Сончогледи (Ван Гог)
француски: Tournesols | |
Творец | Винсент ван Гог |
---|---|
Година | 1888 |
Димензии | 92,1 × 73 |
Место | Национална галерија, Лондон, Лондон |
Сончогледи (француски: Tournesols) – тема на две серии слики мртва природа на холандскиот сликар Винсент ван Гог. Првата серија слика, насликана во Париз во 1887 година, претставува сончогледи положени на земја, за разлика од втората серија, настаната во Арл година дена подоцна, која претставува букет сончогледи во вазна. Две слики од парискиот период ги купил Ван Гоговиот пријател, уметникот Пол Гоген. Околу осум месеци подоцна, Сончогледите станале декорација на една од собите на Жолта куќа во АрлЖолтата куќа, собата во која требало да отседне Гоген.
Париски Сончогледи
[уреди | уреди извор]Ван Гог две години живеел со својот брат Тео во Париз, од 1886 до 1888 година. За активностите на Ван Гог од тоа време многу малку се знае, освен дека во тој период ја променил техниката со која ги творел сликите со мртва природа. Ги запознал клучните уметници на импресионизмот, поентилизмот и другите покрети во уметноста и она што од нив го научил го внесувам во своите дела. Расположението во неговите дела значително се менува, експериментира со боите, светлоста и новите техники.
Две слики сончогледи од овој период на Ван Гоговото творештво поседувал Пол Гоген.
-
Сончогледи, масло на платно, 21 x 27 см, Музеј Ван Гог, Амстердам
-
Сончогледи, масло на платно, 43.2 x 61 см, Музеј Метрополитен, Њујорк
-
Сончогледи, масло на платно, 50 x 60,7 см, Музеј на уметноста, Берн
-
Сончогледи, масло на платно, 60 x 100 см, Музеј Крулер-Милер, Отерло
Сончогледи од Арл
[уреди | уреди извор]За време на својот престој во Арл, Ван Гог го повикал Гоген да му се придружи и заедно да основаат ателје. Во писмото до својот брат Тео, Ван Гог напишал: „Сега кога се надевам дека ќе живеам со Гоген во нашето ателје, сакам да направам декорации за ателјето. Ништо освен големо цвеќе.[1]
-
Сончобледи, прва верзија: тиркизна заднина, масло на платно
-
Сончогледи, втора верзија: кралско сина заднина, масло на платно
-
Сончогледи, трета верзија: плавозелена заднина, масло на платно
-
Сончогледи, четврта верзија: жолта заднина, масло на платно
Сончогледите и пријателство
[уреди | уреди извор]Ван Гог творењето на оваа серија ја започнал доцна летото во 1888 година и продолжил во текот на наредната година. Една слика служела како декорација на Гогеновата соба. Сликата прикажува сончогледи во сите фази на животот, од целосен расцут до овенување. Заради употребата на спектар на жолта боја, сликите биле сметани за иновативни. Во писмата кои му ги пишувал за својот брат, Ван Гог ја открива суштината и Гогеновата омаеност од Сончогледите.[2]
Контроверзија за Сончогледите
[уреди | уреди извор]На 31 март 1987 година јапонскиот магнат Јасуо Гото на аукција во Лондону го купил Ван Гоговото дело Мртва природа: Ваза со петнаесет сончогледи за 39.921.750 американски долари, најголемата сума пари издвоена за едно уметничко дело во тој момент.[3] По купувањето на делото, се подигнала прашина околу тоа дали купеното дело е оригинал или фалсификат.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Vincent van Gogh to Theo van Gogh : c. 21 August 1888“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2018-08-26.
- ↑ „Vincent van Gogh to Theo van Gogh : 22 or 23 January 1889“. Архивирано од изворникот на 2008-10-11. Посетено на 2018-08-26.
- ↑ VAN GOGH SETS AUCTION RECORD - $39.9 MILLION - NYTimes.com
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Сончогледи (Ван Гог)“ на Ризницата ? |
|