Долни Стубол
Долни Стубол | |
Поглед на Долни Стубол | |
Координати 42°00′40″N 22°05′58″E / 42.01111° СГШ; 22.09944° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Пробиштип |
Население | 99 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2210 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 21009 |
Надм. вис. | 610 м |
Долни Стубол на општинската карта Атарот на Долни Стубол во рамките на општината | |
Долни Стубол на Ризницата |
Долни Стубол — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Пробиштип, недалеку од самиот град Пробиштип во западна насока, на оддалеченост од околу шест километри.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 610 метри.[2]
До селото се стигнува преку регионалниот пат 1205, преку исклучување во самиот град Пробиштип, а потоа патот продолжува преку селото Плешенци.
Во негова непосредна околина е некогашниот Секулички Превој, преку кој во минатото минувал караванскиот пат Стоби-Пауталија, односно денешен Ќустендил.
Историја
[уреди | уреди извор]По сѐ уште сочуваното предание, пред 2-3 века постоело само едно село Стубол. Тоа се потврдува и од „Опширните пописни дефтери од XVI век за Ќустендилскиот санџак“. Во тие документи фигурира селото Стубиле. Селото имало 22 христијански семејства, 4 муслимански семејства и 65 неженети лица.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото зафаќа простор од 6,7 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 448,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 138,9 хектари, а на шумите само 42,3 хектари.[2]
Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долни Стубол живееле 140 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долни Стубол имало 200 Македонци и 12 Власи, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[5]
Од Долни Стубол се иселило половина од неговото население. Така, во 1961 година селото броело 461 жител, а во 1994 година бројот се намалил на 256 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Долни Стубол живееле 168 жители, од кои 167 Македонци и 1 останат.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 99 жители, од кои 95 Македонци, 1 Албанец и 3 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 140 | 212 | 361 | 402 | 461 | 428 | 341 | 234 | 256 | 168 | 99 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
[уреди | уреди извор]Долни Стубол е македонско село.
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:[12]
- Староседелци: Бачковци (10 к.), Субашинци (12 к.), Враѓелци (3 к.), Циклевци (8 к.), Качарци (3 к.), Вршанци (6 к.), Малнковци (2 к.) и Умарци (8 к.).
- Доселеници: Рашевци (5 к.), доселени се во XVIII век од селото Орашац кај Куманово; Клинчарци (6 к.), доселени се во XVIII век од некогашното село Чашица; Наџаковци (5 к.), доселени се во XVIII век од селото Куково; Кундинчани (3 к.) и Николовци (3 к.), доселени се од селото Кундино; Петреви (5 к.) и Голубови (3 к.), доселени се, но не знаат од каде.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Поранешно основно училиште
- Амбуланта
- Месна заедница
-
Амбулантата во селото
-
Поранешното училиште
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Кон крајот на XIX век, Долни Стубол било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Пробиштип, во која покрај селото Долни Стубол, се наоѓале и селата Горни Стубол, Гризилевци, Добрево, Дренак, Калниште, Кундино, Марчино, Неокази, Петршино, Плешенци, Пробиштип и Стрмош. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Плешенци, во која влегувале селата Горни Стубол, Долни Стубол, Дренак, Плешенци, Петршино и Стрмош.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1559 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 107 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 98 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви[16]
- Црква „Св. Еремија“ — главна селска црква.
- Споменици[17]
- Спомен-плоча посветена на загинати борци на НОБ
- Реки
- Блага Река — река низ селото
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Во 1968 година бил создаден фудбалскиот клуб „Единство“. Последен пат се натпреварувал во сезоната 1990/91 и оттогаш е неактивен.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Куќи во селото
-
Поглед на селото
-
Поглед на селото
-
Куќи во селото
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 104.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 222.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 ноември 2022.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Апостолов, Александар, Кондев, Тодор и Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област. Географско-историски осврт. Скопје.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2022-11-11. Посетено на 11 ноември 2022.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28.
- ↑ „Споменици | Општина Пробиштип“. Посетено на 2022-11-04.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Долни Стубол на Ризницата ?