Долно Крушје
Долно Крушје | |
Поглед на селото Долно Крушје | |
Координати 41°35′39″N 21°8′40″E / 41.59417° СГШ; 21.14444° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Македонски Брод |
Област | Порече |
Население | 14 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6533 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 03027 |
Надм. вис. | 1.160 м |
Долно Крушје на општинската карта Атарот на Долно Крушје во рамките на општината | |
Долно Крушје на Ризницата |
Долно Крушје — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок дел на територијата на Општина Македонски Брод.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.160 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 17 километри.[2]
Атарот е заеднички со селото Горно Крушје, кој зафаќа површина од 15,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.000,6 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 540,6 хектари, а на пасиштата 270,2 хектари.[2]
Селото е поврзано со асфалтен пат, кој води од рамничарското село Слатина.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Долно Крушје било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото има мешовита земјоделска функција.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Крушје (Горно и Долно, заедно) имало 512 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Крушје (Горно и Долно, заедно) имало 560 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[6]
Селото е мало и во 1961 година броело 137 жители, а во 1994 година само 36 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Долно Крушје имало 23 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 14 жители, од кои 13 Македонци и 1 лице без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 512 | 560 | 138 | 143 | 137 | 129 | 69 | 29 | 36 | 23 | 14 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
[уреди | уреди извор]Долно Крушје е чисто македонско православно село, сите родови во селото се доселенички, кои дошле од раселениот град Закамен.
Родови во селото Долно Крушје се:
- Доселеници: Волкановци (6 к.), Таревци (6 к.) и Малчевци (10 к.). Во селото се овие три рода и сите се доселени од раселениот град Закамен во Охридско (според жителите на селото).[13]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Слатина, во која влегувале селата Грешница, Горно Крушје, Долно Крушје и Слатина.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Долни Манастирец, во која покрај селото Долно Крушје се наоѓале селата Горни Манастирец, Горно Крушје, Долни Манастирец, Драгов Дол, Слатино, Томино Село и Тополница.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачко место бр. 0235 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[14]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви[17]
- Црква „Св. Никола” — главна селска црква; и
- Црква „Св. Илија” — манастирска црква.
Личности
[уреди | уреди извор]Личности родени во Долно Крушје:
- Милан Божиноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Теодосија Јосифоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Стојче Крстески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Мирко Симоноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Миливој Божиноски (1926 - 1945) — загинат во НОБ.[19]
- Никола Миленкоски (1902 - 1945) — загинат во НОБ.[19]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на селото
-
Амбар во селото
-
Црквата „Св. Никола“
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 107. Посетено на 2 октомври 2017.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 2 октомври 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 18,0 18,1 18,2 18,3 Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.257
- ↑ 19,0 19,1 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Долно Крушје на Ризницата ?
|