Прејди на содржината

Звечан

Координати: 41°42′3″N 21°7′23″E / 41.70083° СГШ; 21.12306° ИГД / 41.70083; 21.12306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Звечан

Поглед на селото Звечан
(фотографирано од селото Брест)

Звечан во рамките на Македонија
Звечан
Местоположба на Звечан во Македонија
Звечан на карта

Карта

Координати 41°42′3″N 21°7′23″E / 41.70083° СГШ; 21.12306° ИГД / 41.70083; 21.12306
Регион  Југозападен
Општина  Македонски Брод
Област Порече
Население 48 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6535
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03018
Надм. вис. 800-1.090 м м
Звечан на општинската карта

Атарот на Звечан во рамките на општината
Звечан на Ризницата

Звечан — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Новиот пат кон селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод.[2] Селото е планинско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 800 до 1.090 метри.[2]

Атарот зафаќа површина од 7,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 390,2 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 129,1 хектар, а на пасиштата 101,2 хектари.[2]

До селото води новоасфалтиран пат, кој се двои од регионалниот пат кој води до поранешното општинско средиште Самоков.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Звечан било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото полјоделско-шумарска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948301—    
1953307+2.0%
1961294−4.2%
1971286−2.7%
1981203−29.0%
ГодинаНас.±%
1991122−39.9%
1994120−1.6%
200270−41.7%
202148−31.4%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Звечан имало 190 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Звечан имало 240 жители.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Звечан се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[7]

Селото е мало и во 1961 година броело 294 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 120 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Звечан имало 70 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 48 жители, од кои 41 Македонец, 4 Албанци и 3 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 190 240 301 307 294 286 203 122 120 70 48
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Звечан е македонско село.

Родови во селото се: Мрцевци (15 к.) и Грубановци (31 к.) и двата рода се доселени од раселениот град Закамен, според некои преданија, еднаш кога старото село Звечан пропаднало населението избегало во Закамен, па се вратиле.[14]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]
Главната селска црква „Св. Спас“, заедно со селските гробишта

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Самоков, во која влегувале селата Бенче, Брест, Зркле, Звечан, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков и Сушица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Самоков, во која покрај селото Звечан се наоѓале селата Бенче, Брест, Зркле, Инче, Ковач, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков, Старо Село и Сушица.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0254 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 55 гласачи.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 51 гласач.[17]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви[18]

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во Звечан
  • Дамјан Војнески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Богдан Богатиноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Димко Ристески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Митре Ристески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Анѓеле Трпкоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Тодор Димитриоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Никола Јованоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Рафајле Радески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Пејо Неделкоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Трендафил Радески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Божидар Видоески (1920-1998) — јазичар и македонист
  • Владо Миладиноски (1919 - 1945) — загинат во НОБ.[20]
  • Трпко Кузманоски (1908 - 1943) — загинат во НОБ.[20]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 129. Посетено на 9 октомври 2017.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-155.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 36.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 октомври 2017.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. стр. 328–329.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
  16. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. 19,00 19,01 19,02 19,03 19,04 19,05 19,06 19,07 19,08 19,09 Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.257
  20. 20,0 20,1 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]