑ „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 21 април 2024.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 86. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Куртамзали на Ризницата ?
|