Прејди на содржината

Стрмош

Координати: 41°58′54″N 22°09′45″E / 41.98167° СГШ; 22.16250° ИГД / 41.98167; 22.16250
Од Википедија — слободната енциклопедија
За рудникот со исто име видете Стрмош (рудник)
Стрмош

Поглед на селото Стрмош

Стрмош во рамките на Македонија
Стрмош
Местоположба на Стрмош во Македонија
Стрмош на карта

Карта

Координати 41°58′54″N 22°09′45″E / 41.98167° СГШ; 22.16250° ИГД / 41.98167; 22.16250
Регион  Источен
Општина  Пробиштип
Население 216 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2210
Повик. бр. 032
Шифра на КО 21030
Надм. вис. 475 м
Стрмош на општинската карта

Атарот на Стрмош во рамките на општината
Стрмош на Ризницата

Стрмош — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Улица во селото

Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Пробиштип, недалеку од самиот град Пробиштип во западна насока, на оддалеченост од околу 4 километри, поради што селото припаѓа на рурбалната зона на средишното место.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 475 метри.[2]

До селото се стигнува преку регионалниот пат 1205, преку исклучување во самиот град Пробиштип.

Историја

[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Стрмош е населено уште од старохристијанско време, за што сведочи наоѓалиштето Преслап во неговата околина.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Стопански објект во селото

Атарот на селото зафаќа простор од 5,6 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 387 хектари, на пасиштата отпаѓаат 132 хектари, додека шумско земјиште нам.[2]

Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција. Во него работат услужни објекти и има фабрички погон.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948260—    
1953291+11.9%
1961345+18.6%
1971340−1.4%
1981329−3.2%
ГодинаНас.±%
1991311−5.5%
1994315+1.3%
2002294−6.7%
2002216−26.5%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Стрмош живееле 240 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Плешенци имало 264 жители, сите Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[6]

Селото е средно по големина, населено со македонско население. Така, во 1961 година броело 345 жители, а во 1994 година имало 315 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Стрмош живееле 294 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 216 жители, од кои 210 Македонци и 6 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 240 264 260 291 345 340 329 311 315 294 216
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Стрмош е македонско село.[13]

Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се: Џикевци, Черкесци, Царци, Ѓотларци, Чивутци и Маџарци, семејствата што припаѓаат на овие родови за нив велат дека се староседелци кои отсекогаш живееле во ова село. Но, според друго предание 6-7 семејства припаѓаат на доселеници од прилепскиот крај, а 5-6 семејства се доселеници од Горна Пчиња.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век, Стрмош било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Пробиштип, во која покрај селото Стрмош, се наоѓале и селата Горни Стубол, Гризилевци, Добрево, Долни Стубол, Дренак, Калниште, Кундино, Марчино, Неокази, Петршино, Плешенци и Пробиштип. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Плешенци, во која влегувале селата Горни Стубол, Долни Стубол, Дренак, Плешенци, Петршино и Стрмош.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1540 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 208 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 209 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[3]
Цркви
Споменици[17]
  • Спомен-плоча посветена на М. Јадрев Златко
Реки

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 289.
  3. 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 323. ISBN 9989-649-28-6.
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 222.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 ноември 2022.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Апостолов, Александар, Кондев, Тодор и Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област. Географско-историски осврт. Скопје.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2022-11-30. Посетено на 30 ноември 2022.
  17. „Споменици | Општина Пробиштип“. Посетено на 2022-11-30.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]