Џорџ Смит (физичар)
Џорџ Смит | |
---|---|
Роден(а) | 10 мај 1930 Вајт Плејнс, Њујорк, САД |
Националност | Американец |
Полиња | Применета физика |
Установи | Белови лаборатории |
Образование | Чикашки универзитет (Д-р 1959) Пенсилваниски универзитет (дип. 1955) |
Познат по | CCD |
Поважни награди | Либманова награда (1974) Драперова награда (2006) Нобелова награда за физика (2009) |
Џорџ Смит (англиски: George Smith 10 мај 1930) — американски научник, применет физичар, икопронаоѓач на CCD-то. Тој бил награден со една четвртина од Нобеловата награда за физика за „за пронаоѓањето на сликовното полупроводничко коло — CCD-сетилникот“.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Смит е роден во Вајт Плејнс, Њујорк. Тој служел воен рок во американската морнарица, и дипломирал на Пенсилванискиот универзитет во 1955 година а својот докторат го стекнал на Чикашкиот универзитет во 1959 година со дисертација од само 8 страници.[2] Тој работел во Беловите лаборатории во Муреј Хил, Њу Џерси од 1959 до неговото пензионирање во 1986 година, каде тој го водел истражувањето во нови ласери и полупроводнички направи. За време на неговиот работен ангажман, Смит бил награден со дузина на патенти и накрај станал раководител на оделот за VLSI направи.[3]
Во 1969 година, Смит и Вилард Бојл го создале CCD-то,[4] за чие откривање биле наградени од Френклиновиот институт со Балентајнов медал во 1973 година, во 1974 година ја добива Либмановата награда, а во 2006 година Драперовата награда, а во 2009 година Нобеловата награда за физика.
Заедно Бојл и Смит биле искусни морепловци кои многупати пловеле заедно. По пензионирањето Смит го препловил светот заедно со својот долгогодишен животен сопатник, Џенет, во период од 17 години, откажувајќи се од своето хоби во 2003 година изјавувјаќи дека тоа го сторил „за да ги поштеди крцкавите коски од понатамошни бури.“[3] Тој моментално живее во Вејртаун, Њу Џерси.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ The Nobel Prize in Physics 2009, Nobel Foundation, 2009-10-06, Посетено на 2009-10-06.
- ↑ THE ANOMALOUS SKIN EFFECT IN BISMUTH, University of Chicago, 1959-12-06, Посетено на 2013-06-18
- ↑ 3,0 3,1 PROFILE: George Smith - Nobel winner and world sailor, EarthTimes, 2009-10-06, Архивирано од изворникот на 2012-09-05, Посетено на 2009-10-06.
- ↑ Smith, George E. (2009). Karl Grandin (уред.). Les Prix Nobel. The Nobel Prizes 2009. Stockholm: The Nobel Foundation. Посетено на 22 May 2012.
- ↑ Staff. "NJ man's discovery lands Nobel Prize" Архивирано на 3 декември 2013 г., WPVI-TV, October 6, 2009. Accessed November 27, 2013. "George E. Smith, 79, holds a display with a photograph of the first video telephone and some early CCD chips at his home in Waretown, N.J., Tuesday, Oct. 6, 2009, after it was announced that he had won the Nobel Prize in physics."
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Џорџ Смит (физичар)“ на Ризницата ? |
- Invention Hall of Fame Biography Архивирано на 26 јуни 2007 г.
- Amateur Radio licensee
- Interview in Czech TV December 2013 (англиски), (чешки)
|