Прејди на содржината

Гајранци

Координати: 41°53′39.84″N 22°10′41.16″E / 41.8944000° СГШ; 22.1781000° ИГД / 41.8944000; 22.1781000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Гајранци

Поглед на Гајранци

Гајранци во рамките на Македонија
Гајранци
Местоположба на Гајранци во Македонија
Гајранци на карта

Карта

Координати 41°53′39.84″N 22°10′41.16″E / 41.8944000° СГШ; 22.1781000° ИГД / 41.8944000; 22.1781000
Регион  Источен
Општина  Пробиштип
Област Осогово
Население 7 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2210
Повик. бр. 032
Шифра на КО 21003
Надм. вис. 400 м
Гајранци на општинската карта

Атарот на Гајранци во рамките на општината
Гајранци на Ризницата

Гајранци — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во најјужниот дел на територијата на Општина Пробиштип, недалеку од патот Пробиштип-Штип или Кочани, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Карбинци.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 400 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 15 километри.[2]

До селото се стигнува преку регионалниот пат 1205, од каде има исклучување со асфалтен пат до самото село.

Историја

[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Гајранци е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Калиште во неговата околина.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 8,1 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 526,6 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 251,1 хектар, а на шумите само 5,8 хектари.[2]

Во основа, може да се каже дека селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948267—    
1953254−4.9%
1961275+8.3%
1971242−12.0%
1981131−45.9%
ГодинаНас.±%
199165−50.4%
199463−3.1%
200236−42.9%
20217−80.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Гајранци живееле 120 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Гајранци имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]

Селото е мало, со намалување на бројот на населението. Во 1961 година, селото броело 275 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 63 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Гајранци живееле 36 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, од кои 5 Македонци и 2 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 120 160 267 254 275 242 131 65 63 36 7
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Гајранци е македонско село.[13]

Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:

  • Староседелци: Стојковци (5 к.), Копчалијци (2 к.), Неоковци (4 к.), Мековци (3 к.), Давитковци (2 к.) и Котларци (1 к.).
  • Доселеници: Чакаревци (8 к.), доселени се во втората половина на XVIII век од Прилепско; Даневци (9 к.), доселени се кон крајот на XVIII век од селото Пиперево; Здравевци-Петрушевци (5 к.), доселени се кон крајот на XIX век од селото Крњевци во Овче Поле, тоа село било раселено во предвоена Југославија; Кантарџијци (5 к.), од кои три семејства водат потекло од домазети кои дошле од Лезово (две) и од Шлегово кај Кратово.

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век, Гајранци било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Трооло, во која покрај селото Гајранци, се наоѓале и селата Бучиште, Гујновци, Зарапинци, Куково, Лезово, Пестришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло. Општината Трооло постоела и во периодот 1950-1952 година.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1550 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[3]
  • Калиште — населба од доцноантичко време.
Цркви[17]
Споменици[18]
  • Спомен-плоча посветена на Б. Коцев Јордановски

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 65.
  3. 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 320. ISBN 9989-649-28-6.
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 232.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 ноември 2022.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Апостолов Александар; Кондев Тодор; Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област-Географско-историски осврт. Скопје.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 4 ноември 2022.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28.
  18. „Споменици | Општина Пробиштип“. Посетено на 2022-11-04.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]