Прејди на содржината

Данкан Холдејн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Данкан Холдејн
Duncan Haldane
Данкан Холдејн (2016)
Роден(а)Фредерик Данкан Мајкл Холдејн
14 септември 1951(1951-09-14)(73 г.)[1]
Лондон, Англија
Полињафизика на кондензираната материја
УстановиПринстонски универзитет
Белови лаборатории
ОбразованиеКембрички универзитет
Познат поХолдејнови псевдопотенцијали во дробниот квантен Холов ефект
Поважни награди„Оливер Е. Бакли“ (1993)
Нобелова награда за физика (2016)
Страница
physics.princeton.edu/~haldane/

Фредерик Данкан Мајкл Холдејн (англиски: Frederick Duncan Michael Haldane; 14 септември 1951) — англиски физичар и професор на Принстонскиот универзитет во САД и заслужен гостувачки професор на Институтот за теориска физика „Периметер“. Во 2016 г. ја добил Нобеловата награда за физика заедно со Дејвид Таулес и Џон Костерлиц.[2]

Образование

[уреди | уреди извор]

Основното образование го стекнал во училиштето „Сент Полс“, а потоа продолжил на Кембричкиот универзитет.[3]

Работа и заслуги

[уреди | уреди извор]

Холдејн е познат по низа важни придонеси за физиката на кондензираната материја, меѓу кои и теоријата за Латинџеровите течности, теоријата за еднодимензионални спинови вериги, теоријата за дробниот квантен Холов ефект, исклучивата статистика, спектри на заплетканост и разни други откритија.

Во поново време работел на геометриски опис на дробниот квантен Холов ефект каде како поим го вовел обликот на „сложениот бозон“, опишан со „едномодуларно“ (определница 1) просторно метричко тензорско поле како фундаментален збирен степен на слобода на состојбите кај дробниот квантен Холов ефект.[4] Овој нов опис „Черн-Сајмонсов модел + квантна геометрија“ претставува замена за парадигмата „Черн-Сајмонсов модел + Гинзбург-Ландауова теорема“ околу 1990 г. За разлика од претходната, оваа парадигма дава опис на збирниот режим на дробниот квантен Холов ефект кој е складен со Гервин-Мекдоналд-Плацмановата еднорежимска апроксимација.[5]

Награди и почести

[уреди | уреди извор]

Холдејн е носител на низа награди и почести како членство во Кралското друштво во Лондон, Американската академија на уметностите и науките во Бостон, Американското физичко друштво, Институтот за физика (Лондон) и Американското здружение за унапредување на науката; добитник на Ваклиевата наградата „Оливер Е. Бакли“ на Американското физичко друштво (1993); истражувачки соработник на задолжбината „Алфред П. Слоун“ (1984–88); Лоренцовски професор (2008), добитник на Дираковиот медал (2012) [6] и Нобеловата награда за физика (2016).

  1. „Array of contemporary American physicists“. American Physical Society. Архивирано од изворникот на 2016-09-17. Посетено на 23 April 2012.
  2. Devlin, Hannah; Sample, Ian (2016-10-04). „British trio win Nobel prize in physics 2016 for work on exotic states of matter – live“. the Guardian. Посетено на 2016-10-04.
  3. ‘HALDANE, Prof. (Frederick) Duncan (Michael)’, Who's Who 2016, A & C Black, an imprint of Bloomsbury Publishing plc, 2016
  4. "Geometrical Description of the Fractional Quantum Hall Effect
  5. "Hall viscosity" and intrinsic metric of incompressible fractional Hall fluids [1]
  6. „F. Duncan M. Haldane“. Princeton University. Архивирано од изворникот на 2017-09-15. Посетено на 2 July 2011.