Македонија во 1997 година
Изглед
Република Македонија во 1997 година | |
---|---|
|
Години : | 1994 1995 1996 1997 1998 1999 2000 |
Векови: | 20 век · 21 век · 22 век |
Децении: | 1980-ти 1990-ти 2000-ти 2010-ти 2000-ти 2010-ти 2020-ти |
Години: | 1994 1995 1996 1997 1998 1999 2000 |
Водачи
[уреди | уреди извор]Настани
[уреди | уреди извор]јануари
[уреди | уреди извор]- 1 јануари - Здружението на издавачите и книжарите на Македонија е примено во Меѓународната асоцијација на издавачите со седиште во Женева.
- 1 јануари - Основан е Македонски Телеком.
- 15 јануари - Започна да работи Телекабел.
- 15 до 18 јануари - РМ е официјално примена во Комитетот за воено планирање и анализа на НАТО.
- 30 јануари – Собранието на Република Македонија го донесува Законот за јазиците на кои се изведува наставата на Педагошкиот факултет во Скопје.
февруари
[уреди | уреди извор]- февруари и март - Се одржуваат големи студентски и средношколски протести на Македонците.
март
[уреди | уреди извор]- 1 март - Изгоре планинарскиот дом на Дервен, Прилепско, еден од најстарите планинарски домови во Р Македонија. (граден 1951 г.).
- 6 март - Најголемата штедилница во Р Македонија - ТАТ, со седиште во Битола, ставена е под принудна управа на Народната банка на Р Македонија. Види: Афера ТАТ
- 17 март - Во Скопје се одржаа консултации РМ-НАТО за Процесот на преглед и планирање ПАРП. Делегацијата на НАТО беше предводена од Франк Боланд, началник на отсекот за планирање на силите на НАТО и одговорен за спроведување на ПАРП во земјите партнери.
- 24 март – Во Скопје започна Главната конференција на првата мултинационална вежба што се одржа во Република Македонија од 11 до 17 мај 1997 година – "Спасител '97".
- 24 март – Генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана допатува во прва официјална посета на Република Македонија.
април
[уреди | уреди извор]- 16 април - во Брисел Република Македонија е примена во процесот на ПАРП.
- 17 април - се одржа третиот по ред Поединечен интензивиран дијалог РМ-НАТО по Студијата за проширувањето на НАТО.
- 19 април - Демократската и Либералната партија се обединија, формирајќи ја Либерално демократската партија.
- 20 април - Активисти на ОМО Илинден не се пуштени од бугарската полиција до гробот на Јане Сандански кај Роженскиот манастир. Собирот е забранет од окружниот прокурор и кметот на град Сандански. Автобус со 30 луѓе е сопрен кај село Лозеница и вратен назад. Двајца Македонци се жалат дека се тепани од полицајци кај село Ново Делчево. Едниот го документира со медицинско сведоштво.
- 29 април - Во Луксембург, Република Македонија и Европската Унија ја потпишаа спогодбата за соработка.
мај
[уреди | уреди извор]- 5 мај – Уапсени се 15 луѓе од ОМО Илинден при обид за чествување 94-годишнината од смртта на Гоце Делчев.
- 12/16 мај – На воениот полигон Пепелиште, кај Неготино, е одржана мултинационалната воена вежба "Спасител '97", прва од ваков вид организирана на територијата на Република Македонија.
- 24 мај - Генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана допатува во прва официјална посета на Република Македонија.
- 24 мај - Во Скопје започна главната Конференција за првата мултинационална воена вежба, што се одржа во Република Македонија.
- 25 мај - Кинотеката на Македонија е примена за рамноправен член на Меѓународната асоцијација на филмските архиви.
- 29 мај - Во Скопје е родена првата четворка во Р Македонија (3 женски и 1 машко бебе). Родителите се од Штип.
јуни
[уреди | уреди извор]- 4 јуни - Филолошкиот факултет во Скопје, го доби името "Блаже Конески", значи - Филолошки факултет "Блаже Конески".
- 9 јуни - Претседателот Киро Глигоров во официјална посета на Кина[1].
- 12 јуни - Република Македонија и Република Џибути воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
- 15 јуни - Претседателот Киро Глигоров официјално во посета на САД, по покана на Бил Клинтон.
јули
[уреди | уреди извор]- 4 јули - Основана е Демократска партија на Албанците.
- 8 јули - Усвоен е Законот за употреба на знамињата, со кој е регулирана употребата на македонското државно знаме, а е забранета употребата на знамиња на други држави во државните и локалните институции.
- 9 јули во Гостивар и Тетово се случиле т.н. Деветтојулски нереди. На општинските згради во Тетово и Гостивар било истакнато албанското знаме. Како резултат на тоа, македонската полиција се судрила со демонстрантите во Тетово, при што тројца Албанци биле убиени, а 312 уапсени.
август
[уреди | уреди извор]- 22 – 31 август – Во Пепелиште се одржа билатералната "Медицинска вежба '97-2".
септември
[уреди | уреди извор]- 3 септември - Кај село Жидилово, кај Крива Паланка, пристигна природниот гас во Р Македонија.
октомври
[уреди | уреди извор]ноември
[уреди | уреди извор]- 2 ноември - Македонија учествува на Првиот балкански самит на Крит.
- 13 ноември - Петнаесет земји, меѓу кои и Р Македонија, ја потпишаа Европската конвенција за националностите.
- 18 ноември - Делегација на Армијата на Р Македонија, при посетата на Турција, го пронајде и го фотографира крушевското црешово топче од периодот на Илинденското востание. Топчето е откриено во Воениот музеј на Армијата на Турција.
декември
[уреди | уреди извор]- 16 декември - Поставена е бомба во основнот суд во Гостивар.
- 30 декември - Во Скопје излезе првиот број од магазинот „Форум“.
Култура
[уреди | уреди извор]Музика
[уреди | уреди извор]- Основана е групата Фолтин
- Основана е групата Лоши Деца
- Основана е групата Нокаут
- Ти си секси, албум од Александар Митевски
- Џипси меџик, албум од Влатко Стефановски
- Проповеди, албум на Симеон Иванов - Канго
- Мелоургија, албум на Анастасија
- Хазард, албум на Водолија
- Нокаут, албум на Нокаут
Филм и телевизија
[уреди | уреди извор]- Премиера на филмот Џипси меџик во режија на Столе Попов.
- Премиера на филмот Преку езерото во режија на Антонио Митриќески.
- Премиера на филмот Калигула.
- Премиера на филмот Светлини и Бои.
- Започна да работи Телевизија Супер Скај.
- Започна да работи Телекабел.
Книги и списанија
[уреди | уреди извор]- Дедо Мраз и феферони од Томе Арсовски
- Марко Крале и Феферона од Томе Арсовски
- Жедна месечина од Симон Дракул
- Приќе од Јован Котески
- Последните селани од Петре М. Андреевски
- Магијата на Скопје од Данило Коцевски
- Совршенство или совршенство од Санде Стојчевски
- Повисоко од животот од Бранко Цветкоски
- Визии. Глагол од Јовица Тасевски - Етернијан
- Записи од Тетово од Костадинка Коца Ѓорѓиевска
- Сребрени соништа од Милан Ѓурчинов
- Изгон на злото од Катица Ќулавкова
- Болното жапче од Ненад Џамбазов
- Монолози од Георги Арсовски
- Пофалба на светлината од Димитар Башевски
- Песни за Бојан и Бојана од Димитар Башевски
- Планини од картонски кутии од Гордана Михаилова Бошнакоска
- Пред идниот изгрев од Кирил Бујуклиев
- Скомраз од Паскал Гилевски
- Нешта над зборовите од Петко Дабески
- Тешка свила од Лилјана Дирјан
Објекти
[уреди | уреди извор]- Осветена е црквата Св. Петка во Стенче.
- Камен темелник на црквата Св. Илија во Аеродром.
Останато
[уреди | уреди извор]Спорт
[уреди | уреди извор]Фудбал
[уреди | уреди извор]- ФК Силекс стана шампион по фудбал во сезоната 1996/1997 година.
- ФК Силекс го освои купот на Македонија.
2 април 1997 |
Македонија | 3 – 2 | Ирска | Градски, Скопје Гледачи: 11,000 Судија: Алфредо Тренталанге (Италија) |
---|---|---|---|---|
Стојковски 28', 44' (пен..) Ѓорѓи Христов 59' |
Report | M`клонгли 8' Кели 78' |
7 јуни 1997 |
Македонија | 1 – 0 | Исланд | Градски, Скопје Гледачи: 10,000 Судија: вадим Зук (Белорусија) |
---|---|---|---|---|
Ѓорѓи Христов 54' | Report |
20 август 1997 |
Романија | 4 – 2 | Македонија | Генчеа, Букурешт Судија: Метин Токат (Турција) |
---|---|---|---|---|
В. Молдован 36', 68' Галка 40' Димитреску 66' |
Report | Џокич 52', 90' |
6 септември 1997 |
Литванија | 2 - 0 | Македонија | Жалгирис, Вилнус Гледачи: 6,000 Судија: Лусилио Батиста (Португалија) |
---|---|---|---|---|
Иванаускас 27' Преиксатис 88' |
Report |
11 октомври 1997 |
Македонија | 1 – 2 | Литванија | Градски, Скопје Гледачи: 4,000 Судија: Мирослав Либа (Чешка) |
---|---|---|---|---|
Шакири 45' | Report | Буиткус 69', 83' |
* Пријателски натпревари
12 03 1997 17:00 |
Македонија | 0 – 1 | Австралија | Градски, Скопје Гледачи: 5,000 Судија: Радулович Славко (Југославија) |
---|---|---|---|---|
Report | Видамар Аурелио 89' |
Кошарка
[уреди | уреди извор]- Годел Работнички стана шампион во Првата македонска кошаркарска лига.
- КК МЗТ Скопје го освои купот на Македонија.
- Формирена навивачката група Family Aerodrom.
Квалификации за Евробаскет 1999
- Русија – Македонија 116–73
- Македонија – Полска 79–72
- Португалија – Македонија 64–87
Родени
[уреди | уреди извор]- Никола Ѓорѓев, швајцарски фудбалер од македонско потекло.
- Дарио Ивановски, македонски атлетичар.
Починати
[уреди | уреди извор]- Никола Вражалски, македонски правник.
- 16 јануари - Олга Милосавлева, македонска балерина.
- 17 јануари - Славко Поп Антовски, македонски агроном.
- 7 февруари - Лазар Манчевски - Пинџур, македонски поет.
- 6 април - Никола Минчев, македонски револуционер, воен стратег и политичар.
- 9 април - Стево Теодосиевски, македонски македонски естраден уметник.
- 19 јуни - Георги Арсовски, македонски поет.
- 5 септември - Мајка Тереза, католичка калуѓерка.
- 14 септември - , македонски писател.
- 11 октомври - Нијази Лиманоски, македонски етнолог.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Македонија е сè што имаме“, Киро Глигоров (2001), стр. 550.
|