Прејди на содржината

Тополница (Порече)

Координати: 41°36′55″N 21°10′00″E / 41.61528° СГШ; 21.16667° ИГД / 41.61528; 21.16667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Тополница

Поглед на селото

Тополница во рамките на Македонија
Тополница
Местоположба на Тополница во Македонија
Тополница на карта

Карта

Координати 41°36′55″N 21°10′00″E / 41.61528° СГШ; 21.16667° ИГД / 41.61528; 21.16667
Регион  Југозападен
Општина  Македонски Брод
Област Порече
Население 25 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6533
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03047
Надм. вис. 600 м
Тополница на општинската карта

Атарот на Тополница во рамките на општината
Тополница на Ризницата

Тополница — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Амбар во селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 600 метри.[2]

Атарот зафаќа површина од 15,5 км2. На него шумите зафаќаат површина од 1.102 хектари, на пасиштата отпаѓаат 244 хектари, а на обработливото земјиште 185 хектари.[2]

Сместено е во источното подножје на планината Добра Вода.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Тополница било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948303—    
1953315+4.0%
1961253−19.7%
1971180−28.9%
1981106−41.1%
ГодинаНас.±%
199171−33.0%
199463−11.3%
200236−42.9%
202125−30.6%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Тополница имало 230 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Тополница имало 320 жители.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Тополница се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 40 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[7]

Селото е населено со македонско население, но селото е мало. Тоа, во 1961 година имало 253 жители, а во 1994 година само 63 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Тополница имало 36 жители, од кои 33 Македонци и 3 Срби.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 25 жители, од кои 24 Македонци и 1 Србин.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 230 320 303 315 253 180 106 71 63 36 25
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Во селото Тополница живеат родови на Македонци од православна христијанска вероисповед и тоа:

  • Доселеници: Ролевци (16 к.) и Ангеловци (7 к.) се со исто потекло и слават Св. Мартинија(?!) и се доселени од некое место во Косово; Шашковци (10 к.) се доселиле од Охридско; Чукалевци (9 к.) (слават и Ѓурѓовден) се доселиле од областа Закамен во „Дебарско“ од каде побегнале од турски „зулум“ и најпрвин биле населени на Космата Глава, потоа во Дрење и на крајот во денешното место.[13]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]
Главната селска црква „Св. Атанасиј“

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Манастирец, во која влегувале селата Горни Манастирец, Долни Манастирец, Драгов Дол, Инче, Томино Село и Тополница.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Долни Манастирец, во која покрај селото Тополница се наоѓале селата Горни Манастирец, Горно Крушје, Долни Манастирец, Долно Крушје, Драгов Дол, Слатино и Томино Село.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0242 според Државната изборна комисија, кое е сместено во селската трпезарија.[14]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 26 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 22 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви[17]

Личности

[уреди | уреди извор]

Личности родени во Тополница:

  • Андон Апостолоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Војне Здравески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Војне Димоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Билбил Кузманоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Блаже Ѓорѓиоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Јордан Николоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Јордан Ристески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Мицко Карафилоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Момир Богатиноски (се фрлил од мостот на Треска кога го терале за интернација)[18]
  • Миле Богатиноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Коста Савески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Кочо Ангелоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Спирко Карафилоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Спасе Јованоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Стојко Анѓелоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 298-299. Посетено на 15 ноември 2017.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 36.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 15 ноември 2017.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Српски етнографски зборник (српски). 28. Белград: СКА. стр. 316–317.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
  15. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. 18,00 18,01 18,02 18,03 18,04 18,05 18,06 18,07 18,08 18,09 18,10 18,11 18,12 18,13 18,14 Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.257
  19. 19,0 19,1 19,2 19,3 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]