Војшанци
Војшанци | |
Поглед на југоисточниот дел на Војшанци | |
Координати 41°28′30″N 22°09′50″E / 41.47500° СГШ; 22.16389° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Неготино |
Област | Тиквеш |
Население | 365 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1440 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 18006 |
Надм. вис. | 140 м |
Војшанци на општинската карта Атарот на Војшанци во рамките на општината | |
Војшанци на Ризницата |
Војшанци — село во Општина Неготино, во неготинскиот дел на областа Тиквеш, во околината на градот Неготино.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во југоисточниот дел на територијата на Општина Неготино, непосредно на левата страна на реката Вардар.[2] Селото е рамнинско, на надморска височина од 140 метри, а од градот Неготино е оддалечено 9 километри.[2]
Селото се наоѓа на левиот брег на Вардар, при устието на Војшанска Река, во самата рамница. Водата за пиење потекнувала од бунари и чешми. Во полето се наоѓа Турчинова Чешма, а во долината Извори.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Лак, Лака, Горна Лака, Ајдарина, Огради, Мера, Мрвјаник, Рудине, Мечин Дол, Сиви Кобили, Криво Долче, Караташ, Црвена Чука, Скрка, Пењајка и Пепелишче.[3]
Селото има збиен тип со разредени краеви. Во минатото, Горното Маало се наоѓа на десниот, додека Сојкар и Долно Маало на левиот брег од долината.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Пред населувањето на муслиманите, христијаните имале свој манастир „Св. Илија“, а околу него се наоѓале гробишта.[3]
Во селото живеело христијанско население до почетокот на XX век во Чифлик кај Долно Маало.[3]
На пасиштата над селото зиме доаѓале Власи од Плачковица.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот има средна големина и зафаќа простор од 15 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 664,2 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 639,4 хектари, а на шумите само 82,3 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во селото има продавници и угостителски објекти.[2]
Селаните се занимавале со земјоделство. Најплодното земјиште е во поплавните делови долж селската река.[3]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Војшанци имало 420 жители, Македонци (110 православни и 310 муслимани).[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Војшанци имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]
Војшанци е средно по големина село без некои значителни промени во бројот на населението. Во 1961 година селото броело 427 жители, од кои 379 биле Македонци, 39 Срби и седум жители Турци, додека во 1994 година селото имало 441 жител, од кои 420 биле Македонци, а 20 жители Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Војшанци имало 432 жители, од кои 423 Македонци и 9 Срби.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 365 жители, од кои 344 Македонци, 5 Срби, 1 Бошњак, 2 останати и 13 лица без податоци.[8]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Војшанци:
Година | Македонци | Албанци | Турци | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | 249 |
1953 | 308 | 0 | 14 | 54 | — | 0 | — | 376 |
1961 | 379 | 0 | 7 | 39 | — | 2 | — | 427 |
1971 | 384 | 3 | 0 | 51 | — | 0 | — | 438 |
1981 | 394 | 0 | 0 | 42 | — | 13 | — | 449 |
1991 | 417 | 0 | 0 | 23 | — | 3 | — | 443 |
1994 | 420 | 0 | 0 | 20 | — | 1 | — | 441 |
2002 | 423 | 0 | 0 | 9 | — | 0 | — | 432 |
2021 | 344 | 0 | 0 | 5 | 1 | 2 | 13 | 365 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Родови
[уреди | уреди извор]Војшанци било муслиманско македонско село.[3]
Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се:
- Староседелци: Ралешковци (5 к.), Ѓуровци (8 к.), Пашовци (5 к.), Далчевци (2 к.), Алчевци (4 к.), Аџијовци (3 к.), Чираковци (4 к.), Чакревци (2 к.), Јунчевци (1 к.), Гаговци (2 к.), Далиповци (2 к.), Чаракчијовци-Опинчаровци (1 к.), Беќировци (1 к.), Сејдовци (3 к.), Ибочевци (2 к.), Топалчевци (2 к.), Чибукчијовци (2 к.), Мемишовци (5 к.), Мемијовци (1 к.) и Гутовци (5 к.).
- Доселеници: Шаковци (4 к.), по потекло Јуруци, доселени се од Калањево кога Амет дошол како домазет во изумрениот староседелски род Мамутовци околу 1870 година; Метларовци (2 к.), доселени се од селото Прждево околу 1880 година; Дрмањовци (1 к.), доселени се од селото Корешница кога Абдула дошол како домазет во изумрениот староседелски род Јузбашијовци во 1897 година; Прчевци (1 к.), доселени се од селото Прждево во 1902 година, кога Фазлија дошол како домазет во родот Чакревци; Маџировци (1 к.), доселени се од селото Дублино во 1907 година, а таму дошле од Бугарија во 1878 година; Ајдиногулари (2 к.), доселени се од селото Горни Промет во 1910 година, по потекло Јуруци; Плочаровци (1 к.), доселени се од селото Бистренци во 1912 година, кога Амет дошол како домазет во родот Чибукчијовци; Омерлер (1 к.), побегнале од селото Пиперово во 1913 година, по потекло Јуруци; Топалар (1 к.), побегнале од селото Долни Промет во 1913 година, по потекло Јуруци; Сулејманлар (1 к.), побегнале од Горни Промет во 1913 година, по потекло Јуруци; Чинаровци (2 к.), побегнале од селото Тимјаник во 1913 година; Еминлар (1 к.), побегнале од Горни Промет во 1913 година, по потекло Јуруци; Алчогулари (1 к.), побегнале од селото Долни Промет во 1913 година, по потекло Јуруци; Кулакогулари (4 к.), доселени во 1913 година, две куќи се од Долни Промет, а другите две од Горни Промет, претходно иселени од Долни Промет, по потекло Јуруци; Делиогулари (1 к.), побегнале од Горни Промет во 1913 година, по потекло Јуруци; Беќирогулари (1 к.), побегнале од селото Долни Промет во 1913 година, по потекло Јуруци; Кафеџијовци (1 к.), дошол како оџа од Кавадарци во 1914 година; Кураковци (2 к.), доселени се од Кавадарци во 1914 година; Мифтарогулари (1 к.), доселени се од селото Пепелиште во 1917 година, а претходно од Брусник во 1913 година, а таму од Дуница во 1912 година, по потекло Јуруци; Фетковци (1 к.), доселени се од Прждево во 1917 година и Муратогулари (1 к.), дошле од Једрен во 1921 година, а таму избегале од Дуница во 1912 година, по потекло Јуруци.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Основно училиште „Страшо Пинџур“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Страшо Пинџур“ - Неготино
- Дом на културата
- Амбуланта
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Војшанци било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Селото се наоѓа во Општина Неготино, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на општината Неготино и во периодот 1957-1962 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Пепелиште, во која покрај селото Војшанци, се наоѓале и селата Брусник, Јанешево, Калањево, Криволак, Липа, Пепелиште, Пештерница, Црвени Брегови и Џидимирци. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Бистренци, во која влегувале селата Бистренци, Војшанци, Иберли, Калањево, Корешница, Кошарка, Липа и Челевец.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1232 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место се опфатени и селата Брусник, Калањево и Липа.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 315 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[11]
- Градиште — утврдена населба од хеленистичкото и римското време;
- Маркова Нога — населба од доцноантичкото време; и
- Утрина — населба и некропола од раноантичкото време.
- Цркви[12]
- Црква „Св. Петка“ — главна селска црква.
- Џамии
- Во минатото постоела џамија во Долно Маало.
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Во селото постои фудбалскиот клуб „Напредок“.[13]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Панорама на југоисточниот дел на Војшанци
-
Фудбалското игралиште
-
Панорама на југоисточниот дел на Војшанци
-
Куќи во селото
-
Стар француски силос во селото
-
Фарма во близина на селото
-
Нива во непосредна близина на селото
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 58. Посетено на 14 октомври 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. стр. 489–491.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 155.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 104-105.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 14 октомври 2021.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 225. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Најди клуб“. ФФМ. Архивирано од изворникот на 2021-10-09. Посетено на 16 октомври 2021.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|