Орќуше
Орќуше | |
Поглед на селото Орќуше | |
Координати 41°44′35″N 20°48′6″E / 41.74306° СГШ; 20.80167° ИГД | |
Регион | Полошки |
Општина | Маврово и Ростуше |
Област | Горен Полог |
Население | 13 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1231 |
Повик. бр. | 042 |
Шифра на КО | 07059 |
Надм. вис. | 940 м |
Орќуше на општинската карта Атарот на Орќуше во рамките на општината | |
Орќуше на Ризницата |
Орќуше — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горен Полог, во околината на градот Гостивар.
Селото културно припаѓа на областа Горна Река, каде денес припаѓа и административно (во општината Маврово и Ростуше), иако историски припаѓало на областа Горен Полог.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, недалеку од патот Гостивар-Маврови Анови, а во изворишното сливно подрачје на најголемата македонска река Вардар.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од околу 940 метри. Од градот Гостивар, селото е оддалечено 15 километри.[2]
До селото води локален асфалтен пат, кој продолжува од селата Вруток и Речане каде завршува како регионален пат 29279.
Селото се наоѓа во подножјето на планината Влаиница, сместено во тесната долина на Мелца, која се влива во Вардар. Самата долина пружа слаби услови за живот и затоа Орќуше отсекогаш било мало село. Водата за пиење се добива од потокот Порој, како и од неколку извори и од чешми.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Дедоа Нива, Шулан, Влаиница, Мелца, Грика (Клисура), Рупа, Смрека, Штраке, Велика Бука, Лески, Макрца, Дебарски Пат, Станица, Танки Пат, Дафилоа Чешма, Папрад, Орќушки Камен, Лиси Сад, Купа Нивје, Чука, Суа Река, Срт, Ќафа, Попов Гроб, Крс, Стара Кула, Пат, Бел Камен, Рид и Џаде.[3]
Орќуше е збиено село, поделено на две маала: Горно и Долно Маало (Маала Епр и Маала Поштр).[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Орќуше првично било населено со православни Македонци. Се знае дека некогаш било метох на врбенскиот манастир „Св. Петка“ (Кожа), сместен во Горна Река. Исто така, се тврди и дека во селото постоел пчеларник на некогашниот манастир „Св. Симеон“ од селото Симница.[3]
Православните Македонци во Орќуше живееле до втората половина на XIX век, кога селото покрај 15 муслимански куќи, имало и 16 православни куќи. Подоцна, некои од нив изумреле, а некои се иселиле. Иселувањето се случило поради нападите од доселените Албанци.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото зафаќа простор од 4,7 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 400 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 77 хектари, а на пасиштата 10 хектари.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Орќуше живееле 114 жители, сите Албанци од кои 14 христијани и 100 муслимани.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Албанци.[5]
Орќуше е мало село, во фаза на раселување, населено со албанско население. Така, тоа во 1961 година броело 221 жител, додека во 1994 година само 24 жители.[2]
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Орќуше, бидејќи неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[б 1]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 15 жители, сите Албанци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, од кои 11 Албанци и 2 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 114 | — | 166 | 197 | 221 | 173 | 69 | 0[б 1] | 24 | 15 | 13 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
[уреди | уреди извор]Денес, Орќуше е албанско муслиманско село и сите жители зборуваат на албански јазик.[3]
Според истражувањата од 1946 година, родови во селото:
- Староседелци: (исламизирани и албанизирани Македонци) Марко (2 к.), во овој род порано се зборувало на македонски, бидејќи нивниот предок Марко бил исламизиран. По потекло се од Албанија.
- Доселеници: (муслимански Албанци) Али Љок (8 к.), доселени се од местото Реч во северна Албанија како први албански доселеници во селото; Ариф (1 к.), доселени се од северна Албанија; Мусли (1 к.), исто потекло како и претходниот род; Ценалар (4 к.) и Мусалар (3 к.), доселени се од Љума во северна Албанија; Фејзо (1 к.), Браим (1 к.) и Меметалар (5 к.), доселени се од областа Малесија во северна Албанија.
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Од селото има иселени родови, како православни, така и муслимански родови.[3]
Од православните родови, Јовица Тримов (1 к.) и Трпе Орќушанин (1 к.) се иселиле во селото Леуново, каде изумреле, Трпе поседувал добри ниви и воденици во Орќуше; неговата ќерка живее во соседното Ново Село; Гилеица (1 к.), се иселила во Церово (живеејќи во родот Велјановци), а подоцна се преселила во Панчево; Крајна и Дева, најпрвин живееле во Ново Село. Како последни македонски родови во Орќуше биле Гавриловци (1 к.) и Савевци (1 к.), кои сега живеат во Дуф, односно во Печково. Гавриловци и по заминувањето ги обработувале нивите во селото, и имале своја воденица.
Од родот Али Љок едно семејство се иселило во Лакавица и едно во Турција и од родот Ариф исто така едно семејство живее во Турција.
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Кон крајот на XIX век, Орќуше било село во Гостиварската нахија на Тетовската каза на Отоманското Царство.
Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Маврови Анови, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Ростуша, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на истата општина се наоѓало и во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото се наоѓало во рамките на Општина Вруток, во која покрај Орќуше се наоѓале Вруток, Дуф, Ново Село, Печково, Равен и Речане. Во периодот 1950-1952 година, селото се наоѓало во тогашната општина Речане во која влегувале селата Дуф, Ново Село, Орќуше и Речане.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0496 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[12]
На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 23 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви[3]
Во минатото, додека живееле православното население, над селото се наоѓала црква „Св. Димитриј“, каде биле и селските гробишта.
- Цркви[14]
- Џамија — џамија во селото
- Реки
- Дуфска Река — река низ селото, притока на Вардар
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Сокак низ селото
-
Чешма во селото
-
Дуфска Река низ селото
-
Селската џамија
-
Остатоци од стара џамија
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 224.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 221–223.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 213.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 март 2023.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 9 април 2023.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2023-03-27. Посетено на 9 април 2023.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- Забелешки
- ↑ 1,0 1,1 Во пописот од 1991 година, во населените места: Грачани, Никиштане, Ново Село (Боговиње), Раковец, Селце Кеч, Гургурница, Долно Јаболчиште, Клуковец, Добовјани, Врановци, Јажинце, Орашје, Равен, Спас, Богојци, Поум, Џепин, Долна Ѓоновица, Горна Лешница, Групчин, Добарце, Копачин Дол, Ларце, Мерово, Ново Село (Желино), Палатица, Рогле, Седларево, Стримница, Церово, Чифлик (Желино), Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Колибари, Речани - Зајаско, Вражале, Горно Седларце, Новаќе, Синичане, Мамудовци, Трапчин Дол, Горно Свиларе, Дворце, Рашче, Алашевце, Ваксинце, Виштица, Глажња, Гошинце, Злокуќане, Извор (Липково), Липково, Лојане, Оризари, Отља, Р’нковце, Руница, Слупчане, Стрима, Бибај, Богдево, Грекај, Нивиште, Орќуше, Рибница, Горјане, Градец, Ѓурѓевиште, Ломница, Арангел, Жубрино, Папрадиште, Ќафа, Црвивци, Бојане, Копаница, Паничари, Раовиќ, Чајлане, Патишка Река, Света Петка, Чифлик (Сопиште), Лакавица, Падалиште, Србиново, Страјане, Трново, Франгово, Шум, Алдинци, Горно Количани, Драчевица, Рамни Габер, Црвена Вода, Црн Врв, Нераште, Вејце, Селце, Корито, Блаце, Брест, Танушевци, Ѓермо, Порој, Бозовце, Бродец, Вешала и Шипковица, целото население не прифати да земе учество (го бојкотираше) во Пописот.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|