Гујновци
Гујновци | |
Поглед на Гујновци | |
Координати 41°53′31″N 22°11′56″E / 41.89194° СГШ; 22.19889° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Пробиштип |
Област | Осогово |
Население | 14 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2210 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 21007 |
Надм. вис. | 335 м |
Гујновци на општинската карта Атарот на Гујновци во рамките на општината | |
Гујновци на Ризницата |
Гујновци — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на крајниот јужен дел на територијата на Општина Пробиштип, во долното сливно подрачје на Злетовска Река, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Карбинци и на Општина Чешиново-Облешево.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 335 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 13,2 километри.[2]
До селото поминува регионалниот пат 1205, од каде има исклучување со асфалтен пат до самото село.
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на Гујновци е населено уште од старохристијанско време, за што сведочи наоѓалиштето Црквиште во неговата околина.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 5 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 531,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 118,9 хектари, а на шумите само 10,4 хектари.[2]
Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Гујновци живееле 72 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Гујновци имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]
Гујновци е мало село и е на пат да се расели. Во 1961 година селото броело 128 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 43 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Гујновци живееле 33 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 14 жители, од кои 12 Македонци и 2 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 72 | 80 | 126 | 130 | 128 | 97 | 73 | 40 | 43 | 33 | 14 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
[уреди | уреди извор]Гујновци е македонско село.[13]
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
- Староседелци: Ташуровци (5 к.) и Сејменци (3 к.).
- Доселеници: Марковци (2 к.) доселени се од селото Пуздерци, а таму биле доселени од селото Гиновци кај Крива Паланка; Павловци (2 к.), доселени се од селото Гајранци; Дедо-Димитрија (1 к.), доселени се од селото Зарапинци; Јованчевци (2 к.), доселени се од селото Трооло; Иванчевци (2 к.), доселени се од селото Пестришино; Ефремовци (1 к.), Зафировци (1 к.) и Пацак (1 к.), сите потекнуваат од домазети. Првите се од селото Арбасанци во Овче Поле, вторите од Шлегово кај Кратово, а третите од Ратавица.
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Кон крајот на XIX век, Гујновци било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Трооло, во која покрај селото Гујновци, се наоѓале и селата Бучиште, Гајранци, Зарапинци, Куково, Лезово, Пестришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло. Општината Трооло постоела и во периодот 1950-1952 година.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1551 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 16 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[3]
- Црквиште — населба, некропола и црква од старохристијанскo време и среден век.
- Споменици[17]
- Спомен-плоча посветена на Б.Стоилков Серафимовски
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 89.
- ↑ 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 320. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 232.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 ноември 2022.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Апостолов Александар; Кондев Тодор; Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област-Географско-историски осврт. Скопје.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2022-11-09. Посетено на 9 ноември 2022.
- ↑ „Споменици | Општина Пробиштип“. Посетено на 2022-11-09.