Прејди на содржината

Русјаци

Координати: 41°29′57″N 21°9′2″E / 41.49917° СГШ; 21.15056° ИГД / 41.49917; 21.15056
Од Википедија — слободната енциклопедија
Русјаци

Влезот во селото Русјаци

Русјаци во рамките на Македонија
Русјаци
Местоположба на Русјаци во Македонија
Русјаци на карта

Карта

Координати 41°29′57″N 21°9′2″E / 41.49917° СГШ; 21.15056° ИГД / 41.49917; 21.15056
Регион  Југозападен
Општина  Македонски Брод
Област Долно Кичево
Население 14 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6530
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03039
Надм. вис. 660 м
Русјаци на општинската карта

Атарот на Русјаци во рамките на општината
Русјаци на Ризницата

Русјаци — село во Општина Македонски Брод, во областа Долно Кичево, во околината на градот Македонски Брод.

Потекло на името

[уреди | уреди извор]
Поглед на селото

Името на селото првпат е споменато како „Русјак“ во XV век. Името потекнува од старословенскиот збор „Русјаци“ или пак од личното име „Русин“ со наставката „-ци“.[2]

Постои предание дека селото првобитно се викало Јасика. Но тука некогаш поминале Козаци (Руси) кои биле истерани од Русија и биле примени да го чуваат Султанот. Еден Козак се загледал и се заљубил во една жена од селото, која му родила дете. Тоа копиле бил мал Русјак, па оттука сите околни села населението на Јасика почнале да го нарекуваат Русјаци. Но ова предание не може да биде веродостојно, бар не за XVIII век, бидејќи во историските документи ова село се споменува под името Русјак во 1476/77 година, кога имало имало 7 словенски христијански домаќинства.[3]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Споменик кај Русјаци, на местото каде што во ноември 1943 година бугарскиот фашистички окупатор, по ѕверско измачување убил пет борци на Првата Македонско-Косовска бригада

Селото се наоѓа во областа Долно Кичево, во југозападниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, од левата страна на реката Треска.[4] Селото е ридско, на надморска височина од 660 метри.[4]

Атарот зафаќа простор од 13,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 844 хектар, на пасиштата отпаѓаат 389 хектари, а на обработливото земјиште 93 хектари.[4]

Покрај селото поминува регионалниот пат Македонски Брод-Кичево.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Русјаци било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото во основа има мешовита земјоделска функција.[4]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948352—    
1953365+3.7%
1961328−10.1%
1971237−27.7%
1981138−41.8%
ГодинаНас.±%
199181−41.3%
199468−16.0%
200243−36.8%
202114−67.4%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Русјаци имало 430 жители, сите Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Русјаци имало 440 жители.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Русјаци се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 50 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]

Селото од средно по големина преминало во мало село, населено со македонско население. Во 1961 година, селото броело 328 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 68 жители.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Русјаци имало 43 жители, од кои 42 Македонци и 1 Србин.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 14 жители, од кои 10 Македонци, 1 останат и 3 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 430 440 352 365 328 237 138 81 68 43 14
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Русјаци е македонско православно село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 60-тите години на XX век родови во селото се: Станковци (12 к.), Мечкаровци (8 к.), Јанковци (7 к.), Чакаловци (3 к.), Несторовци (2 к.) и Вретенаровци (1 к.), староседелци, порано живееле во местото Горно Село, во родот Станковци се знае следното родословие: Насте (жив на 86 г. во 1961 година) Филип-Стојко-Нове-Милош, предокот Стојко преминал од местото Горно Село во денешното; Главиновци (2 к.) доселени се од поречкото село Суводол; Патерковци (6 к.), Џаџовци (3 к.) и Чулевци (3 к.), доселени се од селото Цер, Железник; Кркевци (2 к.), доселени се од некое село во Леринско, Егејска Македонија; Кунтафеловци (1 к.), потекнуваат од домазет доселен од прилепското село Ропотово; Поповци (1 к.), доселени се во турско време од селото Орланци и Латовци (1 к.) доселени се од селото Латово.[16]

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Несторовци (4 к.), Милошевци (30 к.), чии гранки се Србиновци, Кршковци и Пурјаковци; Бежановци (27 к.), чии гранки се Каровци и Суводолци, овие родови се доселени од Закамен, Малесија (според авторот од охридско) дошле Милош, Божин и Нестор; Кулевци (6 к.) доселени однекаде; Поповци (1 к.) доселени од селото Орланци.[17]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]
Главната селска црква „Воведение на Пресвета Богородица“

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Русјаци, во која влегувале селата Ореовец и Русјаци.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Ижиште, во која покрај селото Русјаци се наоѓале селата Дворци, Ижиште, Лисичани, Ореовец, Пласница и Преглево.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0226 според Државната изборна комисија, кое е сместено во Селскиот дом.[18]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи.[19] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 30 гласачи.[20]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви[21]

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во Русјаци

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Од селото има големо иселување. Така тоа е пред целосно исчезнување. Постари иселеници има во Орланци (Тутунџиовци), Раштани (Пршевци). После Втората светска војна, до 1961 година од селото се иселиле преку 10 семејства во Кичево, Прилеп, Скопје, како и во Србија, во Белград и селото Јабука кај Панчево. Целосно изумрел родот Барбарчани кои биле доселени од раселеното село Барбарос во Порече.[16]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 155.
  3. Аранђел Ц. Јеличић, Бруски трагови прошлости и садашњости, Библиотека „Хронике села“ 90, Брус 1999 – 2000, 237; Бачко, Максимовић, 182 – 184.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 263. Посетено на 30 октомври 2017.
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 35.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 октомври 2017.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. 16,0 16,1 „Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-12-16.
  17. „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926)“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-12-16.
  18. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
  19. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
  20. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  21. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  22. . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  23. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  24. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  25. Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.222

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]