Црвени Брегови
Црвени Брегови | |
Поглед на селото | |
Координати 41°32′17″N 22°05′08″E / 41.53806° СГШ; 22.08556° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Неготино |
Област | Тиквеш |
Население | 182 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1440 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 18030, 18031 |
Надм. вис. | 130 м |
Црвени Брегови на општинската карта Атарот на Црвени Брегови во рамките на општината | |
Црвени Брегови на Ризницата |
Црвени Брегови — село во Општина Неготино, во областа Тиквеш, во околината на градот Неготино.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во северниот дел на областа Тиквеш, на западната страна на територијата на Општина Неготино, непосредно од десната страна на реката Вардар.[2] Селото е рамнинско, на надморска височина од 130 метри. Од градот Неготино, селото е оддалечено осум километри.[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот има средна големина и зафаќа простор од 16,7 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 736 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 698 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во селото има услужни објекти, а во минатото работела земјоделска задруга.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Селото во 1961 година имало 518 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 156 жители, од кои 87 биле Македонци, 27 Албанци, 14 Турци, 13 Роми и 8 жители Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Црвени Брегови имало 170 жители, од кои 90 Македонци, 27 Албанци, 17 Турци, 34 Роми и 2 Срби.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 182 жители, од кои 60 Македонци, 5 Албанци, 9 Турци, 1 Ром, 85 останати и 22 лица без податоци.[4]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Црвени Брегови:
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 7 |
1953 | 432 | 79 | 14 | 0 | 2 | 3 | 3 | — | 533 |
1961 | 359 | 147 | 0 | 0 | 0 | 12 | 0 | — | 518 |
1971 | 259 | 45 | 4 | 0 | — | 11 | 11 | — | 330 |
1981 | 162 | 29 | 13 | 0 | 0 | 3 | 3 | — | 210 |
1991 | 105 | 25 | 16 | 26 | 0 | 6 | 3 | — | 181 |
1994 | 87 | 27 | 14 | 13 | 0 | 8 | 7 | — | 156 |
2002 | 90 | 27 | 17 | 34 | 0 | 2 | 0 | — | 170 |
2021 | 60 | 5 | 9 | 1 | 0 | 0 | 85 | 22 | 182 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Основно училиште „Страшо Пинџур“ — подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Страшо Пинџур“ - Неготино
- ЖС „Црвени Брегови“ — железничка станица на линијата Скопје-Гевгелија
- Амбуланта
- Месна заедница
-
Основното училиште
-
Месната заедница
-
Железничката станица
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Црвени Брегови било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Селото се наоѓа во Општина Неготино, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на општината Неготино и во периодот 1957-1962 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Пепелиште, во која покрај селото Црвени Брегови, се наоѓале и селата Брусник, Војшанци, Јанешево, Калањево, Криволак, Липа, Пепелиште, Пештерница и Џидимирци.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1237 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[5]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 154 гласачи.[6] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 163 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[8]
- Ѓорева Ливада — населба од неолитското време;
- Керамитчето — средновековна населба;
- Кокнгеди — некропола од доцноантичкото време;
- Лепава — средновековна населба; и
- Фармата — населба од доцноантичкото време.
- Споменици[2]
- Споменик во чест на НОБ
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Бунар во селото
-
Куќи во селото
-
Поглед на селото
-
Сокак во селото
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 312. Посетено на 21 октомври 2021.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 21 октомври 2021.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-10-21. Посетено на 21 октомври 2021.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 236. ISBN 9989-649-28-6.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црвени Брегови на Ризницата ?
|