Прејди на содржината

Калуѓерец

Координати: 41°39′38″N 21°14′27″E / 41.66056° СГШ; 21.24083° ИГД / 41.66056; 21.24083
Од Википедија — слободната енциклопедија
Калуѓерец

Поглед на селото Калуѓерец

Калуѓерец во рамките на Македонија
Калуѓерец
Местоположба на Калуѓерец во Македонија
Калуѓерец на карта

Карта

Координати 41°39′38″N 21°14′27″E / 41.66056° СГШ; 21.24083° ИГД / 41.66056; 21.24083
Регион  Југозападен
Општина  Македонски Брод
Област Порече
Население 15 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6535
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03023
Надм. вис. 550 м
Калуѓерец на општинската карта

Атарот на Калуѓерец во рамките на општината
Калуѓерец на Ризницата

Калуѓерец (понекогаш познато и како Калугерец[2]) — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Куќи на влезот во селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во средишниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, непосредно од левата страна на реката Треска.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 550 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 29 километри.[3]

Атарот зафаќа простор од 6,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 423 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 56 хектари, а на пасиштата само 24 хектари.[3]

До селото води асфалтиран пат, кој се двои од регионалниот пат кој води до поранешното општинско средиште Самоков.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Калуѓерец било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото нема развиена земјоделска функција.[3]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948175—    
1953181+3.4%
1961162−10.5%
1971150−7.4%
198136−76.0%
ГодинаНас.±%
199173+102.8%
199473+0.0%
200247−35.6%
202115−68.1%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Калуѓерец имало 180 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Калуѓерец имало 160 жители.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Калуѓерец се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]

Калуѓерец е мало село, коешто во 1961 година броело 162 жители, а во 1994 година 73 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Калуѓерец имало 47 жители, од кои 46 Македонци и 1 останат.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 180 160 175 181 162 150 136 73 73 47 15
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Калуѓерец е македонско православно село, родовите во селото се доселенички.

Родови во селото Калуѓерец се: Ристовци (8 к.) и Оџовци (12 к.), доселени се од Охридско; Прчковци (7 к.), доселени се од селото Модриште, а во Модриште се доселени од Охридско.[14]


Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Модриште, во која влегувале селата Белица, Вир, Калуѓерец, Локвица, Могилец и Црешнево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Модриште, во која покрај селото Калуѓерец се наоѓале селата Белица, Брезница, Вир, Могилец, Модриште, Локвица, Тажево и Црешнево.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0263 според Државната изборна комисија, кое е сместено во селската трпезарија.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви[18]
Реки[19]

Личности

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Во административна употреба (кај државните служби), селото се сретнува и под името Калугерец.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 145. Посетено на 15 октомври 2017.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-155.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 36.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 15 октомври 2017.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. стр. 323–324.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
  16. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 47. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  20. 20,0 20,1 20,2 20,3 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  21. Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.244

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]