Прејди на содржината

Џидимирци (Неготинско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џидимирци
Џидимирци во рамките на Македонија
Џидимирци
Местоположба на Џидимирци во Македонија
Џидимирци на карта

Карта

Општина Неготино
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 18034
Џидимирци на општинската карта

Атарот на Џидимирци во рамките на општината
Џидимирци на Ризницата

Џидимирци — село во Општина Неготино, во околината на градот Неготино.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Историја

[уреди | уреди извор]

Потекло и значење на името

[уреди | уреди извор]

За настанокот на името на неготинското село Џидимирци во книгата „Тиквеш и Раец“ од 1914 од Воислав Радовановиќ, е запишано дека на левата страна на Вардар спроти вливот на Велика (Црна Река), е раселено селиштето Драдња, чиј еден дел од жителите христијани преселувајќи се под Кожуф го основале истоименото село Драдња, а близу до селиштето повторно се населило дел од неговото старо население заедно со Јуруци кои населбата ја нарекуваат Хаџи Демирли, подоцна под влијанието на христијаните преобразено во Џидимирци[2]. Во Македонија постои уште едно село со исто име во Џидимирци во Велешко кое е постаро и според пишаните средновковни извори има македонско словенско јазично потекло, кое под влијание на Турцизираниот изговор го добило денешното име, додека неготинското село Џидимирци има турско јазично потекло кое под влијание на македонскиот јазик и изговор го одбило сегашното име. Сето ова покажува дека иако настанокот и јазичното потекло на имињата се различни, со меѓусебното влијание на двете етнички и јазични групи тие се изедначиле и го добиле истото име кое што го носат и денес.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948186—    
1953404+117.2%
1961174−56.9%
19710−100.0%
198100.00%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Џидимирци живееле 240 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Џидимирци имало 200 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 240 200 186 404 174 0 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Џидимирци било воглавно македонско.

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:

Македонски

  • Староседелци: Ташевци (1 к.) и Андовци (1 к.)
  • Доселеници: Деловци (1 к.) доселени почетокот на 19 век од селото Бојанчиште; Кимовци (1 к.) доселени биле почетокот на 19 век од селото Пепелиште; Лазарковци (2 к.) и Дафковци (1 к.) доселени биле во 19 век, непознато од каде; Димитријовци (1 к.) доселени биле во средината на 19 век од штипското село Пиперово; Кимевци (1 к.) доселени биле во 1860 година од велешкото село Горно Чичево; Јовановци (1 к.) доселени 1876 година од селото Пепелиште; Трајковци (1 к.) доселени во 1880 година од селото Дубљани; Панџовци (1 к.) доселени во 1890 година од велешкото село Градско; Мојсовци (1 к.) доселени во 1890 година од селото Вешје, а таму во 1865 година од селото Горни Дисан; Темелковци (1 к.) доселени се во 1900 година од селото Кукуричани, а таму во 1850 година од селото Градско; Јуруковци (1 к.) доселени во 1900 година од Вардар-Чифлик, а таму во 1850 година од селото Брусник; Темелковци (1 к.) доселени во 1902 година од селото Кукуричани, а таму во 1830 година од велешкото село Подлес; Мајсторовци (3 к.) доселени во 1906 година од Вардар-Чифлик, а таму во 1890 година од селото Пепелиште; Бошковци (1 к.) доселени во 1910 година од селото Куманичево; Горгијовци (1 к.) доселени се во 1915 година од Вардар-Чифлик, а таму од селото Патрик во штипско во 1896 година; Коцовци (1 к.) доселени се во 1915 година од Вардар-Чифлик, а таму во 1913 од селото Липа; Паламидовци (1 к.) доселени се во 1916 година од Неготино, а таму во 1860 година од Долно Чичево; Лазовци (1 к.) доселени во 1919 година од селото Драчевица.[10]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Радовановиќ, Воислав (1924). Јован Цвииќ (уред.). Тиквеш и Раец - антропогеографски испитувања (српски). 29 (Српски етнографски зборник. изд.). Белград: Српска краљевска академија и Графички завод "Макарије"). стр. 458.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 231. ISBN 954430424X.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134-135.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. . Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  11. „ЈОВАН ЛАЗАРЕВ“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2010-04-17.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]